Кога ќе кажеме одмор од соништата всушност помислуваме на Малдиви (Maldives)! Рајски тиркизни лагуни, бесконечни плажи од бел песок, шаренолик подводен свет и блескав луксуз се само мал дел од работите кои Малдиви ја прават совршена дестинација за уживање и релаксација. Домот на најфасцинантните и најегзотичните плажи на светот е азијска островска држава во Индискиот океан. Се наоѓа јужно од Индија и Шри Ланка и со својот облик потсеќа на бисерен ѓердан во сред океан. Со своите 1200 острови завзема површина од 90.000 квадратни километри! 200 острови се населени од страна на локалното население, додека околу 100тина од нив се претворени во приватни ресорти.
Вистински рај на земјата и место на кое одново и одново ќе се враќаме...
Одиме на Малдиви на начин кој ќе ве маѓепса и освои засекогаш!
План и програма
Ден 1: Состанок на групата и поаѓање
Состанок на меѓународниот аеродром во Скопје два часа пред летот. Лет за Истанбул (TK1006) во 20:45ч. Пристигнување во Истанбул во 23:20ч. по локално време. Преседнување на лет кон Мале.
Ден 2: Пристигнување на Малдиви (Maldives)
Лет за Мале во 01:45ч. (TK 730). Пристигнување во Мале во 11:55ч. по локално време. Мале е главниот град на Малдиви и претставува модерното лице на оваа земја. Шарените градби и тиркизното море насекаде околу нас се класичната слика за овој град која ќе ни остане во сеќавање. Град преполн со кафулиња, ресторани, продавници и пазари. Трансфер со брод до Мафуши. Попладневен check in во собите. Слободно време за одморање и запознавање со оваа нова земја и култура. ВЕЧЕРА. НОКЕВАЊЕ
Ден 3: Факултативен излет – Snorkeling
ПОЈАДОК. Ден предвиден за уживање во рајскиот остров и уживање во егзотичната храна. Одиме на факултативен излет - Snorkeling. Авантуристички излет кој задолжително треба да се најде на вашата листа со активности додека сте на Малдиви. Ќе уживаме нуркајќи во неверојатниот поглед на разновидниот и шаренолик подводен свет. Враќање во сместувањето. ВЕЧЕРА. НОКЕВАЊЕ
Ден 4: Факултативен излет - Ноќен риболов
ПОЈАДОК. Доживејте го Малдиви на вистинскиот начин и препуштете му се на локалниот живот, уживајте во егзотичната храна и запознајте ја оваа нова култура. Факултативен излет - Ноќен риболов односно во малдивски стил со помош само на рацете и сирова риба како мамец. Уметност со која локалците се занимаваат со генерации, а денес привлекува туристи кои сакаат да учествуваат во оваа авантура. Прекрасен излет, незаборавна вечер и можност да уловите риба под ѕвезденото небо на Малдиви. Враќање во сместувањето. ВЕЧЕРА. НОКЕВАЊЕ
Ден 5: Факултативен излет - Shark Bay
ПОЈАДОК. Уште еден ден за истражување на Малдиви. Одиме на факултативен излет - Shark Bay. Ќе имаме прилика да пливаме со бебиња ајкули и да уживаме со делфини, по што не очекува ручек на бајковит песочен насип во сред океан. За многумина ова е најубавиот излет на Малдиви и никако не треба да се пропушти. Враќање во сместувањето. ВЕЧЕРА. НОКЕВАЊЕ
Ден 6: Факултативен излет - Resort day visit
ПОЈАДОК. Уште еден ден полн со забава и интересни активности. Се упатуваме на факултативен излет - Resort day visit. Одиме во некои од најпознатите ресорти на Малдиви. Нивните уникатни локации имаат пристап до многу недопрени егзотични плажи како и прилика да нурнеме и да го истажуваме подводниот морски свет на овој остров. Уживаме на златното сонце и мекиот бел песок додека ја истражуваме убавината на оваа чудесна островска земја. Враќање во сместувањето. ВЕЧЕРА. НОКЕВАЊЕ
Ден 7: Факултативен излет - Snorkeling со Манта ражи
ПОЈАДОК. Ден за факултативен излет - Нуркање со Манта ражи. Уживаме на најубавите локации за нуркање на Малдиви. По излетот, враќање во сместувањето. ВЕЧЕРА. НОКЕВАЊЕ
Ден 8: Нуркање на локален корален гребен
ПОЈАДОК. Прекрасен ден кој го користиме за нуркање и капење на локален корален гребен.
Ден 9: Напуштање на сместувањето и слободно време до поаѓање. Последниот ден докупуваме уште некој сувенир, пиеме уште некој коктел и се припремаме за патување. Се збогуваме од овој магичен остров. Трансфер со бродче до Мале. Лет од Мале во 22:40ч. (TK 731) со преседнување во Истанбул.
Ден 10: Враќање и крај на патувањето
Пристигнување во Истанбул во 04:55ч. по локално време. Лет од Истанбул за Скопје во 07:35ч. (TK1003). Пристигнување во Скопје во 08:05ч. Крај на патување.
ЦЕНА НА ПАКЕТОТ:
Last minuteВажи за пријави до 15.04.2021 или до пополнување на места 1.290,00 EUR |
Регуларна цена: 1.450,00 EUR
|
Не е вклучено:
ВАЖНО:
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 150€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 4 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци. Потребната документација за виза, потребно е да ја доставите најдоцна 1 месец пред патувањето. Доколку патниците не достават документација за виза во наведениот рок, должни се сами да си обебедат виза за патувањето. Доколку патниците си обезбедуваат виза сами, потребно е најдоцна 20 дена пред патувањето да достават копија од визата.
Факултативни излети:
Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
1.Snorkeling…………………………….. Цена: 30,00 USD
Кристално чиста вода, лагуни и разноврсен морски живот кој ве повикува на нуркање. Малдиви е дом на многубројна морска флора и фауна, која ја сочинуваат илјадници различни типови риби, 200 видови корали, желки итн. Во цената на излетот е вклучено: услуга претставник на агенцијата, организиран превоз по предвидениот план и програм. 2 Point Snorkeling (времетраење: 3 часа).
2. Ноќен риболов…………………….. Цена: 35,00 USD
Искусете ноќен рибилов во малдивски стил, користејќи ги само рацете и сирова риба како мамец. Уметност со која локалците се занимаваат со генерации, а денес привлекува љубопитни патници кои и сами сакаат да учествуваат во авантурата. Прекрасен излет, незаборавна вечер и прилика да ловите риби под ѕвезденото небо на Малдиви. Во цената на излетот е вклучено: услуга претставник на агенцијата, организиран превоз по предвидениот план и програма, опрема за ловење, вечера од тоа што сме го уловиле послужена со ориз и салата.
3. Shark Bay……………………………….. Цена: 65,00 USD
Единствена прилика и уникатно искуство да пливаме со бебиња ајкули и да уживаме во глетката на јатата делфини околу нас, а потоа не очекува ручек на бајковит песочен насип во сред океан. За многумина ова е омилениот и најубав излет на Малдиви, па никако не треба да се пропушти. Во цената на излетот е вклучено: услуга претставник од агенцијата, организиран превоз по предвидениот план и програма, опрема за нуркање и ручек со безалкохолни пијалоци.
4. Еднодневна посета на ресортот (Fihalhohi Island Resort)… Цена: 120,00 USD
Еднодневна посета на еден од најубавите приватни острови на Малдиви каде ќе уживате на белата песочна плажа опкружена со кристално чистата тиркизна вода и богата зелена вегетација. Ќе ја почувствувате магијата која овој прекрасен ресорт ја пружа на своите гости. Во цената на излетот е вклучено: услуга претставник на агенцијата, организиран превоз по предвидениот план и програма, влез на островот, лежалка, ручек (шведска маса) и безалкохолни пијалоци.
5. Snorkeling со Манта ражи…………… Цена: 35,00 USD
Нуркаме во подводното кралство на Малдиви заедно со овие негови прекрасни жители. Нуркањето со Манта ражите е искуство кое на прв поглед буди страв, но возбудува. За време на овој излет ќе имате прилика да ги истражите најинтересните и најубавите точки за нуркање. Во цената на излетот е вклучено: услуга претставник на агенцијата, локален водич и опрема за нуркање.
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
ОПШТИ ПОДАТОЦИ:
Малдиви, службено Република Малдиви е островска држава во Индискиот океан, југозападно од Индискиот полуостров. Се состои од околу 1200 острови, групирани во 26 атоли, меѓу кои околу 200 се населени, а 80 се користат исклучиво за туризам. Официјалната религија е Ислам, а јазикот на поголемиот дел од жителите е дивехи, индоевропски јазик сроден на сингалски, главниот јазик на Шри Ланка. Индустријата се темели врз туризам и риболов. Малдивите имаат претрпено значителна штета од цунами во Индискиот океан во декември 2004 година. Нудизам е забранет со закон, вклучувајќи ги и плажите на одмаралиштата. Во повеќето ресторани не е дозволен престој во костими за капење.
Површина
298 km2
Број на жители
околу 338.000
Државно уредување
Република од 1965 година.
Главен град
Мале, околу 70.000 жители
Клима
Тропската клима на Малдиви подразбира просечна температура меѓу 29 и 32 степени Целзиусови, со повремени тропски врнежи. Од крајот на мај до почетокот на септември е (југозападен) монсунски период кој се карактеризира со повремен дожд и ветар, додека од ноември до април - североисточен монсун кој е топол и сув. Цените на престој се највисоки во сезоната декември-април, посебно во периодот околу божиќните и новогодишни празници, кога на Малдивите времето е суво и топло. Перодот од мај до ноември е исто така топол, но со поголем степен на влажност во воздухот и поголеми шанси за дожд. Тогаш на Малдиви има помалку туристи, па е полесно да се најде добро сместување кое е поповолно отколку во сезона.
Пари
Малдивска руфија (MVR) = 100 лареси. Банкнотите за МВР 500, 100, 50, 20, 10, 5. Кованици за МВР 2, 1 i 50, 25, 10, 5, 2 и 1 лареси. На аеродромот во Мале се примаат само долари, па се препорачува носење на оваа валута. Во хотелите примаат и евра, но по неповолен курс во однос на банките од Европа.
Јазик
Дивехи. Англискиот јазик е во широка примена како службен јазик. Во туристичките подрачја се зборуваат и други јазици.
ВИЗА:
На државјаните на Р.С. Македонија кои туристички патуваат на Малдиви, добиваат бесплатна виза за период од 30 дена на самиот аеродром. Потребна е следната документација: важечка патна исправа, повратна авио-карта, доказ за поседување на доволно финансиски средства (100 УСД + 50 УСД за секој ден престој) или потврда за уплатен туристички аранжман. Рок на важење на пасошот поради туристичко патување мора да бида најмалку 6 месеци.
ВАКЦИНАЦИЈА:
За патување на Малдивите не е потребна полиса за здравствено осигурување, ниту доказ за вакцинација, освен доколку доаѓате од област зафатена со жолта грозница (поедини области од централна Африка или Јужна Америка).
БЕЗБЕДНОСТ:
Малдивите можат да бидат изложени на опасност од цунами. Во вакви ситуации, по издавање на предупредување за опасност од страна на владата на Малдиви, потребно е да ги пратите упатствата кои ги емитуваат локалните средства за јавно информирање и да се однесувате во согласност со нив.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.
Општи напомени:
Напомени во врска со сместувањето:
Напомена во врска со факултативните излети:
Напомена во врска со визите: