Состанок на групата во 2.30 часот на паркингот спроти хотел „Холидеј Ин“, тргнување за Белград во 3.00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со куси попатни паузи за царински формалности.
Пристигнување во Белград во утринските часови. Разгледyвање на градот со стручен локален водич: хотел Москва, Кнез Михајловата улица, Соборната црква, Булеварот на Револуцијата, Калемегдан... Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Можност за вечера во ресторан на Скадарлија. Ноќевање.