orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Далечни патувања

ДУБАИ – ВЕЛИГДЕН 2021 (Лет од Софија)

ДУБАИ – ВЕЛИГДЕН 2021 (Лет од Софија)

 ДУБАИ – ВЕЛИГДЕН 
28.04 – 03.05 
5 ноќевања со појадок

 

Дубаи, втора по големина од седумте емиратски држави, со која управува семјството Ал Мактум. Дубаи не само штопретставува центар на трговијата и индустријата на ОАЕ, туку во последните неколку години доста вложува во развојот на туристичката дејност.
Комбинацијата од најквалитетни хотели, белите плажи на “Jumeriah Beach”, чистиот луксуз, фантастичните архитектонски проекти и ориенталната атмосфера го претвараат секое патување во незаборавно доживување. Посетителите на овој сигурен арапски микрокосмос можат да пронајдат префектно организирани услуги, висока технологија, недопрена природа, светлосни палати, фантастичен подводен свет – или едноставно сите контраси који го исполнуваат срцето на еден светски патник.

 

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕТО

 

1.ДЕН – СОФИЈА – ДУБАИ
Состанок со групата на аеродромот во Софија два часа пред летот, индивидуално чекирање на летот и багажот, обавување на царинските и пасошките формалности. Полетување за Дубави во 16:10ч со авио компанијата FLY DUBAI. Слетувањето во Дубаи е предвидено за во 22:05ч по локално време. Следи трансфер до хотелот. Слободно време. Ноќевање.

 

2 – 5. ДЕН – ДУБАИ

За време на вашиот престој во Дубаи ќе имате прилика факултативно да ги посетите некои од најпознатите и најубави знаменитости на овој град и неговата околината
Burj Khalifa  најголемата зграда во светот со височина од неверојатни 828м, која најпрво требала да го носи името Burj Dubai, меѓутоа во чест на шеикот Khalifa al Nhjana е преименувана во Burj Khalifa. Облакодерот има 160 спрата, во него се сместени околу 1000 станови, канцеларии на 40 спрата, хотелот на Армани, како и прекрасната тераса на 124-тиот спрат.

Burj Al Arab  веќе со години е еден од симболите на раскошниот Дубаи, Burj al Arab преставува ултра луксузен хотел кој се смета за првиот хотел со 7* на светот. Сместен е на вештачкиот остров заедно со плажата Jumeriah. Островот со копно е поврзан со мост по кој можат да се движат и автомобили.
Музејот Дубаи  изграден на почетокот на 19.век и се смета за најстара градба во Дубаи. Првобитно бил користен како седиште на гувернерот, а од 1971 је прогласен за музеј. Го зафаќа просторот на тврдината Al-Fahidi во пределот Dubai Creek. Во музејот се изложени збирки од слики кои ја преставуваат историјата на Дубаи и сите фази на неговата експанзија, потоа традиционални оружја користени на овие простори, како и збирка посветена на морето и неговото значење во овие пустински предели и слики од старите бродови који биле користени за транспорт и трговија.

Palm Jumeirah  моментално најголем вештачки остров на светот, кој е граден во облик на палма со стебло и 17 листови, опкружен со мали островчиња кои во целина даваат облик на круг.

Abu Dhabi  главен град на Обединетите Арапски Емирати, кој воедно претставува и еден од најмодерните градови во светот. Abu Dhabi е град кој нуди километри чисти песочни плажи и повеќе од 200 мали острови. Ќе ја посетиме една од најголемите новоизградени џамии во светот која прима 40.000 верници, потоа ќе прошетаме низ резиденцијалниот кварт, застанувајќи во Heritage Village – комплекс во кој на едно место ќе видите се она што го карактеризира ова подрачје, од историја па се до локални обичаи. Потоа следува посета на модерен трговски центар со слободно време за ручек и шопинг. Враќање назад кон Дубаи во попладневните часови со застанување и кратка посета на новата атракција – Ferrari World.

Jeep Safari  Зајдисонце на црвените дини со вечера во автентичен амбиент – во бедуински камп и ориентални мотиви. Можност за јавање на камили.
Трговски центар Mall of the Emirates  најголем шопинг центар на Блискиот исток, кој го сочинуваат преку 350 продавници, но и многу други содржини како што се разни тематски паркови, ресторани, кино сали, па дури и зимско скијалиште на затворено – Ski Dubai
Крстарење со брод (Show Cruise)  Прекрасно крстарење по заливот на Дубаи со вклучена вечера.

Ski Dubai  чудесно зимско скијалиште на затворено во сред пустина каде што во летните месеци може да се скија и на температури од над 40 степени целзијусови. Скијалиштето се наоѓа во трговскиот центар Mall of the Emirates, содржи 5 различни стази со вештачки снег со вкупна должина од 22.500 метри.
The World  архипелог со околу 300 мали вештачки острови кои се градени во облик на земјата. Секое островче претставува една држава, а нивниот распоред потсеќа на обликот на планетата Земја. Архипелогот се наоѓа на околу 4км оддалеченост од брегот и сите острови се на продажба. Целиот проект сеуште не е финално готов, меѓутоа е во завршна фаза.

 

6 ДЕН (ДУБАИ – СОФИЈА)
Трансфер до аеродромот во Дубаи. Чекирање на летот за Софија во 10:45ч по локално време. Слетувањето во Софија е предвидено за во 15:10ч по локално време.

 

 

 

*** ПРОМОТИВНA ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 09 АПРИЛ 2021 *** 

Сместување

Услуга

Ноќевања

5

Термин

28.04 - 03.05

Ramada by Wyndham Jumeirah

BB

589€

***по завршување на промотивниот период, цените се зголемуваат за 150€***

*** НЕ Е ПОТРЕБЕН МИНИМУМ БРОЈ НА ПАТНИЦИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПАТУВАЊЕТО***

 

 

 

 

 

*** ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ОДНЕСУВААТ ПО ЛИЦЕ ***

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Повратен авио билет на релација СОФИЈА– ДУБАИ – СОФИЈА со авио компанијата FLY DUBAI или Wizzair
  • Рачен багаж до 7 кг
  • 5 ноќевања во хотелот во избранито хотел со појадок
  • Трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром.
  • Сите аеродромски такси
  • Виза

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Трансфер од Скопје до аеродромот во Софија и назад
  • Градска такса, која се плаќа на рецепција во хотел (хотели со 4* околу 4-5 USD по соба по ноќ, хотели со 5*околу 6 USD по соба по ноќ)
  • Факултативни излети и влезници
  • Задолжително патничко здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба – 180 евра
  • Негативен PCR тест не постар од 96ч
  • EXIT PCR тест за враќање (посредува агенцијата за тестирање во Дубаи)
  • ЗАДОЛЖИТЕЛНО патничко здравствено осигурување – 10€

  

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

  • Miracle Gardens + Global Village – 50 eur
  • Панорамски разглед + Фонтани + Shopping Dubai Mall – 45 eur
  • Крстарење со луксузна јахта – 75 eur
  • Kite Beach + Dubai Creek – 30 eur
  • Safari Dubai – 50 eur

 

 ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

  • Miracle Gardens + Global Village – 50 eur – Глобалното село или „Global Village“ е наречено затоа што идејата е да се претстави  мултикултурен и мултиетнички живот во Дубаи. „ Global Village “ е прекрасно место за одмор, забава и релаксација за целото семејство каде ќе можете да уживате во дневното шоу бројни изведувачи од целиот свет. Тоа е една од најголемите цветни градини во светот со повеќе од 100 милиони примероци, и се наоѓа во средината на пустината. Овој прекрасен парк со цвеќиња се наоѓа во Ал Барша 3 во новиот дел од Дубаи. Во овој цветен парк можете да ги видите и двата најголеми цветни скулптури во светот – Емирати Ербас А380 авион и цветна скулптура на Мики Маус во природна големина, како и куќи, мостови, автомобили и многу други форми  направени од милион цвеќиња чии перформанси се доведени до совршенство. Оваа прекрасна цветна градина во Дубаи е романтична дестинација и една од најфотографираните знаменитости на светот.

 

  • Панорамски разглед + Фонтани + Shopping Dubai Mall – 45 eur – Турнејата започнува од луксузниот хотел Бурџ Ал Араб, единствениот хотел со 7 starвезди во светот, каде ќе направиме пауза за фотографирање. Тоа е хотел изграден во форма на едро и претставува синоним за Дубаи и Емирати, што беше целта на шеикот кога сакаше да го изгради овој хотел. По Бурџ Ал Араб, правиме кратка пауза за кафе во прекрасната зграда „ Jumeirah Madinat “ или исто така познат како „Арапска Венеција“ или „Мала Венеција“ во арапскиот свет. Тоа е еден фасцинантен комплекс хотели меѓусебно поврзани со канал преку кој можете да пловите со традиционални гондоли. Продолжуваме со обиколката и одиме на најголемиот направен архипелаг со човечка рака во овој дел на светот и кој го носи името «ПАЛМА». Ќе видите  видите луксуз, облакодери каде на гранките на палмите има приватни вили со свои приватни плажи. На на крајот застануваме на локацијата “The Pointe” од каде има прекрасен поглед кон хотелот “Atlanits i Palm Jumeirah”. Тоа е хотел кој има форма на Кралската палата на Дизни до кој се пристигнува преку тунел направен под морското дно. Последната точка на нашето разгледување на оваа турнеја е Дубаи Мол, најголемиот трговски центар во светот со посета и прекрасен поглед на разиграната фонтана.За време на вашиот престој во Дубаи Мол, по избор можете да го посетите видиковецот лоциран на 124 и 125 кат во Burj Khalifа, највисоката зграда во светот со фасцинантен поглед на целиот Дубаи. (40 еур се доплаќа на лице место)
  • Крстарење со луксузна јахта – 75 eur – Крстарење кое трае 2 часа, со луксузна јахта покрај брегот, со фасцинантна панорама најубавите делови на Дубаи од каде може да се види зошто ДУБАИ е еден од најпосетуваните градови во светот. Како дел од крстарењето, ќе направиме пауза за кратко пливање.

 

  • Kite Beach + Dubai Creek – 30 eur – Дубаи исто така може да се пофали со плажа која апсолутно потсетува на многу плажи од Калифорнија – Kite Beach е една од најубавите јавни плажи во Дубаи. Песочна плажа со поглед кон Бурџ ал Араб, богата со шарени тезги на кои се продаваат храна, пијалоци и многу други сувенири. Влезот на плажа е бесплатен, а изнајмувањето чадор и две лежалки чини 180АЕД. Дефинитивно можете со себе да носите и свои пешкири на плажа.Ако го барате можеби најубавиот зајдисонце во Дубаи, локацијата е пристаништето Дубаи Крик (DCH). DCH сè уште е во фаза на изградба и ќе претставува нов комплекс на станбени и комерцијални згради но и простор за одмор и забава. DCH исто така ќе ја смести и највисоката зграда во светот, повисока и од Burj Khalifа – Dubai Creek Tower.

 

  • Safari Dubai – 50 eur – Не сте биле во Дубаи ако не сте го доживеале пустинскиот сафари. Сафари е еден од највозбудливите, најатрактивните и најбараните атракции во целокупната туристичка понуда во Дубаи. Уживајте во возењето по песочните дини и потоа опуштете се во пустинскиот камп. Крунисајте ја оваа возбудлива авантура со прекрасна програма во која ќе уживате со стомачен танц, традиционален египетски танц и многу други незаборавни активности. Искусете традиционално цртање со кна, јавање камила, фотографија со сокол и со низа други содржини подготвени од искусни професионалци.

 

 ВАЖНО:

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 150€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 4 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места и една фотографија JPG формат во боја , големина како за пасош . При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци. Потребната документација за виза, потребно е да ја доставите најдоцна 1 месец пред патувањето. Доколку патниците не достават документација за виза во наведениот рок, должни се сами да си обебедат виза за патувањето. Доколку патниците си обезбедуваат виза сами, потребно е најдоцна 20 дена пред патувањето да достават копија од визата.

 

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

 


Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е ТА ОРФЕЈ ТРАВЕЛ И ТУР ОПЕРАТОР
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување.
  • Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ОРФЕЈ ТРАВЕЛ И ТУР ОПЕРАТОР од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.