ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ:
10. јуни 2021. - 21. јуни 2021. // 24. јуни 2021. - 5. јули 2021. // 11. јули 2021. - 22. јули 2021.
16. август 2021. - 27. август 2021. // 1. септември 2021. -12. септември 2021.
23. септември 2021. - 4. октомври 2021. // 13. октомври 2021. - 24. октомври 2021.
15. ноември 2021. -26. ноември 2021.
Одиме на Занзибар, чие име звучи како како топол ветер на мека песочна плажа! Егзотика во нејзината најчиста форма! Уживање и опуштање во магичната атмосфера на овој остров, звуците на брановите, топлата океанска вода и снежно белиот песок во комбинација со мелодијата на природата, испрекината со тапите звуци на кокосите што паѓаат на земја.
Го посетуваме главниот град Stone Town каде сé е толку живописно. Шарени тесни улички помеѓу камените куќи кои како лавиринт, нé водат од куќата на славниот Фреди Меркјури до локалниот пазар што гарантирано ќе биде една од најуникатните работи кои ги имате видено во животот. Хаотична атмосфера, ценкање, бука, деца, месо, зачини, свежо овошје, мирис на риба, жени кои се шетаат со садови врз глава и се останато што ќе ви падне на памет, на едно место. Жива и динамична атмосфера!
Се запознаваме и со природните убавини на овој неверојатен остров и ја истражуваме џунглата каде имаме впечаток како да сме во некој документарец за планетата земја додека јадеме кокоси, а љубезните локалци нé запознаваат со зачините и егзотичните овошја и зеленчуци кои растат на овие простори, како и примената на овие билки во нивниот секојдневен живот. Се будиме со звуците на брановите во магичната Kendwa/Nungwi каде ќе се претопиме во локалниот Hakuna Matata стил на живот...
Уживаме и во белиот песок и тиркизната вода на Индискиот океан, нуркаме и медитираме во комбинација со африканскиот ритам.
Африканска приказна полна со адреналин, хедонизам и авантура! Одиме?
План и програма
Ден 1: Состанок на групата и поаѓање
Состанок на групата на Mеѓународниот аеродом во Скопје три часа пред лет. Лет од Скопје за Истанбул во 08:55h (TK-1004). Пристигнување во Истанбул во 11:30h по локално време. Конекција на лет за Занзибар (Zanzibar) во 19:45h (TK-567).
Ден 2: Пристигнување на Занзибар (Zanzibar)
Пристигнување во Стоун Таун (Stone Town) во утринските часови и трансфер до сместувањето. Можност и за ран check-in, доколку нашите соби се спремни и во нив нема туристи кои заминуваат истиот ден. Занзибар (Zanzibar) е остров на зачини, мистерии, рајски плажи, одлична афро музика и насмеани и “хакуна-матата“ локалци. Иако денес е дел од Танзанија (Tanzania), отсекогаш бил сам свој свет. Низ историјата, Занзибар (Zanzibar) бил под владение на Персијанците, Португалците и Арапите – култури кои оставиле огромно влијание врз самиот остров. Добредојдовте во рајот со мирис на цимет и ванила, со мирис на ѓумбир и мирис на среќа!
Ден 3: Факултативен излет - Разгледување на Stone Town, Prison Island и Накупенда
Претпладне одиме на факултативен излет разгледување на Stone Town и истражување на најинтересните атракции – куќата во која живеел Фреди Меркјури (Freddie Mercury), мали и живи улички и плоштади, Старата тврдина, Палатата на чудата, музеи, локални пазари, звуците, боите и мирисите на Африка! Се чувствуваме како да сме дел од National Geographic документарец, а не на одмор... Името Stone Town на свахили значи: “Стар Град”. Градот се наоѓа на листата за светско културно наследство на УНЕСКО од 2000-тата година. По Stone Town, одиме на Prison Island, остров кој се наоѓа северно од градот, а името го добил по местото каде што некогаш се држеле заробеници и робови. Денес ова е мирно место каде ќе уживаме во пливање и дружење со џиновски желки кои се пренесени на ова место во 19-тиот век од Сејшелите. Некои желки се стари преку 100 години, а ние ќе имаме прилика да ги храниме и галиме. Јаготката на шлагот е Накупенда! Песочен насип од околу 2000 метри квадратни песочен рај, опколени со корален гребен и најтиркизниот Индиски океан, без ниедно ресторанче, кафана, или било што друго на нив, како на филм... Далеку сме од масовниот туризам на Европа, далеку од гужви, нема големи бродови и илјадници туристи. Го имаме целиот остров само за нас. Пиеме пиво, слушаме музика и се капеме во најубавата вода што некогаш ја имате видено. Го чекаме зајдисонцето. На враќање, патот ни го осветлува месечината, а ние уживаме во свежиот тропски ветер. Совршен ден на Занзибар! Враќање во сместувањето
Ден 4: Факултативен излет - Пливање со делфини –Јозани шумата- Селото Паџе
Ден посветен за запознавање со природните убавини на овој неверојатен остров. Одиме на југот на Занзибар на една од најфасцинантните авантури. Со традиционално африканско бродче, пловиме по бесконечното синило кое го испрекинуваат јатата на делфини и нивните скокови над површината на кристално чистата вода.. Се слуша само гласно WOW и спремни сме да запливаме со нив. Неверојатна глетка на овие прекрасни суштества во нивното природно опкружување.. Следната станица ни е Јозани шумата која претставува национален парк и каде ќе имаме прилика да видиме црвени Колобус мајмуни, кои можат да се најдат исклучиво на Занзибар (Zanzibar). Ден исполнет со уживање во зеленилото на тропските и мангровите шуми. По разгледувањето на Јозани шумата, го посетуваме селото Паџе (Paje) - традиционално Африканско место, куќи од камен, училишта, фризерници, пекари и вулканизери какви не сте виделе никогаш во животот. Паџе е и едно од најпознатите места во светот за кајтсурф (kite surf). Дружење, пиење коктели, неверојатна храна, сончање и уживање. Враќање во сместувањето...
Ден 5: Факултативен излет – Blue Safari
Денот ни започнува со нова авантура наречена Blue Safari. На овој факултативен и излет ги посетуваме најубавите плажи на островот и одиме на нуркање. Се возиме со традиционални едрилици кои се карактеристични за овој остров. Посетуваме песочни насипи кои исчезнуваат кога ќе си поиграат плимата и осеката. По факултативниот излет трансфер до Нунгви/Кендва (Nungwi/Kendwa). Едно од најпопуларните туристички места на Занзибар бидејќи се наоѓа на најубавиот брег на овој остров. Слободен ден за уживање на плажа. За оние кои се расположени за авантура, има можност за тридневен факултативен излет – сафари во националниот парк Mikumi кој се наоѓа на копнениот дел од Танзанија (Tanzania). Mikumi е четврт по големина национален парк во Танзанија (Tanzania). Одалечен е 300 километри од Дар ес Салам (Dar es Salam). Овој национален парк е природно живеалиште на многу жирафи, зебри, слонови, гнуа, леопарди, нилски коњи, хиени, крокодили и лавови.
Ден 6: Факултативен излет - Blue Lagoon, Kae Funk, Dongwe, Ресторан The Rock
Релаксирачки ден, создаден за потполно уживање во океанот, коктелите и локалната храна. Започнуваме со пливање во познатата Сина Лагуна (Blue Lagoon) додека се дружиме со најразлчни шарени морски риби и морски ѕвезди. Потоа продолжуваме до ресторанот The Rock, кој се наоѓа на Michamwi Pinge плажата. Пристигнуваме во светски познатиот, а воедно и најпознат ресторан на Занзибар. Стара рибарска карпа, која од 2010-тата година претставува неизбежно место на кое доаѓаат сите посетители на Занзибар. Уживаме во локалната кујна, морските плодови и секако, локалното вино, кое се служи овде. Од терасата гледаме во далечината, каде се шири Индискиот океан. Чист хедонизам. По ручекот и фотографирање со карпата, продолжуваме кон еден од многуте занзибарски beach bar-ови, Kae Funk. Уживаме целото попладне во капење и пиење коктели на самиот брег. Со звуците на африканската музика, го дочекуваме зајдисонцето во Донгве (Dongwe), кое е навистина магично на Занзибарскиот брег.
Ден 7: Факултативен излет - Кендва и Џунгла со зачини
По појадокот, факултативна посета на џунглата со зачини каде ќе уживаме во мирисите и вкусовите по кои е познат овој остров – ванила, шафран, каранфил, цимет итн. Станува збор за огромни државни плантажи за зачини, каде и живеат луѓето кои ја обработуваат земјата, опколени со џунгла и индискиот океан... Следната станица ни е Кендва. Една од најубавите плажи на островот каде не е изразена плимата и осеката. Вистинско уживање во тиркизниот океан и белиот песок. Враќање во сместувањето и слободно време. Вечерно излегување во некои од баровите.
Ден 8 -11: Слободни денови за уживање во тропскиот рај
Слободно време за уживање во магијата на тропскиот остров и неговите најубави плажи! Сончање, масажи, овошје и морски плодови. Вечерни излегување во некои од beach баровите.
Ден 12: Враќање и крај на патувањето
Лет од Занзибар до Истанбул во 02:55 часот (TK 568). Пристигнување во Истанбул во 12:05 часот по локално време. Преседнување на лет за Скопје во 19:25 часот (TK 1005). Пристигнување во Скопје во 20:00 часот. Крај на патувањето.
ЦЕНА И УСЛОВИ
Сместување Smiles Stone Town Hotel / Amaan Beach Bungalows / ИЛИ СЛИЧНИ ХОТЕЛИ Што е вклучено : Комплетна организација и услуги од претставникот на агенцијата на дестинацијата Сместување во двокреветни соби на база 3 ноќевања со појадок (континентален појадок) во хотел Smiles Stone Town со *** (по локална категоризација) во Stone Town Сместување во двокреветни соби на база 7 ноќевања со појадок (континентален појадок) во хотел Amaan Beach Bungalows со *** (по локална категоризација) во Nungwi Сите трансфери од аеродром до сместување, од сместување до аеродром и меѓу градовите по планот и програмата на патување Повратен авионски билет со сите такси на релација Скопје - Занзибар - Скопје, во економска класа.
|
Сместување Tembo Palace Hotel / Sunset Kendwa Што е вклучено :
|
Не е вклучено:
Stone Town - City Tour, Prison Island (Остров на желките) и Накупенда Излет на кој ја дишеме историјата и влегуваме во сржта на Занзибар. Откако Португалците прв пат се закотвиле на брегот на Stone Town, бил и останал центар на сите збиднувања на овој необичен остров. По Португалците, пристигнале Оманците, па Британците и сите тие, па и многу други, оставиле траен печат врз овој град, кој и ден-денес претставува неверојатна мешавина на различни култури од целиот свет со автентична африканска основа. Цел овој раскош и бои, градби и многу различни обележја, нѐ освојуваат при првата средба со градот кој од 2000-та година се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. На излетот поаѓаме во утринските часови. Ја посетуваме Старата тврдина, која се вика и Португалска тврдина, бидејќи нејзините темели ги поставиле Португалците. Потоа била надградена од оманските Арапи и целото тоа време била главен одбрамбен гаризон на островот. Последниве неколку години служи како место за одржување на разни културни манифестации, од кои најважната е ZIFF (Занзибарскиот Меѓународен Филмски Фестивал). Веднаш до тврдината се наоѓа “Куќата на чудата”, која е еден од главните симболи на Занзибар, некогашна церемонијална палата на третиот султан на Занзибар, султанот Барагаш, која прв во источна Африка имала струја, водовод и електричен лифт. Ќе имаме прилика да ја видиме и палатата на последниот султан на Занзибар, персиски амами, англиканска црква, изградена на местото на последниот пазар за робови во светот. Ќе го посетиме и Darajani пазарот, каде би можеле од прва рака да почуствуваме како африканскиот хаос совршено функционира. Ги посетуваме најважните знаменитости – куќата на фронтменот на групата Queen, Фреди Меркјури, која денес е хотел. Ќе шетаме низ тесните улички полни со насмеани деца и ќе се восхитуваме на различните и фамозни занзибарски врати, кои од секогаш биле статусен симбол на сопственикот на домаќинството. По заводливиот Stone Town се упатуваме со бродче кон Prison Island. Овој магичен остров, по официјалното укинување на ропството во 1873 година, некое одредено време бил место за нелегална трговија со робови (доказите за ова и ден-денес се наоѓат со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање.
Напомена во врска со визите: