Главен и најголем град во Португалија, кој совршено ја отсликува португалската култура,
комбинација од модерна култура која сепак го задржува своето кулутрно наследство и
традиција: Плоштадот Маркиз де Помбала, авенија на Слободата, централниот Плоштад
Росио, срцето на Лисабон, познат уште како и плоштад Педро IV, Плоштадот
Рестауредорес со споменикот, кој е симбол на ослободувањето на Португалија од
шпанската власт, Плоштадот Комерцио, Кулата Белем и Манасторот на Св.Жероним, кои
преставуваат светско културно наследство под заштита на УНЕСКО.
Лисабон е ридски, крајбрежен главен град на Португалија. Од импозантниот замок Сао
Хорхе, погледот ги опфаќа градбите со пастелни бои на стариот град, утоката Тагус и
висечкиот мост Понте 25 де Абрил. Непосредно надвор од градот, низа плажи на
Атлантикот, од Кашкаиш до Есторил…