orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Пролетни понуди 2020

ВО СВЕТАТА ЗЕМЈА - ИЗРАЕЛ

 

ВО СВЕТАТА ЗЕМЈА - ИЗРАЕЛ

Термини: 04-08 Март и 23-27 Мај 2020

Државата Израел (מדינת ישראל Мединат Јисраел на хебрејскиدولة إسرائيل Даулат Исраел на арапски) е блиско источна земја, сместена на источниот раб на Средоземното море. Израел е парламентарна демократска држава и единствена еврејска држава во светот. Со површина од 20.770км2 ( без окупираните делови )  има 7мил. жители според пописот од 2006г. Името потекнува од Јаков,покасно преименуван во Израел, еден од патриархите на еврејскиот народ од кој имал 12 синови,а од нив настанале 12 израелки племиња. Израелкото знаеме има корени од еврејската традиција. Белата позадина симболизира чистота. Средината е Давидовата звезда, која го симболизира сојузот помеѓу Господ и Евреите. Горниот триаголник на звездата го симболизира Господ како се наведнува према народот, а долниот триаголник ги симболизира Евреите кој ги пружаат рацете кон Господ. Плавите линии симболизираат Talit, Еврејскиот молитвен шал. Земја каде што се остварува сонот,ветена од Господа Аврам и неговите следбеници. девет од десетте мерила за убавина.Неговите храмови, археолошки ископини, цркви, џамии и Наследство во кое децата на Израел беа водени од Мојсие по егзодусот од Египет, соединети во моќна Хибру нација под водство на Давид и Соломон.Родното место на Исус Христос  и колевката на три големи монотеистички религии: христијанство,јудизам и муслиманство.Израел е познат низ историјата во целиот свет како првобитен извор на Библијата. Ерусалим – Златен Град, Вечен Град, Градот на Давид , Градот на Цион се само еден дел од имињата кои ги има овој древен град.Поетски имиња преку кои се представува древната историја стара 2000години, град кои некогаш бил сметан за центар на светот, град во кои се вели дека содржи синагоги, стари пазари, модерни хотели и ресторани се доказ за неговата долга историја- шареноликоста на народите и културите кои илјадници години живеат во овој вечен град, се уникатноста на Ерусалим.

                                                                                                                                                    ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

1.Ден СКОПЈЕ – СОФИЈА - ТЕЛ АВИВ 

(Тел Авив Стариот Град – Јерусалим -Планината Зион –  Еврејски Кварт – Западниот Ѕид)

Состанок на грпата на пред хотел Холидеј Ин во Скопје вечерта во 22.00 часот на одбраниот датум 2019.  ТРансфер до аеродромот во Софија. Пристигнување во Софија. Лет за Тел Авив во 06.25 часот наутро со Визер. Пристигнување во Тел Авив во 09.35  . По завршуавањето на сите пасошки и царински контроли , нашиот партнер и возач ќе не пречекаат и ке започне нашиот програм со посета на уметничкиот кварт OLD JAFA стариот град во Тел Авив, посета на менувачница ( промена на пари) , продолжуваме кон Јерусалим со посета на базиликата на Светиот гроб, тука ке ги посетиме Тука ќе ги посетиме Голгота, плочата на миропомазувањето и Христовиот Гроб. Продолжуваме кон планината Зион и Еврејскиот кварт – каде ке влеземе во собата каде се одржала последната вечера – Тајната вечера, потоа продолжуваме преку еврејскиот кварт до западниот зид – Зидот на плачот – најголемото еврејско светилиште. Пристигнување во хотел,  Сместување. Вечера. Нокевање 

2.Ден: Витлеем-Јерусалим–МаслиноватаГора
Појадок. Посета на Пештерата со Јаслите во Црквата на Светото Рожденство  во Витлеем, од каде продолжуваме кон Маслиновата Гора каде ќе имаме можност за прекрасен  панорамски поглед на вечниот Свет Град. Продолжуваме кон Светите Олтари на Маслиновата Гора, Оче Наш, Капелата Dominos на вознесението и Базиликата на Агонијата во Гециманската Градина, позната како Базилика на Сите Нации. Во Гециманската Градина Исус ги поминал последните часови пред да биде уапсен. Посета на гробот на Мајката Божја кој се наоѓа под земја а на површината е само влезот. Во гробот се наоѓаат и гробовите на нејзините родители Св.Ана и Св.Јоаким и гробот на Св.Јосиф. Гробот на Богородица е празен бидејќи од него телото на Богородица се вознесло на небото. Прошетката продолжува во Стариот град со посета на Via Dolorosa – патот на Христовото Страдание. Ќе влеземе во Кулата Antonia, затворот каде Исус ги поминал последните часови пред да биде осуден, па повторно, по Патот на Крстот, Via Dolorosa, ке стигнеме до Базиликата на Светиот Гроб. Враќање во хотел. Вечера.Нокевање.

3. Ден:  НАЗАРЕТ- КАНА ГАЛИЛЕЈСКА- КАБЕРНАУМ- ТАБХА-ГАЛИЛЕЈСКО ЕЗЕРО

Појадок. По појадокот се упатуваме кон Назарет, ќе ја посетиме православната Базиликата на Благовештението и Пештерата над изворот каде Архангел Гаврил се јавил на Марија и и соопштил дека ке го роди Исус. Продолжуваме кон Местото Кана со посета на црквата Кана Галилејска – тоа црквата на венчанието каге Исус за време на една свадбена церемонија кога снемало вино Исус водата ја претворил во вино ( ова се смета за едно од многуте чуда ). Потоа посета на Кабернаум и црквата на 12 те Апостоли, црквата на умножувањето. Ке имате можност за пловидба со брод по Галилејското езеро ( факултативно) со ручек во ресторан. Враќање во хотел. Патот го продолжуваме кон Тибериас. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање

4.Ден:ЈЕРИХОН-Јарденит-МРТВОМОРЕ
По појадокот. Се упатуваме кон градчето Јерихон – најстариот град на светот, од каде со жичара ке го посетиме манастирот на Искушението (ФАКУЛТАТИВНО) место каде Исус 40 дена постел и се молел. Се упатуваме кон Yardenit, местото каде Св. Јован го извршил крштевањето и каде ке имате можност да се крстите во светите води на реката Јордан. Од овде се упатуваме кон најниската точка на Земјината топка, окулу 400м под морското ниво, кон Мртвото Море каде ќе имаме можност да запливаме ( или плутаме ) во пријатно топлата вода. Враќање во хотел. Вечера. Нокевање.

5.Ден  ТЕЛ АВИВ –СОЛУН-СКОПЈЕ 

Појадок. Одјавување на собите. Заминување за Тел Авив .со попатна посета на местото ЛОТ и црквата на Св.Ѓорги. Трансфер до аеродромот . Лет од Тел Авив за Солун 15,55 часот. По локално време. Пристигнување во Солун во 19.20 часот. Трансфер до Скопје. Пристигнување во Скопје .околу 23.00 часот.

И ДОГОДИНА ВО ЈЕРУСАЛЕМ – АМИН

Напомена: организаторот на патувањето го задржува правото на делумни измени  и промени во распоредот и редоследот на програмата и посетите / се зависи од самата состојба затекната на теренот.

 

ПАКЕТ АРАНЖМАН – ИЗРАЕЛ со лет од СОФИЈА

ТЕРМИНИ НА РЕАЛИЗАЦИЈА

ЦЕНА РАНА УПЛАТА

РЕДОВНА ЦЕНА

04-08 Март 2020

23-27 Мај 2020

Цена: 399 € / важи за уплата до 15.11.2019

549 €

 

ПАКЕТ АРАНЖМАН – ИЗРАЕЛ со лет од СОФИЈА

4 (HB) полупансиона

Доплата за еднокреветна соба

150 € / 9.300мкд

 

ЦЕНАТА Е ВКАЛКУЛИРАНА ЗА МИНИМУМ 15 ПАТНИЦИ

За уплата по ран букинг се плаќа 100 % од цената кој е неруфндабилен,

за уплата по редовна цена се плаќа 50 % со резервација , а остатокот од 50 % 1 месец пред почеток на аранжманот

Плаќањето е исклучиво во МКД

Во цената е вклучено :

  • Повратен авионски билет на релација СОФИЈА – ТЕЛ АВИВ -СОФИЈА ( WIZZAIR)
  • Трансфер од Скопје до аеродромот во Софија и обратно
  • 4 ноќевања во хотели со 3 * според програмата ,  локална категоризација од кои

        (4нокевања на полупансион)

  • Сите трансфери според програма
  • Багаж само рачен кабински до 8 кг со димензии 40х25х20 см
  • Посетите со вклучени влезници према порграмата
  • Водич стручен за ова патување.
  • Организација на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • Аеродромски такси ( 140 € / 8.680мкд  )
  • Жичара од 20  ЕУР
  • Возење  по Галилејско море со вклучен ручек во рибен ресторан 40 ЕУР
  • Задолжителен типс за возачите 50 евра
  • Дополнителни услуги, пијалоци кои не се наведени во програмата
  • Влезници во верски објекти и музеи
  • Задолжително  патничко осигурување ....... од 300 до 550 денари
  •  

Забелешки и важни напомени:

- При правење на резервација се молат патниците да достават копија од првата страна на пасошот,во спротивно агенцијата нема одговорност за издавање на билетот со погрешни имиња,а патниците сами плаќаат пенали за ново издавање на авиобилетот.

- Дополнителен багаж кабински или Чекиран багаж се доплаќа според условите на авиокомпанијата

- Доколку бројот на патници е помал од минималниот,аранжманот не се откажува, но цената ќе се зголеми, зависно од бројот на патниците.

-Имињата на хотелите ќе бидат познати по формирање на групата а категоризацијата е според локалните критериуми

- Организаторот на патувањето го задржува правото на делумни измени на распоредот на турата во зависност од состојбата на теренот, како и правото во случај на промена на цената на авионскиот превоз , да ја промени цената на аранжманот.

-Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ кои се составен дел на оваа програма

- Уплата исклучиво во МКД  курс  1 ЕУР   =  62,00 МКД


ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА  НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 15 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
Општите услови за патување се составен дел од овој аранжман

НАПОМЕНИ:
- Во случај на помал број од 15 пријавени патници, но најмалку 12, аранжманот нема да се откаже, но цената ќе претрпи промена
- Доколку не се оствари минималниот број на патници агенцијата го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
- Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
- Краен рок за отказ на аранжманот од страна на агенцијата е
5 дена пред патувањето.
- Плаќањето и доплатите во земјата во врска со ова патување, патниците ги вршат во денари. 
- Факултативните излети се плаќаат исклучиво во валутата на земјата која е цел на патување,  на лице место.
- Содржината на Панорамските тури и разгледите се подложни на промени условени од оправдани причини, (застој во сообраќајот, локални штрајкови, лоши временски услови…)
- Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен агенцијата не може да гарантира, со исклучок во случај кога за одреден хотел постои доплата со која патникот си обезбедува поглед на море / базен.
- Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и ино партнерот. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. 
- Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. 
- Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога има доплата за истите.
- За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се рачуна од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14
:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
- Дополнителните односно помошните кревети најчесто се на расклопување, и често пати со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен кревет, и во истите децата го делат истиот лежај со родителите.
- Организаторот не сноси одговорност за евентуалните поинакви усни информации за програмата на патување.
- Цената на аеродромските такси е подлежна на промена и не зависи од организаторот на аранжманот туку од самата авио компанија. Точната цена на аеродромската такса се утврдува при издавањето на авионската карта, најдоцна 48 часа пред почеток на патувањето.
- Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на поедини содржини заради објективни околности.
- Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ кои се составен дел на оваа програма.

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место

 

  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот (во случајот промена на цена на авио билетот) или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.