orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Есенски тури

Есенска тура: РИМ - НЕАПОЛ

РИМ  - НЕАПОЛ 6 дена со авион / 5 НП

ЦЕНАТА ВАЖИ ЗА ТЕРМИНИТЕ: ( 06-11.09.2018  и  18-23.10.2019)

 

Програма:
1 ден Скопје – Рим :
Состанок на групата на аеродромот Скопје. Лет од Скопје за Рим во 13.15 часот. Пристигнување во Рим во 15.00. Трансфер до хотелот, одлагање на багажот во соба за багаж. ФАКУЛТАТИВНО , Панорамски разглед на градот со водич пеш: Железничката станица Термини, Сан Пјетро ин Винколи, Колосеумот со Римскиот форум ,Виа Венето, Шпански скали, Пјаца дел Пополо, Виа дел Корзо, Фонтана ди Треви и Плоштадот Венеција, плоштадот Навона, Пантхенон, Враќање во хотел.Сместување .Слободно попладне за индивидуални активности, шопинг. Ноќевање.

 

2 ден РИМ  ( факултативно Ватикан,Сикстинска капела, црквата Св. Петар)
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативна посета на Ватикан: Сикстинската капела, Ватиканските музеи, црквата Св.Петар. Прошетка до Замокот на Ангелите и преку мостот на Ангелите до Плоштадот Навона, позната и како уметничка четврт на Рим. Посета на Пантеонот. Вечерта, препорачуваме да го посетите квартот Трастевере. Ноќевање                                                                                                                                                

3 ден) РИМ – НЕАПОЛ

Појадок.  Превоз до Неапол. Сместување во хотел во Неапол.  Факултативно,    панорамски разглед на Неапол: катедралата Св.Генаро, црквите Св.Лоренцо Маѓоре и Св.Доменико Маѓоре, плоштадот Гесу, Порта Алба, плоштадите Данте и Белини...  Сместување во хотел. Ноќевање  

 

4 ден ) НЕАПОЛ- САЛЕРНО-СОРЕНТО  ( Факултативна екскурзија)

Појадок. Факултативно екскурзија - Соренто, романтичниот град на сонцето, отмен, гостопримлив исполнет со медитерански дух. Пејсажот е нешто што е единствено само во овој град. Тесните колоритни улички исполнети со туристи се главна карактеристика на овој град. Двете пристаништа “Marina Grande” и “Marina Piccola, именувани по нивната големина можете да ги посетите симнувајќи се по скали или со лифтови. Тука е секако и главниот плоштад Тесо. Движејќи се по најпрочуениот брег во Италија, Амалфи брегот, посета на уште едно прекрасно место кое излегува на Тиренско море Салерно. Салерно е главен културен, уметнички и научен центар. Денеска претставува главна туристичка атракција. Во самиот град е катедралата каде што се наоѓа гробницата на Св.Матеј еден од 12те апостоли, црквата SS.Annuziata која е изградена во 14в., улицата Lungomare Trieste главната променада на Салерно, замокот Castello di Arechi граден во византиски стил, стариот град на Салерно.. Враќање во хотел. Нокевање.

 

5 ден)  НЕАПОЛ – островот КАПРИ ( Факултативна екскурзија )

Појадок. Се упатуваме кон пристаништето во Неапол од каде со брод тргнуваме кон островот Капри – гламурозно градче на врвот на островот од каде ке уживаме во прекрасниот поглед кој го нуди ова место. Слободно време да уживате во шопинг, и да пробате од неои од специјалитетите кои ги нудат многуте ресторани и пицерии.

Враќање со бродчето до пристаништето во Неапол. Слободно време. Нокевање.                                                                                                                                               

 

 6 ден   Неапол -Софија – Скопје
Појадок. Одјавување од Хотелот. Трансфер до Неапол и факултативен разглед на Неапол . Вечерта трансфер до аеродромот во Неапол.   Лет за Софија во 21:40. Пристигнување во Солун во 00.10.  Трансфер од аеродромот Софија за Скопје. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ569 ЕУР (за уплата до 10.08.2019)
   РЕДОВНА ЦЕНА ......................................... 699 ЕУР

 

Во цената на пакетот е вклучено:
– Автобуски превоз Софија - Скопје
– Авионски превоз на релација: Скопје – Рим  //  Неапол - Софија
– Рачен багаж максимум 8 кг  со димензии ( 40х30х20)  
– Хотелско сместување во хотел *** / 2 НП во Рим и 3 НП во Неапол

- ПРЕВОЗ ОД Рим до Неапол со воз или автобус
– Трансфер аеродром – хотел– аеродром
– Организација и реализација на аранжманот

 

Во цената на пакетот не е вклучено:
– Аеродромски такси 4.950,00 денари

 //   за чекиран багаж се доплака според условите на авиокомпанијата //                          

  - Разглед на градот  Рим со водич............ 25 ЕУР по лице 

  / Ватикан -Сиксинска капела –Св Петар.... 50 ЕУР по лице

 - Екскурзија  разглед на Неапол.............. 35 ЕУР по лице

- Ексурзија Соренто и Салермо................... 48 ЕУР по лице

- Екскурзија со брод до Капри...................   42 ЕУР по лице

 

 ( ЗАДОЛЖИТЕЛНО пријавување и уплата  за факултативите 15 дена пред поаѓање)

– Туристичка такса од 4-6 евра на ден (се плаќа во хотелот на лице место, при земањето на клучевите од собите)  Секој патник си плака на рецепцијата на хотелот
– Задолжително патничко здравствено осигурување 180 мкд

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

НАПОМЕНА:  Организаторот може да ја измени турата во однос на нокевањата цената е иста и доколку има три нокевања во Рим и две нокевања во Неапол.