8 МИ МАРТ ДРАЧ СО ПОСЕТА НА ТИРАНА
06 Март (Сабота) СКОПЈЕ - ДРАЧ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 04:00 часот. Тргнување за Драч во 02:00 часот. Се патува преку Косово со попатни паузи. Пристигнување во Драч и сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности: прошетка, шопинг… Ноќевање.
07 Март (Недела) Драч – Голем
Појадок. Слободно време за разглед на Драч. Организирана вечера (факултативно) во ресторан. Ноќевање.
08 Март (Понеделник) ДРАЧ – ТИРАНА - СКОПЈЕ
Појадок. Поаѓање за Тирана и пристигнување во предпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадот Скендер – бег, булеварот на националните херои, старата џамија Аџи Елтем – Бег, парламентот…. Слободно време за прошетка. Поаѓање за Скопје со попатна пауза во еден од најголемите шопинг центри во Тирана – TEG Shopping Mall, кој има преку 200 продавници и повеќе од 70 познати брендови. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
За уплата до 20 Февруари: (69 евра)
Цена на аранжманот: (89 евра)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Превоз со модерен туристички автобус
Сместување во хотел 4* во Драч на база 2 ноќевања со појадок
Посета на Тирана и TEG Shopping Mall,
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Организирана вечера - 15 евра
Задолжително патничко – здравствено осигурување
Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници.
За овој програм важат Опшите Услови на патување .
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 денари.
Т.А.Орфеј го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл. Во Албанија се патува со пасош или лична карта.