orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602
Зошто Њујорк е познат и како Големо јаболко?

Зошто Њујорк е познат и како Големо јаболко?

Градот кој не спие на сите ни е познат и под ова необично име, а приказната за тоа како го добил тоа име е постара од што сте мислеле. 

Најстариот документ во кој Њујорк се нарекува Големо јаболко потекнува од 1909 година. Се работи за книгата Патник на Едвард Мартин, во која ова име го користи метафорички. 

Втор документ во кој Њујорк се нарекува Големо јаболко потекнува од спортскиот новинар Џон Фицџералд кој овој прекар го прославил на 3 мај во 1921 година, кога ја почнал својата колумна. Во овој случај Фицџералд алудирал на праксата вообичаена за 20 години од 20 век, маршрутите на коњичките трки во Њујорк добивале има според овошје, а победникот добивал значајна награда, т.е. големо јаболко. 

Според лингвистот др. Џералд Коен, ова не е необично дури и за други видови на трки. – Јаболките имаат големо историско значење. Големите црвени јаболки се сметани за голем специјалитет. Тоа довело до тоа изразот голема јаболка да се користи за работи кои биле ретки – објаснува тој. 

Се смета дека Фицџералд не дошол сам на идејата Њујорк да го нарече по црвеното овошје, туку дека идејата потекнала од еден жител на Њу Орлеанс кој во 1920 година го посетил тој град за да го продаде својот коњ. Три години подоцна тој овој настан го наведува во своја колумна Околу Големото јаболко, иако е можно и самиот настан да е плод на неговата фантазија. 

Ова име постепено се прифаќало и се користело во неспортска смисла, вклучувајќи ја и познатата песна од 1930 година – Големо јаболко. Околу 1960 година, употребата на овој прекар затаила, но тој повторно влегол во секојдневниот јазик во 70-тите години, кога Чарлс Жилет се одлучил прекарот да го користи за туристичка кампања.

Во текот на кампањата, Њујорк бил наречен Големо јаболко, нај атрактивна дестинација за туристите, а фотографиите на големи, црвени, сочни јаболки ги краселе рекламите, што било во спротивност со дотогашниот поглед на Њујорк, голем, сив и нечист град.