orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Далечни патувања

Мексико - Playa del Carmen

 

ТЕРМИНИ НА ПАТУВАЊЕ:

03. мај 2021. - 14. мај 2021.          //   28. јуни 2021. - 09. јули 2021.

09. јули 2021. - 20. јули 2021.      //    18. јули 2021. - 30. јули 2021.

26. јули 2021. - 6. август 2021.    //     02. август 2021. - 13. август 2021.

09. август 2021. - 20. август 2021 //   16. август 2021. - 27. август 2021.

22. октомври 2021. - 2. ноември 2021.

Одиме во земјата на сомбрерата, брзиот гонзалес, текилите, тортиљите и омилениот чили сос. Одиме на величенствените Кариби во магичното Мексико! Сместени сме во Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)Бескрајна песочна плажа, тиркизно сино море какво никогаш не сте виделе, убаво средени улици, продавници за сувенири, мексикански кантини и ресторани, маријачи, барови... Ја посетуваме Чичен Ица (Chichen Itza) едно од новите светски чуда, ги истражуваме божествата на Маите, обичаите и се восхитуваме на нивните достигнувања. Го учиме мајанскиот календар, ја пробуваме нивната храна и зачини...

Го посетуваме малиот рај Исла Мухерес (Isla Muјeres) каде се капеме со делфини и Исла Холбош (Isla Holbox)сеуште неоткриениот карипски бисер кој ќе ве маѓепса со својата убавина и најубавото тиркизно море. Одиме во Тулум (Tulum) каде палмите ги допираат облаците, додека го слушаме шумот на морските бранови, а белиот песок ни ги милува стапалата и во автентична мексиканска атмосфера зачинета со малку бохо стил се чувстуваме како во рајот. Во Коба (Coba) ќе ни застане здивот кога од височина ќе ја видиме густата тропска џунгла која се простира до недоглед и фасцинтните сеноти, најпознатите природни подземни базени каде Маите им принесувале дарови на нивните богови, а сега важат за прекрасни, извајани од природата атракции. Истражуваме најрустичните колонијални градчиња чија посета не е целосна без малку текила и одлична храна.

Хедонистичка авантура што се памети цел живот! Добредојдовте во Мексико!

ПРОГРАМА :

Ден 1: Состанок на групата и поаѓање

Состанок на групата на Mеѓународниот аеродом во Скопје два часа пред лет. Лет од Скопје за Истанбул во 08:55h (TK1004). Пристигнување во Истанбул во 11:30h по локално време. Конекција на лет за Канкун (Cancun) во 21:20h (TK181)

  • Авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж
  • Авио билет со сите такси на релација Истанбул - Канкун (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж

Ден 2: Пристигнување во Канкун и трансфер до Плаја дел Кармен

Пристигнување во Канкун. ¡Hola Mexico! Трансфер до Плаја дел Кармен (Playa del Carmen), преубаво место на брегот на Карипското Море во државата Кинтана Ро (Quintana Roo). Бескрајна песочна плажа, тиркизно сино море какво никогаш не сте виделе, убаво средени улици, продавници за сувенири, мексикански кантини и ресторани, маријачи, барови... Сместување во хотел со 4****. Вечерта, по желба, одиме на традиционална мексиканска вечера, а потоа во бар на неколку пијачки (текила, пиво или коктели, одлучете сами). Нокевање.

Ден 3: Факултативен излет - Чичен Ица (Chichen Itza)

Континентален појадок. Факултативен излет во Чичен Ица (Chichen Itza), градот на Маите и едно од новите светски чуда. Ова сигурно ќе биде едно од најимпресивните места кои ќе ги видите во животот, а приказната за Маите, нивната култура и начин на живот ќе ве допрат и ќе ве натераат на длабоко размислување. Ќе имаме прилика и да се искапеме во сенотите – природни езера кои се наоѓаат во пештери. На враќање од излетот правиме кратка пауза за да го видиме градот Ваљадолид (Valladolid). Враќање во Плаја дел Кармен. Слободно време. Нокевање.

 

Ден 4: Факултативен излет - Тулум (Tulum) и Коба (Сoba)

Континентален појадок. Факултативен излет во Тулум (Tulum), градот на Маите на брегот на Карибите. Игуани во разни бои и со различна големина слободно ќе се шетаат покрај вас, а после разгледувањето на археолошкиот локалитет Коба (Сoba), одиме на една од најубавите плажи на Карипското Море и сигурно една од најубавите плажи на светот. Го имаме цело попладне за уживање во овој рај. Вечерта се враќаме во Плаја дел Кармен. Нокевање.

 

Ден 5: Факултативен излет - Три сеноти

Континентален појадок. Слободен ден во Плаја дел Кармен. По желба, може да се организира факултативен излет и капење во трите најпознати сеноти на Јукатан. Некогаш во овие сеноти Маите им принесувале дарови на нивните богови, а сега сенотите важат за прекрасни, извајани од природата, атракции. Овие природни јами настанати со пропаѓање на варовникот се најпопуларните природни базени на светот. Враќање во Плаја дел Кармен. Нокевање.

 

Ден 6: Факултативен излет - Исла Мухерес (Isla Mujeres)

Континентален појадок. Факултативен излет и одлична прилика да го посетиме познатиот остров на жените односно Исла Мухерес (Isla Mujeres). Уживање во магијата на островот кој е посветен на мајанската божица на раѓањето Ишел. Овој остров е оддалечен само тринаесет километри од Јукатанскиот Полуостров и е лесно пристапен за љубителите на одлично капење во водите на тиркизните Кариби. Целиот остров може да се разгледа со голф количка со оглед на тоа што голф количките се единственото превозно средство на овој мирен остров. За љубителите на адреналински авантури постои и можност за нуркање со ајкули! Враќање во Плаја дел Кармен. Нокевање.

 

Ден 7: Факултативен излет - Исла Холбош (Isla Holbox)

Континентален појадок. Факултативен излет и запознавање на Карипските острови! Одиме на островот Исла Холобош (Isla Holbox) за кој без двоумење можеме да кажеме дека е рајот на земјата. Сеуште неистражениот остров е познат по kite boarding, убавите плажи и чудесниот биодиверзитет. Пред самиот остров се наоѓаат лагуните кои се дом на фламинга и пеликани. Враќање во Плаја дел Кармен. Нокевање.

 

Ден 8: Факултативен излет – Мерида

Континентален појадок. Мерида е престолнина и најголемиот град на Јукатан и на ова патување ќе имаме време за факултативен излет до него. Овој град поради велелепната архитектура го нарекуваат „La Ciudad Blanca” односно „Бел град“. Прошетка по познатата авенија Пантехо (Panteho), која името го добила по шпанскиот конкистадор кој го основол овој град. Низ целиот град се гледа сјај и микс на различни стилови почнувајќи од шпански, преку француски, до италијански. Враќање во Плаја дел Кармен. Нокевање.

 

Ден 9: Факултативен излет - Las Coloradas и Rio Lagartos

Континентален појадок. Слободен ден или прилика за посета на неоткриените делчиња на Јуката. Факултативниот излет Las Coloradas и Rio Lagartos е посебно доживување во Мексико! Розевите лагуни каде живеат фламингоси, возење со чамци низ мангровите шуми, крокодили, лековита кал која ја користат Мексиканците како и туристиите, а потоа следи вистинската мексиканска приказна – градот Тизимин. Враќање во сместувањето. Нокевање.

 

Ден 10: Слободен ден за уживање во Карипскиот рај

Континентален појадок. Слободен ден во Плаја дел Кармен и прилика да ги впиеме последните сончеви зраци на Мексиканското сонце. Нокевање.

 

Ден 11: Напуштање на сместувањето и враќање

Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром. Лет од Канкун до Истанбул во 08:40 часот (TK182). 

 

Ден 12: Пристигнување и крај на патувањето

Пристигнување во Истанбул во 04:40 часот по локално време. Преседнување на лет за Скопје во 07:35 часот (TK1003). Пристигнување во Скопје во 08:05 часот. Крај на патувањето.

Сместување Хотел 3* во Плаја дел Кармен Што е вклучено Комплетна организација и услуги од претставникот на агенцијата на дестинацијата Сместување во двокреветни соби на база 8 ноќевања со појадок (континентален појадок) во Хотел 3* (локална категоризација) во Playa del Carmen. Сите трансфери од аеродром до сместување, од сместување до аеродром и меѓу градовите по планот и програмата на патување Повратен авионски билет со сите такси на релација Скопје - Канкун - Скопје, во економска класа.

                                                               Регуларна цена 1.250,00  ЕУР

 

Last minute Last minute цената важи до 15.04.2021.           1.175,00 EUR

 

Сместување Хотел 4* во Плаја дел Кармен Што е вклучено Комплетна организација и услуги од претставникот на агенцијата на дестинацијата Сместување во двокреветни соби на база 8 ноќевања со појадок (континентален појадок) во Хотел 4* (локална категоризација) во Playa del Carmen. Сите трансфери од аеродром до сместување, од сместување до аеродром и меѓу градовите по планот и програмата на патување Повратен авионски билет со сите такси на релација Скопје - Канкун - Скопје, во економска класа.

                                                             Регуларна цена 1.450,00  ЕУР

 

Last minute Last minute цената важи до 15.04.2021.           1.350,00 EUR

 

 

Сместување Хотел 5* Што е вклучено Комплетна организација и услуги од претставникот на агенцијата на дестинацијата Сите трансфери од аеродром до сместување, од сместување до аеродром и меѓу градовите по планот и програмата на патување Повратен авионски билет со сите такси на релација Скопје - Канкун - Скопје, во економска класа. Сместување во двокреветни соби на база 8 ноќевања со појадок (континентален појадок) во хотелот во Playa del Carmen.

                                                                     Регуларна цена 1.590,00 ЕУР

 

 Last minute Last minute цената важи до 15.04.2021.                1.450,00 ЕУР

 

 

Не е вклучено :

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  •  Виза за Мексико
  •  Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 150€, по добивање на виза се уплаќаат уште 700€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 6 недели пред поаѓање.
  • Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
  •  Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места.
  •  При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не сноси одговорност.
  • Пријавата е валидна единствено со уплаќање на аванс.

 

  •  Факултативни излети Чичен Ица (Chichen Itza) Цена: 80,00 ЕУР

Ја посетуваме една од најпознатите Мајански пирамиди која е прогласена за едно од Седумте Светски Чуда! На овој излет ќе научиме нешто за културата на Маите, ќе го разгледаме целиот комплекс, кој освен пирамдата вклучува и терен за „мајански фудбал“, опсерваторија и други храмови. Исто така, ќе имате прилика да се избањате и во една од најубавите сеноти на полуостровот Јукатан, Ik Kil. Во цената на излетот е вклучено: превоз, влезници за археолошкиот комплекс и сенотите, локален водич и ручек.

  • Тулум (Tulum) и Коба (Coba) Цена: 60,00 ЕУР

Тулум е еден од последните изградени мајански градови пред доаѓањето на Шпанците. Исто така ова е најпознатиот град кој се наоѓа на самиот брег. Град кој останал релативно зачуван и сеуште тука може да се видат кули за набљудување, храмови посветени на богот Чак и резервоари со вода која ја користеле Маите. Коба е помалку позната туристичка дестинација, но е исклучително интересно место и претставува скриен бисер на на Јукатан. Од некогашниот град кој по некои пресметки во врвот на развојот имал веројатно помеѓу 50 и 100 илјади жители, денес се откриени само 5%. Во овој град ќе имате прилика да се искачите на пирамидата висока 42m (во останатите археолошки наоѓалишта забрането е качување по пирамидите) и да уживате во погледот на непрегледната џунгла. Исто така, на овој излет ќе имате прилика да се бањате на една од најубавите плажи на Карибите – плажата Тулум! Во цената на излетот е вклучено: превоз, влезници за археолошките наоѓалишта, локален водич и ручек.

 

  • Три сеноти Цена: 50,00 ЕУР

Во оваа авантура ќе посетиме три магични сеноти: големата сенота, отворената сенота и древната сенота. Ќе уживаме во длабокото синило и освежителната вода. Потоа одиме на една од најубавите плажи на Карибите. Некогаш во овие сеноти Маите им принесувале дарови на нивните богови, а сега сенотите важат за прекрасни, извајани од природата атракции. Овие природни јами настанати со пропаѓање на варовникот се најпопуларните природни базени на светот. Во цената на излетот е вклучено: превоз, посета на сенотите, локален водич и ручек.

 

  • Исла Мухерес (Isla Muјeres) Цена: 85,00  ЕУР .

Пловиме со катамаран по Карибите и уживаме во сонцето, нуркањето и отворениот бар на нашиот брод. По пристигнувањето на островот прво имаме buffet ручек. Можеме да ја посетиме и Плаја Норте (Playa Norte) која е најпознатото место на островот. Ќе имаме време да си избереме сувенири на локалното пристаниште и да ја посетиме единствената населба на овој остров. Уживање и најубаво капење на островот кој е посветен на мајанската божица Ишел. Овој остров е оддалечен од Јукатанскиот полуостров само тринаесет километри и е лесно пристапен за љубителите на одлично капење во водите на тиркизните Кариби. Во цената на излетот е вклучено: превоз до пристаништето, ужина по пристигнување на пристаништето, возење со катамаран, посета на Исла Мухерес и нуркање.

 

  • Исла Холбош (Isla Holbox) Цена: 70,00  ЕУР

Мал рај на земјата и тоа на сред Карибите! Ќе се нурнеме во светата сенотаYalahau од каде можете да уживате во мирниот тропски поглед. Ќе се заљубите во мистичниот Islа la Pasion познат по својот чудесен биодиверзитет. На островот Холбош ве чекаат 36 km чисти плажи со најубавиот бел песок. Овој остров е сеуште неоткриен туристички бисер кој заедно ќе го истражиме! Во цената на излетот е вклучено: превоз, водич, појадок и ручек.

 

  • Мерида Цена: 60,00  ЕУР

Овој град поради прекрасната архитектура го нарекуваат“La Ciudad Blanca” односно “Белиот Град“. Го посетуваме Plaza Monteho, најстариот и најрустичен плоштад во Јукатан. На плоштадот обично се наоѓаат бројни ракотворби на старите Маи и храна типична за овој регион. Ги посетуваме најпознатите места на овој град: фабриката за henequen, материјал од агава, и Misnebalama, место кое е познато по натприродните митови и легенди. Во цената на излетот се вклучени: превоз, водич, пијалок за време на транспортот и ручек.

 

  • Rio Lagartos и Las Coloradas :  70,00 ЕУР

Истражете го прекрасниот пејзаж на Јутакан. Ве очекува спектакуларна розева лагуна со своите фламингоси, возење со чамци низ мангрова шума и големи површини прекриени со сол. Вистинско уживање претставува и посетата на Тизимин, градот каде може да го видите вистинското мексиканско секојдневие, далеку од туристичките центри на полуостровот. Во цената на излетот е вклучено: превоз, водич и оброк.

 

 

ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ

 

  • Хотел 5* во Плаја дел Кармен ***** Ова е пример сместување кое може да го очекувате. Договореното сместување може да биде поинакво, но слично во она што го пружа. Хотел **** по локална категоризација кој се наоѓа во срцето на Playa del Carmen, на неколку чекори на најпознатата 5та Авенија која изобилува со ресторани, продавници и богат ноќен живот и на неколку чекори од плажата и најпознатите beach барови. Хотелот располага со надворешен базен, hot tub и бар покрај базенот со лежалки каде гостите може да се релаксираат, да уживаат во коктели и превкусни јадења. Хотелот располага со двокреветни соби со сопствен тоалет, Wi-Fi, TV и сеф. Услугата е на база на ноќевање со појадок
  • Хотел 4* во Плаја дел Кармен **** Ова е пример сместување кое може да го очекувате. Договореното сместување може да биде поинакво, но слично во она што го пружа. Хотел со 4* по локална категоризација, е сместувачки објект кој се наоѓа во Плаја дел Кармен. Хотелот располага со двокреветни соби со сопствен тоалет, TV и сеф. Услугата е на база на ноќевање со појадок.
  • Хотел 3* во Плаја дел Кармен*** Ова е пример сместување кое може да го очекувате. Договореното сместување може да биде поинакво, но слично во она што го пружа. Хотел *** (по локална категоризација) во Плаја дел Кармен е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби. Услугата е на база ноќевање. Името на хотелот ќе биде потврдено по формирање на групата, најдоцна 2 седмици пред поаѓање. Превоз Авион Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар. Локален трансфер Помало превозно средство за најчесто до 15 патници. Во зависност од земјата може да биде со помал или поголем комфор.

 

  • Канкун (Cancun) Канкун е град во Мексико во сојузната држава Кинтана Ро. Се наоѓа на полуостровот Јукатан, на брегот на Карипско море. Претставува најпознато летувалиште на оваа држава.

 

  • Плаја дел Кармен (Playa del Carmen) Плаја дел Кармен (Playa del Carmen) е едно од најпознатите и најубавите летувалишта во Мексико. Се наоѓа на познатата ривиера Маја, а од аеродромот во Канкун е оддалечена на само 45мин возење. Преубавите плажи, топлото море, богатата понуда на хотели и ресторани како и интересните излети во околината се главната причина зошто Плаја дел Кармен е главна база на многу патници.

 

Корисни информации Мексико

1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ Мексико, или службено Соединети Мексикански Држави, се наоѓа во Северна Америка, зазема површина од близу 2 милиони km и се граничи на север со Соединетите Американски Држави, а на југоисток со Гватемала и Белизе. Мексико исто така со својот брег излегува на Тихи океан на запад и Мексикански залив и Карипско море на исток. Вкупниот број на жители е близу 130 милиони додека во Мексико Сити, главниот и најголем град, живеат околу 22 милиони жители. Во периодот пред Колумбо во Мексико постоеле многу индијански култури кои ја основале напредната цивилизација како што се Олмеци, Толтеци, Запотеци, Маи и Ацтеки. Шпанија во 1521 година ја покорила оваа територија и ја организирала во Нова Шпанија. Мексико стекнало независност од Шпанија во 1821 година. Периодот после прогласување на независност го обележиле бројни нестабилности, Американско - мексиканска војна и територијална отстапка на САД, граѓанска војна, две царства и диктатура. Диктатурата во 1910 година довела до мексикански револуции, што пак довело до донесување на Устав од 1917 година и го воспоставил денешниот политички систем. Денес Мексико е демократска, федерална република која се состои од 32 држави, поточно од 31 држава и еден федерален округ. Службен јазик во Мексико е шпанскиот но се употребуваат и уште 62 индијански јазици, додека официјална религија е католичката.

 2. ВИЗИ За државјаните на Р. С. Македонија е потребна виза за влез во земјата. Надлежна амбасада е амбасадата на Мексико во Белград и неопходно е лично присуство. Визата во главно важи за 6 месеци од денот на издавање и оваа информација е неопходно да ја проверите пред закажување на терминот во амбасадата. Оваа информација е многу важна, за да не дојдете во ситуација визата да истече пред да заминете на пат, доколку визата ја регулирате многу порано од самото поаѓање.

 * На патниците кои поседуваат важечка виза за САД не им е потребна виза за Мексико.

* За време на слетувањето во Мексико, на аеродромот добивате формулари кои е потребно да ги пополните пред миграциските контроли. Дел од формуларите го задржувате и го чувате се до излез од земјата.

3. ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА Не е потребна вакцинација за влез во земјата. Се препорачува консумирање на флаширана вода. Пожелно е да понесете лекови за стомачни болки (пробиотик) и фервекс или некои лекови за болки и покачена температура, за секој случај.

4. ВРЕМЕНСКА ЗОНА Мексико се наоѓа во UTC - 6 временска зона, 7 часа во однос на С. Македонија.

5. КЛИМА Мексико е климатски разнолика земја. Климатски се дели на три висински појаси. Најнискиот tierra caliente (топла земја) опфаќа тропски рамнини во источното приморје со висока температура и обилни врнежи од дожд. Над тој топол појас се наоѓа tierra templada (умерена земја) со умерена клима која е поволна за живот и работа на човекот. Над 2.000м е tierra fría (ладна земја) каде годишните времиња, а особено во лето и зима, се многу изразени. Внатрешните заливи и рамнини имаат карактеристична континентална клима со топли лета и ладни зими. На југоистокот од земјата се тропски области со 8 - 10 влажни месеци годишно. Главниод град, Ciudad de Mexico, се наоѓа на надморска висина од близу 2300м со просечна температура од 15 степени.

6. ХРАНА Храната во Мексико е многу вкусна но и егзотична и во целост се разликува од мексиканската кујна на која сме навикнати во нашите ресторани. Мексиканската храна ја бие глас дека е исклучително пикантна. Навистина, но да напоменеме дека храната во оригинал не е зачинета и лута, туку пикантност даваат различните сосови кои дополнително се додаваат. Ние секако ве советуваме да пробате мексикански специјалитети како што се такос, бурито, гордитас, кесадиљи со различни видови на месо. Во Мексико исто така постојат и интернационални ресторани, за сите оние кои не се љубители на мексиканската кујна. Најпопуларни пијалоци се свежи овошни сокови, пиво, текила и мескал.

7. БЕЗБЕДНОСТ Мексико спаѓа во земја со среден ризик. Во Мексико Сити се препорачува да не се движите во одредени зони на градот, надвор од планот и програмата на патувањето. Карипскиот регион е безбедна и сигурна зона.

8. ОБЛЕКА Meksiko City е град кој се наоѓа на надморска висина од 2300м и просечна температура е 15°C. Од таа страна ве советуваме за во Мексико Сити да понесете тенки јакни и дуксери, како и долги панталони затоа што преку ден може да биде пролетна температура но навечер може да се спушти и на 10°C. Што се однесува до другиот дел од патувањето то ест Карипски брег, препорачуваме носење на летна гардероба. Исто така се препорачува носење на еден пар спортски патики или други удобни обувки поради екскурзиите.

9. ПАРИЧНИ СРЕДСТВА Официјална валута е мексикански пезос и неговиот курс изнесува 1ЕУР = 18 пезоси, 1$ = 17 пезоси. На некои места можете да плаќате и со платежна картичка, но постојат и бројни банкомати иако се препорачува со вас да си понесете пред се готовина. 10. СТРУЈА Струјата е 110V, потребно е да се користи адаптер до 2 тенки и сполснати влеза (како за територијата на САД). 11. СУВЕНИРИ Текила, различни парчиња облека, обувки и накит со мексикански мотиви, течна ванила, сомбреро :)

 

  • Важни напомени Напомени:

Општи напомени: Организатор на патувањето е TA ОРФЕЈ ТРАВЕЛ & ТУР ОПЕРАТОР

  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето. Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  •  Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи. Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето. Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците не можат да ги користат за употреба на тоалет
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  •  Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања. Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет. Цените на low cost аранжманите се подложни на промена.  
  • По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите. Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно. За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување. Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE) Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање.
  • Ова патување пред се треба да биде авантура и добра забава). Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер. Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода. Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент.
  • Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот.
  •  Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба.
  • Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањет

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ОРФЕЈ ТРАВЕЛ И ТУР ОПЕРАТОР не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот.
  •  Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства. Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.
  • Напомена во врска со визите: Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат. Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата, Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни  сами да ја обезбедат визата за патување. Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување. Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи. Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.