orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Турција

ИСТАНБУЛ 8 Март

ИСТАНБУЛ претставува природна врата помеѓу Европа и Азија, кој со својата раскошна култура никогаш не престанува да фасцинира. Овој прекрасен град, подигнат на местото каде што буквално се спојуваат истокот и западот, oбликуван е од страна на 4 снажни цивилизации: грчка, римска, византијска и османлиска. Низ својата историја овој град гордо ги носел имињата: Бизантион, Цариград, Константинопол и Истанбул.  Денес Истанбул е велеград кој
брои преку 15 милиони жители кои живеат на 2 континенти. Модерниот плоштад Таксим или квартовите Бејоглу и Османбег ќе направат да се осеќате како во било која друга светска метропола, додека пак шетајки низ плоштадот Султанахмет ќе се вратите стотици години наназад и ќе ја почуствувате моќта која ја имале римјаните и османлиите…Ново и старо, Ориент и Европа, ислам и христијанство – никаде нема да ги најдете вака испреплетени и неразделно поврзани како во магичниот Истанбул.