Врњачка Бања – 8 Март
Врњачка бања позната по своите лековити извори со причина е кралица на бањскиот туризам. Со својата содржина и богата понуда претставува атрактивен туристички центар и за оние кои сакаат забава и нови авантури. Повеќе причини ја прават Врњачка бања идеална дестинација за одмор, независно дали би патувале сами, во пар или со деца. Во Врњачка бања има седум познати извори: Снежник, Слатина ,Топла Вода, Езеро,Борјак, Бели извори и Врњачко врело, од кои 4 се за лековита терапија (Снежник,Слатина,ТоплаВода и Езеро). Врњачките лековити води се користет за лекување на: шеќерни болести, хронично воспаление на црева и желудник, чир во желудник и дванаеспалачно црево…
Програма : 05.03.2021 (петок) Скопје – Врњачка бања
Поаѓање на групата од Скопје во 02.30 часот на паркингот спроти Холидеј Ин. Патување кон Србија преку граничниот премин Табановце со пауза за одмор и царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања во претпладневните часови и организиран разглед на градот. Сместување во хотел. Слободно време за одмор, индивидуални активности. Ноќевање.
06.03.2021 (сабота) Врњачка бања – манастир Жича
Појадок. Организирана посета и разглед на манастирот Жича, средновековен манастир од првата половина на 13-от век. Главната манастирска црква е завршена во 1217 година, а во манастирот е крунисан првиот српски крал Стефан Првовенчани. Во 1979 година манастирот Жича е под заштита на државата како Споменик на културата од исклучително значење. Во пладневните часови враќање во Врњачка Бања, слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.
07.03.2021 (недела) Врњачка бања – манастир Љубостиња – Скопје
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон манастирот Љубостиња, средновековен женски манастир кој припаѓа на епархијата на Крушевската Српска Православна Црква. Манастирот е граден во периодот од 1388 до 1405 година по барање на жената на кнезот Лазар, кнегињата Милица. Турците го запалиле и опљачкале целиот манастир, а меѓу најзначајните реликвии е одземена круната на српскиот кнез Лазар која денес се чува во Истанбул. Денес манастирот Љубостиња е под заштита на државата како Споменик на културата од исклучително значење. Попладне заминуваме кон шопинг центарот Shopping Park. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови враќање и пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 119 евра (7.380 денари)
Во цената на аранжманот е вклучено:
Превоз со туристички автобус на наведената релација
Две ноќевања со појадок во хотел 3/4*во Врњачка Бања
Посета на манастирите Жича и Љубостиња
Локален туристички водич за сите разгледи
Организација на патувањето и туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Доплата за еднокреветна соба – 25 евра (за двете вечери)
– Туристичка такс 1.15 евра по лице на ден (се плаќа на рецепција)
– Патничко осигурување
Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници
За патување во Република Србија не е потребен PCR тест за Covid-19
За овој програм важат Општите услови на патување.
Начини на плаќање:
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.
Општи напомени за патување:
Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!