ТОСКАНА :  Фиренца - Сиена - Пиза - Чин

Термини:  / 05-09.12,2019 / 16-20.01.2020 / 05-09.03.2020

ЦЕНА  ЗА РАНА УПЛАТА НА АРАНЖМАНОТ (ВАЖИ ДО 15.11.2019): €239,00  или во МКД 14.820,00

" />
orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Пролетни понуди 2020

Фиренца - Сиена - Пиза

1 ДЕН: СКОПЈЕ-НИШ –БОЛОЊА

Состанок на групата пред хотел Холидеј ин во Скопје. Трансфер до аеродромот во Ниш. Полетување за Болоња во 16.10 и слетување во Болоња во 17.50. Трансфер до Монтекатини Терме (околу 1 час ) и сместување во хотелот во Монтекатини Терме. Нокевање.

 

2 ДЕН: БОЛОЊА –РИМИНИ-САН МАРИНО   Факултативно

Појадок. Попојадокот целодневна факултативна екскурзија посета на Болоња, од тука одиме до Римини со посета на Сан Марино. Враќање во хотел. Нокевање.

 

3 ДЕН: Фиренца – Сиена   цел ден  факултативно

Појадок. ФАКУЛТАТИВНО: ПОЛУДНЕВЕН, Разглед на главниот град на Тоскана: Катедралата Дуомо со автентичната купола – чудо на ренесансната архитектура, Палатата Векио – Градското Собрание, Плоштадот Сињорија – познат по репликата на Микеланџеловиот Давид и Галеријата Уфици, Понте Векио – стариот Мост од 14 век,... Mожност за посета на Галеријата Уфици која е една од најстарите и најпознати музеи во светот. Во неа се наоѓаат најпознатите дела на големите мајстори како Ботичели, Џото, Леонардо, Микеланџело, Рафаел, Тицијан...

Попладнето, ФАКУЛТАТИВНО , Препорачуваме полудневна посета на Сиена, еден од најубавите средновековни градови, вечниот “ривал” на Фиренца. Сиена е позната по готската архитектура со карактеристична црвена боја. Разглед на градот, опколен со ѕидини од 16 век, Плоштадот Ил Кампо во форма на школка, еден од најубавите плоштади во Европа каде доминира Градската Палата со високата кула, Катедралата со богата мозаична декорација... Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

 

4 ДЕН : МОНТЕКАТИНИ ТЕРМЕ  ПИЗА – ЧИНКВЕТЕРЕ  ( ЦЕЛОДНЕВНА)

Појадок. Појадок. Препорачуваме целодневна факултативна посета Пиза Пристигнување во Пиза и прошетка по еден од највеличенствените плоштади во Италија со Катедралата, Крстилницата и познатиот симбол – Кривата кула. на CINQUE TERRE кој е под заштита на УНЕСКО од 1997 година и до кој се стигнува со воз од La Spezia. Cinque Terre е област на лигурското крајбрежје, во превод значи Пет земји, бидејќи е составено од пет села (Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola i Riomaggiore и заедно со околните планини го сочинуваат Националниот парк Cinque Terre. Зградите се шарени, претежно во пастелни нијанси, со тесни улички кој одамна му рекле “не” на модернизмот, и кој може да ги доживеете само доколку ги прошетате. Враќање во La Spezia и поаѓање за Монтекатини Терме. Нокевање.

 

 

 

5 ДЕН  МОНТЕКАТИНИ-БОЛОЊА-НИШ-СКОПЈЕ

Појадок. Трансфер до аеродромот Болоња. Лет за Ниш во 13.45. Пристигнување во Ниш 15.20. Трансфер до Скопје. Пристигнување во Скопје околу 22.00 часот.

 

Хотел 3 *** во Монтекатини Терме  

Цена за рана уплата до 15.11.2019  /  249 евра (15.438,00 денари)

Редовна цена на аранжманот:    399 евра (24.738 денари)

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Ниш - Болоња-Ниш
  • Трансферот од Скопје до аеродромот Ниш и обратно
  • Рачен багаж (1 торба/куфер до 8 кг) со димензии 55х40х20
  • Организиран трансфер од Аеродромот Болоња до Хотелот и обратно
  • Сместување во хотел со 3 *** во Монтекатини Терме  на база  4  НП
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 3.720,00 денари
  • За чекиран багаж се доплака според условите на авиокомпанијата
  • Посета на Сиена (превоз и локален водич) 50 евра
  • Разгледување на Фиренца ...45 Евра
  • Разглед на Пиза 45 евра
  • Чинкветере целодневна со посета на 5те селца............... 65 Евра по лице
  • Факултативен целодневен излет БПЛОЊА-РИМИНИ-САН МАРИНО..50 Евра
  • Влезница за Галеријата Уфици 25 евра (резервација при уплата на  аранжманот)
  • Туристичка такса 3,50 / 4,50 евра на ден (се плаќа во хотелот на рецепција)
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување 250 денари

НАПОМЕНИ:

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување кои се составен дел на секој договор за аранжман.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци  или 90 дена по завршувањето на патувањето.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место

 

  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот (во случајот промена на цена на авио билетот) или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.