БУДВА – 8 ми Март
05.03. Петок Скопје - Будва
Состанок на групата. Поаѓање за Црна Гора во 23.00 часот. Ноќно возење преку граничниот премин Блаце, Приштина, Тирана, Подгорица со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.
06.03. Сабота Будва
Во утринските часови попатна посета на Свети Стефан, остров во близина на Будва, еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран уште познат како „град-хотел“. Пристигнување во Будва и сместување во хотел. Можност за прошетка низ Стариот дел – каде се наоѓаат најважните културно-историски споменици, градските зидини, цитаделата, музејот, галеријата, црквата Св.Иван, марината, црквата Св.Јован Крстител, црквата Св.Сава. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
07.03. Недела Будва - Порто Монтенегро, Тиват и Котор
Појадок. Можност за факултативна посета на Порто Монтенегро– една од најлуксузните марини на Јадранското море. По разгледот на овој луксузен комплекс следува можност за индивидуални активности во Тиват, разглед на католичката црква Св.Антун Падовански (заштитник на градот Тиват), плоштадот „Култура“, црквата Св.Сава. Прошетката продолжува низ Котор каде може да се посетат: поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. Враќање во хотел. Вечерта, можност за факултативна вечера во ресторан. Ноќевање.
08.03. Понеделник Будва - Острог - Скопје
Појадок. Напуштање на хотелот. Можност за посета на манастирот Острог, еден од најпосетуваните светилишта во Црна Гора и на Балканот кој бил основан во 17 век од Митрополит Василије. Разглед на манастирот. Во договореното време поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот: 79 евра (4.900 мкд )
Цената на аранжманот е по ЛИЦЕ и вклучува:
Цената на аранжманот не вклучува:
Напомена: