orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Есенски тури

Кападокија (авионска тура) 06-09.09.2019

Ако постои бајка за магична земја од глина, веројатно, ќе изгледа исто како и Кападокија. Овој прекрасен регион во Централна Турција е познат по уникатните карпести форми во кои древните народи ги направиле нивните домови и цркви.

 

1 ден - Скопје-Истанбул-Кајсери ►Состанок на групата на аеродром Скопје два часа пред полетување. Полетување со Pegasus во 11:40 часот . Слетување во Истанбул 14:10, полетување за Кајсери . Слетување во Кајсери , организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување. Ноќевање.

 

2 ден ►Појадок во хотел.ФАКУЛТАТИВНО,  Заминување на групата за Goreme. Посета на Open Air Museum каде што можат да се видат остатоци од Византиската култура во камените цркви од 10, 11 и 12 век. Веднаш потоа следува панорамски разглед на Ugrup со пауза за дегустација на Вино. посета на Uchisar, пештерскиот град за кој сеуште е непознато од кој период потекнува. Ќе се задржиме на рзглед на една од најстарите вили од градот, каде се снимени повеќе познати филмови. Овде Ви нудиме можност да ги направите најубавите панорамски слики на Кападокија од една од највисоките карпи во Uchisar. Организиран ручек во локален ресторан (факултативно) Попладнето можност за факултативна посета на Деверент долината која се наоѓа на само 10мин возење од Гореме. Долината изобилува со карпи кои имаат форма на животни, па затоа и се нарекува Камена Зоолошка Градина. Посета на Pasabag (Monk's Valley), каде што можат да се видат уникатни карпи во форма на печурки. Посета на Cavusin, најстарото село во Кападокија, каде ќе имате можност да ја посетите црквата Св. Јован Крстител. Црквата датира од 5 век и се наоѓа на највисокото место од селото и нуди можност за одлични панорамски снимки. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден ►Појадок. Во раните утрински часови можност за факултативно летање со балон на Кападокија. Попладне организирана посета на подземните градови Kaymakli и Derinkuyu. Ова се двата најдолги и најдлабоки од сите 40 подземни градови во Кападокија. Двата имаат по 8 катови но не се сите отворени за посета.). Враќање во хотел . Ноќевање.

4 ден - Кајсери-Истанбул-Скопје ►Ланч пакет за појадок. Трансфер до аеродром. Полетување за Истанбул Скопје .  Пристигнување во Истанбул . Лет од Истанбул за Скопје . Пристигнување во Скопје 

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА РАНА УПЛАТА ДО 30.05.2019:     249 €  (15.438, 00 мкд.)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :  349 ЕУР

 

 

Во цената се вклучени следниве услуги:

• Авиобилет на релација Скопје-Кајсери-Скопје  ( преку Истанбул со СТОП)

• 3 ноќевања со појадок во хотел 3*** 

• Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно

• Локален водич

Во цената не се вклучени следниве услуги:

• Аеродромски такси  90 еур / 5 580 мкд (со променлива вредност) се плаќаат во агенцијата при уплата на аранжманот

• Задолжително здравствено и патничко осигурување

 

 

 - Факултативни излети:

 

- Факултативно летање со балон  ( за летање со балон потребна е резервација однапред минимум 15 дена пред поаѓање ) Цената зависи од денот на резервација и уплата која се проверува на денот на резервација а се движи од 160 до 260 евра по лице. Агенцијата не сноси одговорност доколку летањето со балон се одложи поради лошо време и немање можност за летање.

 

- Сина тура (посета на подземните градови Kaymakli и Derinkuyu. Ова се двата најдолги и најдлабоки од сите 40 подземни градови во Кападокија) со вклучен ручек – 45 евра

 

-Црвена тура(Open Air Museum , Посета на Pasabag (Monk's Valley ) со вклучен ручек – 45 евра

 

 

Напомена: За да се резервираат дополнителните екскурзии со цел да се обезбеди сигурна реализација, потребна е резервација при самата уплата на аранжманот, најдоцна 1 недела пред тргнување !

 

►Плаќањето е задолжително во денари

►За ова патување потребен е валиден биометриски пасош (виза не е потребна)

 ►За резервација задолжителна е уплата аванс од 50% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување

►За реализација на аранжманот потребен е минимум од 10 патници, за да патува пратител од Скопје потребен е минимум на пријавени 15 патници.