05Март (петок) СКОПЈЕ - БЕЛГРАД
Состанок на групата во 2.30 часот на паркингот спроти хотел „Холидеј Ин“, тргнување за Белград во 3.00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со куси попатни паузи за царински формалности.
Пристигнување во Белград во утринските часови. Разгледyвање на градот со стручен локален водич: хотел Москва, Кнез Михајловата улица, Соборната црква, Булеварот на Револуцијата, Калемегдан... Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Можност за вечера во ресторан на Скадарлија. Ноќевање.
06Март (сабота) БЕЛГРАД – НОВИ САД
Појадок. После појадокот (факултативно) тргнување за Нови Сад. Разглед на градот со стручен локален водич: Петроварадинската Тврдина, Стариот град, Музејот, црквата Св. Ѓорѓи, куќата на Милева и Алберт Ајнштајн... ручек во традиционален ресторан – Салаш, во центарот на градот. Враќање во хотел во Белград. Слободно време за прошетки и индивидуални активности. Ноќевање.
07Март (недела) БЕЛГРАД - СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Тргнување кон Македонија, со попатна посета на трговскиот центар Ушќе. Слободно време до 15 часот. Патување со куси паузи за одмор и царински формалности. Пристигнвање во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 4.900 денари (79 евра)
Цената на аранжманот вклучува:
Цената на аранжманот не вклучува:
Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
За овој програм важат Општите услови на патување.
Начини на плаќање:
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.
Општи напомени за патување:
Т.А.Орфеј го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!