orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Далечни патувања

Русија - Москва и Санкт Петербург

Русија - Москва и Санкт Петербург

 7 ДЕНА / 6 НОКЕВАЊА СО АВИОН ОД СКОПЈЕ

ТЕРМИНИ : // 05-11.10.2021//07-13.Март 2022 // 25.04-01.05.2022// 13-19 Јуни 2022//

1 ДЕН СКОПЈЕ -  САНКТ ПЕТЕРБУРГ Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Лет за  Санкт Петербург. Пристигнување и  Организиран Панорамски разглед на културната престолнина на Русија: Булеварот Невски, Казанската црква, Дворскиот плоштад, Адмиралитетот, Василевскиот Остров, Ермитаж, Исакиевата Соборна црква, Бронзениот Коњаник, Смољни... Посета на Петропавловската тврдина, проектирана да ја заштити ново освоената територија, која го изгубила военото значење пред да биде завршена. Нејзините топови никогаш не извеле воена акција и биле употребувани само како сигнал за предупредување од поплави. Тврдината, речиси 200 години служела како политички затвор. Во центарот на тврдината се наоѓа Соборната црква Свети Петар и Павле. Прошетката продолжува до црквата Свети Исак изградена во чест на светецот заштитник на Петар Велики. Некогаш била главна црква во Русија и една од најголемите цркви со купола во светот, која може да прими до 10.000 посетители. трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

2 ДЕН САНКТ ПЕТЕРБУРГ - ЕРМИТАЖ Појадок. Препорачуваме ФАКУЛТАТИВНО,посета на Ермитаж, еден од најголемите светски музеи на уметноста и културата (превоз со метро). Во повеќе од 400 простории, во Зимскиот дворец и во неколку раскошни палати се прикажани околу 3 милиони уметнички предмети. Меѓу ремек делата најголемо внимание привлекуваат сликите на Леонардо Да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Пикасо... Ноќевање.

3 ДЕН САНКТ ПЕТЕРБУРГ - ЦАРСКО СЕЛО Појадок. Препорачуваме Факултативно,прошетка до летната резиденција на Екатерина Велика во Царско Село, Пушкин. Посета на дворецот за чија декорација е употребено 100 килограми злато, ентериерот фасцинира со сјајот на уметничките предмети и портрети на династијата Романови. По повод 300 годишнината од основањето на градот, е завршена обновата на прочуената Килибарска соба, која на дворецот му го врати стариот сјај. Убавината е надополнета со преубавиот простран парк, исполнет со фонтани, канали, мостови и езера. Ноќевање.

4 ДЕН САНКТ ПЕТЕРБУРГ - МОСКВА Појадок. Трансфер до аеродромот во Санкт Петербург . Лет за Москва. Пристигнување и трансфер до хотелот. Сместување во хотелот. Организиран разглед со запознавање со моќната руска престолнина: Црвениот плоштад, Кремљ, Твeрската улица, Големиот театар, Новодевичкиот манастир, Универзитетот Ломоносов, Мосфилмовската улица каде се наоѓаат повеќето амбасади, Мосфилм (рускиот Холивуд), со интересна приказна на локалниот водич за историјата и секојдневниот живот на Москва. Ноќевање.

5 ДЕН МОСКВА - КРЕМЉ Појадок. Факултативна посета на Кремљ, историскиот центар на Москва, неповторлив по својата убавина. Комплексот е опкружен со реката Москва на југ, Црквата Свети Василиј Блажени и Црвениот плоштад на исток и Александровата градина на запад. Во прошетката се разгледуваат Успенската, Архангелската и Благовештенската Црква, Царскиот топ од 14 век, Царското ѕвоно и Претседателската палата. Кремљ претставува поранешна резиденција на руските цареви. Можност да се присуствува на ”промена на царската гарда” и обиколка на царската ризница богата со круни, злато, дијаманти... Слободно време за индивидуални прошетки, можност за посета на раскошниот трговски центар ГУМ на Црвениот плоштад. Ноќевање.

6 ДЕН МОСКВА  Појадо. По појадокот, препорачуваме да ги посетите улиците Мал и Голем Арбат ( пешачка зона со многу ресторани, продавници за сувенири ) , да ја посетите Храмот на  Христос Спасител. Вечерта предлагаме прошетка по Московското метро каде ге ги видите неколку од најубавите Метро станици. Нокевање

 7 ДЕН МОСКВА - СКОПЈЕ Појадок. Организиран трансфер до Аеродромот во Москва. Полетување за Скопје во 07:50 часот (локално време). Пристигнување во Скопје во 10:15 часот

 

 ТЕРМИНИ : // 05-11.10.2021// 07-13.Март 2022 // 25.04-01.05.2022// 13-19 Јуни 2022//

 

Цена за рана уплата до 16 Септември 2021 : 699 ЕУР / 43.338,00 денари

Редовна цена на аранжманот 779 ЕУР

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

· Повратен авионски билет Скопје-Санкт Петербург- Москва- Скопје  со вклучени аеродромски такси

 Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20 см до 10 кг) 

· Трансферите во Санкт Петербург од аеродромот до хотелот и обратно

· Трансферите во Москва од Аеродром до хотелот и обратно

· Сместување во хотели со 3/4 *** на база нокевање со појадок

 

 Во цената на аранжманот не е вклучено :

 · Факултативните излети и посети

- Посета на Ермитаж ………….. 45,00  €

- Посета на Царско сели ( Пушкин)….. 60,00 €

- Панорамски разглед на Москва со водич и превоз ……. 25,00 €

- Панорамско разглед на Санкт Петерсбург со превоз и водич … 25,00 €

 - Посета на Кремлин палатата (Кремљ) …………. 45,00 €

- Вечерна прошетка на најубавите метро станици..... 10,00 €

- Во цената е вклучен само рачен багаж до 8 килограми

- За дополнителен поголем или чекиран багаж се наплаќа според Условите на авиокомпаниите со кои се патува.

За ова како и за сите патувања важат мерките и протоколите на државата во која патуваме. Во моментот за Русија се патува со ПЦР тест не постар од 72 часа, сертификат за две примени вакцини. Внимателно се следат сите мерки како и нивните промени доколку дојде до промена. Важечка патна исправа со рок на важност од минимум 6 месеци од денот на излез од Русија