orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Далечни патувања

Мексико

Одиме на величенствените Кариби во магичното Мексико! Ве водиме во земјата на сомбрерата, брзиот гонзалес, текилите, тортиљите и омилениот чили сос. Во земјата која со својата историја, културен диверзитет, легендите и неверојатните пространства ќе ве купи за цел живот! 


 

Термини Мексико од Скопје:          ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО 10.08.2021

ХОТЕЛ 3***  НОКЕВАЊЕ/ПОЈАДОК

HOTEL SELINA DOWN TOWN

ХОТЕЛ 5* allinclusive

GRAND OASIS

                                                    

 26.08 - 05.09.2021 |                     1.099 €                              1.499 €                 

 02.09 - 12.09.2021 |                     1.099 €                              1.499 €  

 23.09 - 03.10.2021                       1.099 €                              1.499 €

По завршување на рокот за рана уплата цените се повисоки за 185 евра              

 Цената важи за 2 лица / како индивидуално патување

План и програма
 

Ден 1: Состанок на групата и поаѓање

Состанок на групата на Mеѓународниот аеродом во Скопје два часа пред лет. Лет за Канкун со едно нокевање во Барцелона во хотел со 3***. Нокевање во Барцелона.

Ден 2: Пристигнување во Канкун и трансфер до Хотелот

Лет за Канкун .Пристигнување во Канкун. Трансфер до хотелот преубаво место на брегот на Карипското Море во државата Кинтана Ро (Quintana Roo). Бескрајна песочна плажа, тиркизно сино море какво никогаш не сте виделе, убаво средени улици, продавници за сувенири, мексикански кантини и ресторани, маријачи, барови... Сместување во хотел. Вечерта, по желба, одиме на традиционална мексиканска вечера, а потоа во бар на неколку пијачки (текила, пиво или коктели, одлучете сами). 

  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Сместување: во избраниот хотел

Ден  од 3 до 9 ден : Слободни денови за уживање во Карипскиот рај

Слободни денови во Плаја дел Кармен и прилика да ги впиеме последните сончеви зраци на Мексиканското сонце.

Ден 10: Напуштање на сместувањето и враќање

Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром. 

Ден 11: Пристигнување и крај на патувањето

Пристигнување во Истанбул и полетување за Скопје. Крај на патувањето.


 

Во цената е вклучено:

  • Комплетна организација и услуги од претставникот на агенцијата на дестинацијата
  • Сместување во двокреветни соби на база на 9 ноќевања со појадок (континентален појадок) во одбраниот хотел * (локална категоризација) во Канкун 
  • трансфери од аеродром до сместување, од сместување до аеродром
  • Повратен авионски билет со сите такси на релација Скопје - - Канкун -  Скопје, во економска класа со  едно преседнување
  • Храна (континентален појадок)
     

Last minute до 10.08.21

 

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 50% од цената, по добивање на виза се уплаќаат остатокот. 

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не сноси одговорност. Пријавата е валидна единствено со уплаќање на аванс.

Во цената не е е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Мексико
  • Багажот се доплака според условите на авио компаниите превозници

Факултативни излети: 

  • Чичен Ица (Chichen Itza) Цена: 80,00 EUR
  • Тулум (Tulum) и Коба (Coba) Цена: 60,00 EUR
  • Три сеноти Цена: 50,00 EUR
  • Исла Мухерес (Isla Muјeres) Цена: 85,00 EUR
  • Исла Холбош (Isla Holbox) Цена: 70,00 EUR
  • Мерида Цена: 60,00 EUR
  • Rio Lagartos и Las Coloradas Цена: 70,00 EUR

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

1.ВИЗИ

За државјаните на Р. С. Македонија е потребна виза за влез во земјата. Надлежна амбасада е амбасадата на Мексико во Белград и неопходно е лично присуство. Визата во главно важи за 6 месеци од денот на издавање и оваа информација е неопходно да ја проверите пред закажување на терминот во амбасадата. Оваа информација е многу важна, за да не дојдете во ситуација визата да истече пред да заминете на пат, доколку визата ја регулирате многу порано од самото поаѓање.

* На патниците кои поседуваат важечка виза за САД не им е потребна виза за Мексико.

* За време на слетувањето во Мексико, на аеродромот добивате формулари кои е потребно да ги пополните пред миграциските контроли. Дел од формуларите го задржувате и го чувате се до излез од земјата.

2.ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА

Не е потребна вакцинација за влез во земјата. Се препорачува консумирање на флаширана вода. Пожелно е да понесете лекови за стомачни болки (пробиотик) и фервекс или некои лекови за болки и покачена температура, за секој случај.

3.ВРЕМЕНСКА ЗОНА

Мексико се наоѓа во UTC - 6 временска зона, 7 часа во однос на С. Македонија.]

4.НАПОМЕНА

  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Агенцијата не гарантира и не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.