КАПАДОКИЈА- ЛЕТ ОД СКОПЈЕ 2021
ТЕРМИНИ: Март: 05.03 – 08.03/ 12.03 – 15.03 / 26.03 – 29.03
Април: 09.04 – 12.04 / 16.04 – 19.04 / 23.04 – 26.04
3 НП / 4 дена
*Дополнително, можност за избор на термин по ваша желба во консултација со наш агент*
Состанок на меѓународниот аеродром во Скопје 3 часа пред летот, по што следува чекирање и задолжителни пасошки и царниски формалности. Се полетува во 10:20 часот, со компанијата PEGASUS AIRLINES. Слетување во Истанбул и преместување на домашниот терминал од каде што летот продолжува за Кајсери, со 2 ипол часа разлика помеѓу летовите. Пристигнување во Кајсери во 17:50часот. Трансфер до хотелот во местото Ѓореме во самото срце на Кападокија. Следува сместување во хотел.Ноќевање.
Појадок. По појадокот следува целодневен факултативен излет “мистична Кападокија” (северна т.е црвена тура). За време на оваа преубава тура ќе имате прилика да се запознаете со најубавите и најпознати предјадења на Кападокија. Излетот го започнуваме веднаш по појадокот, а нашата прва станица е величенствениот видиковец кој е сместен над градот Ѓореме, каде што од страна на локалниот водич ќе ги добиеме сите информации и занимливости за богатата историја на Кападокија и единствените камени формации, чиј географски облик е формиран пред околу 10.000 години.
По панорамскиот разглед се посетува замокот “Uchisar” и највисоката точка на Кападокија – музејот на отворено Ѓореме (кој е под заштита на УНЕСКО) во кој се сместени некои од најдобрите примероци од куќи и цркви во карпи.
Можност и за посета на традиционалната фабрика за грнчарство или некоја од продавниците за ќилими. Патот понатаму не води кон напуштеното село Чавушин и местото Аванос, по што правиме пауза за ручек каде што ќе ја дегустираме автентичната турска кујна.
На оваа тура ќе имате прилика да направите фасцинантни фотогравии во долината Пасабаг, како и во Монковата долина препознатлива по специфичните оџаци на куќите кои се во облик на печурка, како и во долината Деврент позната по своите карпи во облик на животни. Враќање назад кон хотелот во попладневните часови. Слободно време. Ноќевање.
Појадок. По појадокот следува факултативен излет во претпладневните часови кој го започнуваме со посета на подземниот град Деринкују, кој е еден од најголемите подземни градови во светот. Во него некогаш живееле околу 50.000 жители на 8 различни нивоа и претставува најголем пронајден подземен град во Турција. Денес за туристички цели се отворени 4 нивоа, а шетајки низ тунелите ќе откриеме фасцинантни ванарии, кујни и соби за дневен престој кои датираат уште од 7 век п.н.е. Потоа одиме во долината Ихлара и проаѓаме низ долгиот кањон на реката Мелендиз, која претставува необична збирка на изрезбани карпи во кои се наоѓаат стотина куќички, испресечени со голем број рекички.
Ќе направиме пазуа во селото Белисирма, каде што ќе имаме слободно време за ручек. Излетот го продолжуваме до манастирот Селме, најголем камен манастир во Кападокија со огромна пештерска катедрала и преубав поглед на околината.
По враќањето во Учисар застануваме на преубавиот видиковец кој гледа кон голубовата долина, каде што ќе дознаеме зошто галебите отсекогаш имале посебно место во срцата на жителите на Кападокија. Во попладневните часови следува враќање кон хотелот. Слободно време за одмор и уживање. Ноќевање.
Појадок. Следува напуштање на хотелот и трансфер до аеродромот во Кајсери. Чекирање на летот за Истанбул. Летот од Кајсери до Истанбул е закажан за во 07:30ч. Слетување во Истанбул и чекирање на летот од Истанбул за Скопје. Слетувањето во Скопје е предвидено за во 09:20ч по локално македонско време.
Редовна ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ: 299€
ПРОМОТИВНА ЦЕНА – 269€
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
МОЖНА Е ЗАМЕНА ВО ПРОГРАМАТА , ДВЕТЕ ЕКСКУРЗИИ ЦРВЕНАТА И ЗЕЛЕНАТА ДА СЕ СТАВАТ ВО ЕДЕН ДЕН И ДОКОЛКУ ВРЕМЕНСКИТЕ ПРИЛИКИ ДОЗВОЛУВААТ ЛЕТАЊЕ СО БАЛОН МОЖЕ ДА СЕ ОРГАНИЗИРА.
КАПАДОКИЈА ОД ВОЗДУХ (МАГИЧЕН ЛЕТ СО БАЛОН) – ТРАДИЦИОНАЛНА ТУРСКА ВЕЧЕР ( Факултативно)
Појадок. Во раните утрински часови нудиме доживување кое се памти! Можност за факултативно летање со балон над прекрасната Кападокија (поаѓање од хотел во 04:30ч). Покрај магичните впечатоци кои ќе ви останат во трајно сеќавање, Кападокија се издвојува и по шарените балони кои што претставуваат и прва асоцијација на овој магичен град и патувањето со нив е најомилената активност на посетителите. Факултативниот излет го започнуваме во раните утрински часови пред изгрејсонце, а самиот лет трае околу 1 час. Балоните немаат однапред испланирана рута туку летаат буквално каде што ги носи ветрот. Се искачуваме на 300м надморска висина, а под нас се наоѓа цела област прекриена со фантастични релјефни формации, кои се формирани од бел вулкански пепел, а нив локалното население ги нарекува “Вилински оџаци”. Преку стотина балони се истовремено во воздухот, додека ние уживаме фасцинантната глетка на изгрејсонцето. Чудесниот лет завршува со слетување во непосредна близина од местот од кое што сме полетале, каде што не чекаат комбиња кои не враќаат назад во градот. Враќање назад кон хотелот. Слободно време за одмор. Во вечерните часови, следува факултативен излет – класична турска вечер со играње и музика како и традиционална храна и пиење. Уживајте во вечерниот програм и опуштете се со убавините на овој забавен програм кој трае до доцните вечерни часови. Во цената е вклучена неограничена конзумација на алкохолни пијалоци + вечера. Враќање назад во хотел. Ноќевање.
Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “ земја на убави коњи”. Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед. .. a самиот поглед на овие необични структури остава мистичен и магичен впечаток… Во Кападокија живееле древни цивилизации – Хеленската, Римската, Христијанската и Исламската… Доживеј те ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината… и бидете подготвени да видите “ Чуда невидени “
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.