Сејшели (Seychelles) е островска Република составена од архипелаг острови лоцирани во Индискиот Океан, околу 1.600 километри од источните брегови на Кенија (Kenya) и Танзанија (Tanzania). Космополитските Сејшели (Seychelles) денес се мешавина од африкански, европски и азиски народи од различни раси, култури и религии. Влијанијата на сите нации се рефлектираат во нивните традиции, обичаи, кујна, музика и уметност. Изградбата на куќите е прилагодена на животот во тропските предели, со куќи со стрмни покриви.
Дом на многу ретки примероци на растенија и животни и се горди што дури 50% од земјата е заштитена во вид на Национални паркови и резерви. Тука може да се најдат најразлични заштитени видови, од најмалите жаби во светот до најтешките копнени желки во светот, од најголемото семе во светот - Coco de Mer до дрвото медуза.
Сејшели (Seychelles) Добредојдовте во тропскиот рај! Спремете се за денови исполнети со егзотика, уживање и забава. Сејшели се сместени во Индискиот океан, околу 1600км од источниот брег на Африка. Најголемите острови се Mahe, Praslin и La Digue, со многубројни помали островски групи. Прекрасни плажи, нереални бои, тропски растенија и насмеани луѓе. Авантурата можете да ја започнете со Anse Major плажата на западниот дел на островот Махе, а потоа разгледување и на целиот остров. Главниот град Викторија плени со стариот дел на градот и ботаничката градина каде ќе имате прилика да ги видите различните видови флора на Сејшелите, да откриете некои од локалните животни и да ги видите прочуените сејшелските желки. Можете да ги посетите и плантажите за чај (Tea plantation). Тука, на свежиот планински воздух, помеѓу терасните плантажи чај, ќе откриете како се прави сејшелскиот чај. Оваа фабрика нуди едукативни тури кои го прикажуваат процесот на производство на чај - од сушење до пакување. На островот Praslin можете да го посетите Vallee de Mai, заштитено подрачје од UNESCO и резерват на биосферата каков што не постои на ниту едно друго место на светот! Прекрасна џунгла, тропски растенија и прочуената палма Coco de Mer, чиј плод е најголем на светот. Во шумата често имаме можност да го видиме и црниот папагал, а ќе открите и зошто овој парк го нарекуваат „Garden of Eden“. Топло препорачуваме да ја посетите една од најубавите плажи на светот - прочуената Anse Lazio, сместена на северозападниот дел на Праслин. Фасцинантниот остров La Digue, трет по големина остров на Сејшели, но различен од останатите. Овој остров го сочувал традиционалниот начин на живот можете да го разгледате со велосипед, пеш или со отворени камионети, а не треба да ја изоставите една од најубавите плажи - Anse Source d'Argent.
ПРОГРАМА И ПЛАН НА ПАТУВАЊЕТО:
1.ден СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ
Доаѓање на Аеродром Скопје 2 часа пред полетување. Летот за Истанбул ТК1006 во 20:50. Слетува во 23:25 по локално време.
2.ден ИСТАНБУЛ – МАХЕ
Продолжение на патувањето со лет ТК748 во 01:50 за Маџе – Сејшели. Слетување по локално време во 11:00. Трансфер до хотелот. Сместување. Слободно време. Ноќевање.
3. – 8. ден МАХЕ
Престој во хотелот на база ноќевање со појадок. Денови предвидени за уживање на плажа. Можност за организирање на факултативни излети до околните острови (Praslin, La Digue).
9. ден МАХЕ – ИСТАНБУЛ
Појадок. Слободно време до трансферто на аеродром. Чекање на летот за Истанбул ТК749 во 21:40.
10. ден ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Слетување во Истанбул во 04:30 по локално време. Продолжение на патувањето со лет ТК1003 во 07:35 за Скопје. Пристигање на Аеродром Скопје во 08:05.
Цената е дадена во евра и пресметана во денари,1 евро = 62 денари Цената е валидна до пополнување на места по групна тарифа од авио компанија и промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се до момент на резервација (пред резервација проверете ја цена и тарифа на авионска карта). Можност за индивидуални дати на патување на барање .
Пример за индивидуални поаѓања (7 ноќевања)
ТЕРМИНИ : МАЈ 2021 ( 02.05.-11.05.2021 )
ЈУНИ 2021 ( 04.06 – 12.06.2021 )
ЈУЛИ 2021 ( 02.07 – 11.07.2021 )
ХОТЕЛИ И ЦЕНИ:
Berjaya Beau Vallon Bay Beach Resort And Casino 3* од 1275 € по лице во ДБЛ соба |
Doubletree By Hilton Seychelle 4*
од 1835 € по лице во ДБЛ соба |
Hilton Seychelles Labriz Resort&Spa 5* од 1959 € по лице по лице во ДБЛ соба Villa Garden View/ со вклучен појадок |
Во цената е вклучено:
Цената не вклучува:
Услови:
ХОТЕЛИ - ПРЕДЛОГ
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Berjaya Praslin Resort е сместувачки објект на Сејшели со *** (по локална категоризација) кој располага со двокреветни соби. Услугата е на база ноќевање со појадок, полу-пансион или полн пансион.
Вебсајтhttps://www.berjayahotel.com/praslin
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Castello Beach Hotel е сместувачки објект на Сејшели со **** (по локална категоризација) кој располага со двокреветни соби. Услугата е на база ноќевање со појадок или полу-пансион
Вебсајтhttps://www.castellobeachhotel.com/
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Coral Strand Smart Choice Hotel е сместувачки објект на Сејшели со *** (по локална категоризација) кој располага со двокреветни соби. Услугата е на база ноќевање со појадок, полу-пансион или полн пансион.
Вебсајтhttps://coralstrand.com/
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
DoubleTree Resort & Spa by Hilton Hotel Seychelles - Allamanda е сместувачки објект на Сејшели со **** (по локална категоризација) кој располага со двокреветни соби. Услугата е на база полу-пансион или полн пансион.
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Savoy Seychelles Resort & Spa е сместувачки објект на Сејшели со ***** (по локална категоризација) кој располага со двокреветни соби. Услугата е на база ноќевање со појадок или полу-пансион.
Вебсајтhttps://savoy.sc/
Важни напомени:
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.
Напомени:
Општи напомени:
Напомени во врска со сместувањето:
Напомена во врска со факултативните излети:
Напомена во врска со визите:
Сејшели
1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ:
Главен град: Викторија
Површина: 459 km²
Број на жители: 94.228 (2016.)
Население: најголем дел Французи, Африканци, Индијци и Кинези
Јазик: француски, англиски, креолски
Вероидповед: христијани - римокатолици
Локално време: UTC + 4
Независност: 26.jun 1976.
Валута: сејшелски рупии
2. ВИЗИ:
Виза за Сејшели не е потребна за граѓаните на Република Северна Македонија за туристички престој до 90 дена. Пасошот мора да важи најмалку 6 месеци по враќањето од патот (минимум 2 слободни страници).
3. ВРЕМЕНСКАТА ЗОНА е UTC + 4, односно при пресметување на зимското време разликата помеѓу С. Македонија и Сејшели е 3ч и за време на летото е 2 ч, бидејќи Сејшели не преминува на летно сметање на времето.
4. ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА:
Водата не е за пиење, се користи само флаширана вода и се избегнува мраз. Вода од шише се користи и за миење на забите.
Не е неопходна вакцина за влез во Сејшелите.
Што се однесува до лекови за маларија, не е неопходно да се земаат затоа што во Сејшелите нема маларија, но за ова консултирајте се со Вашиот лекар. Важно е да се знае дека лековите не штитат 100% од маларија и можат да имаат несакани дејства.
Со Вас понесете лекови за редовна терапија доколку ја примате, пробиотик, лекови за намалување на температурата, за болка или лекови што обично ги носите со себе на патување. Исто така, понесете и крема сончање и Аутан.
Препорака е да имате здравствено осигурување. Можете да уплатите здравствено осигурување во агенцијата најдоцна 5 дена пред поаѓање. За цената на осигурувањето, обратете се во агенцијата.
5. БЕЗБЕДНОСТ:
Сејшели е безбедна дестинација, но се препорачува да се чуваат скапоцените работи во сместувањето бидејќи секогаш постои можност за кражба на улиците или плажите.
6. КЛИМА:
Сејшелите имаат слична температура во текот на целата година кога ноќите ретко достигнуваат под 24 степени, а денот ретко надминува 33. Може да очекувате постојана промена на облаците и сонцето, бујно зеленило и влажност затоа што ова е тропска дестинација.
7. ХРАНА:
Кујната на Сејшели настанала под влијание на француската, британската, индиската, африканската и арапската кујна, создавајќи целосно уникатна кујна, каде што најважни намирници се оние што се наоѓаат во нивната околина: морска храна, риба, како и разни тропски овошја и зачини. Особено ѓумбир, кари и чили. Речиси секое јадење има најмалку еден од овие три зачини во себе.
8. ОБЛЕКА:
Од облека треба да понесете летна, полесна гардероба, но задолжително со себе понесете неколку долги ракави и долги панталони, пред се поради авионите, но и можноста за пад на температурата.
9. ПАРИЧНИ СРЕДСТВА:
Валутата која во оптек е Сејшелски рупии - SCR.
1ЕУР = 15 SCR, 1 $ = 13 SCR.
Препорачливо е да носите долари со себе бидејќи е најприфатена валута на Сејшелите.
Во подобрите хотели и во главниот град, има банкомати и сите услуги можат да се плаќаат со картички или во странска валута (евра и долари), а истото важи и за изнајмување автомобил. За деталите консултирајте се со вашата банка и не заборавајте да пријавите заминување во странство за да не ви ги блокираат картичките.
10. СТРУЈА, ИНТЕРНЕТ И КОМУНИКАЦИЈА:
Во повеќето случаи, нашите мрежи работат во Сејшели.
Сите сместувања имаат wi-fi.
Во однос на електричната енергија, напонот е ист како нашиот, но потребни Ви се адаптери за приклучок. Влезот е ист како и за Велика Британија (три рамни конектори).
Не можете да набавите адаптери на дестинацијата.
11. СУВЕНИРИ:
Од сувенири препорачуваме: Такамака рум, Coco de mer - морски кокос (многу е важно да имате автентичен сертификат за купување, т.е. да добиете сертификат затоа што од 2017 година е воведен закон кој строго го контролира шверцот од ваков вид, без оригинален сертификат може да завршите во затвор), нешто со мотиви од желка кои се заштитен знак на Сејшели, есенцијални масла, накит од креол и уметнички дела, марами, фустани...
12. ДРУГИ НАПОМЕНИ:
Не ви треба меѓународна возачка дозвола за изнајмување автомобил или мотор во Сејшели.
Секогаш проверувајте го рокот на траење на сè што ќе купите во Сејшелите.