orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Пролетни патувања

КАПАДОКИЈА

К  А  П  А  Д  О  К  И  Ј  А

Приказната за магијата на Кападокија е целосна само ако бидат земени предвид сите три аспекти што ја дефинираат: природен, историски и религиозен. Името Кападокија на персиски значи „земја на убави коњи“. Поради својата улога која ја имала  за време на раното христијанство, нејзиното  друго име е „Лулка на христијанството“. Сепак, по она што е најпозната Кападокија се необичните камени скулптури, популарно познати како „самовилни  оџаци“, кои се создадени со таложење на бел вулкански пепел. Извајани со векови на дожд, ветер и сонце, овие монументални фигури денес се едно од најголемите чуда на природата и една од неизбежните туристички дестинации во Турција. Традиционалните кападокиски куќи и гулабници врежани во карпите,  оџаци, шарени балони се  на се пејзажи кои не ве оставаат рамнодушни.

Токму ова, за сите љубители на патувањата, Кападокија е неизбежна дестинација

14.04-18.04.2022
5 дена – 4 ноќевања

1 ден 14.04  2022 Скопје –Кајсери

Состанок на патниците  на аеродромот три часа пред полетување Полетувањата   за Истанбул во 0800 слетувањата во 1125

Полетување за Кајсери во 1400  Слетување  во Кајсери во 1520  Трансфер од аеродромот до хотел. Сместување во хотел, слободна вечер за индивидуални прошетки. Ноќевање.

2 ден 15.04  2022  Дервент –Пасабаги-Аванос –Ѓореме ( ЦРЕВЕНА ТУРА)

Појадок  Слободен ден за индивидуални активности, или целодневна факултативна екскурзија. Разгледот  започнува се  разбира, со  далеку славниот пејзаж на Кападокија Долината Деврент, недалеку од градот Зелва наречена  „Долина на имагинацијата“ – зачудувачка долина каде што можете да забележите природни карпести формации во многу препознатливи форми Посета на долината  „Pasabagi “ – позната и како Долина на монасите поради црквата Свети Симеон пронајдена таму и  познатите „бајковити камени оџаци   “-необични групи на повеќеглави карпести формации.Заминување за Аванос -мал, живописен град познат по својата вековна керамика од глина, од реката Kızılırmak (Црвена) која  за  прв пат се користела од Хитите пред 1700 г.п.е. Посета  на автентична семејна работилница за грнчарија и ликовна керамика лоцирана во подземна пештера,каде ќе се запознаете  со техниката на изработка на грнчарија и уметничко сликарство .Посета  на Гореме Музејот на отворено местото на  пештерски цркви пресечени во карпи со  извонредни фрески во нив. Излетот  завршува со посета на замокот  Учисар -кој е најголемата карпеста формација и највисоката точка на регионот Гореме во Кападокија. Враќање во хотел Ноќевање

3 ден 16.04  2022 Кајмакли –Ихлара  -Долината  на гулабите (ЗЕЛЕНА ТУРА )

 Појадок  Слободен ден за индивидуални активности, или целодневна факултативна екскурзија

 Разгледот започнува со посета на подземниот град Кајмакли кој селаните го откриле случајно, копајќи во желбата да направат остава и штали. Датира од периодот на Хетите, иако подоцна бил користен од христијаните. Градот е длабок 8 нивоа, од кои 4 се проодни за посетителите. Има простории за чување намирници, резервоар за вода, визби за вино и фурна за печење леб.Организиран ручек во целото Белисирма покрај реката Мелендиз По ручекот

 пешачка тура по долината Ихлара богата со  пештерни цркви издлабени од ранохристијански монаси. Посета на разботилница за скапоцени камења  каде ќе имате можност да се запоанете со нивната изработка и нивното значење во  Турската култура Разгеледот завршува со Pigeon valley –долината на гулабите со кратка пауза за  разглед и фотографирање Враќање во хотел.Ноќевање

4 ден 17.04  2022 Соганли-Собесос –Мустафпаша-Кешлик ( ПЛАВА ТУРА )

Рано наутро околу 04:30 ч(трансвер од хотел), факултативно едночасовно летање со балон над Кападокија,волшебно,незаборавно,несекојдневно доживување при изгревање на сонцето  (се разбира доколку временските услови дозволуваат ).Враќање во хотел помеѓу 7:15 и 7:30 ч.

Појадок во хотелот По појадокот организиран факултативен излет Разгледот започнува околу 09,30часот со посета на селото Соганли местото каде што можете да го видите оригиналниот стил на живот и вистинската култура на Кападокија , каде што луѓето живеат во оригинални пештери. Посета на Собессос  римско аерхолошко наоѓалиште каде што можете да видите бањи, гробници ,единствени  цветни мозаици. и храмови од римската ера, кои датираат од 4 век . Посета на со посета манастирот Кешлик, изграден во вулканските карпи,туф, уште во времето на Византијците, кој се  користел се до 1920 год ,се до селото Мустафпаша ,Поранешното име на Мустафапаша за време на ерата на Османлиската империја било Синасос. Мнозинството од населението биле  Грци и Караманлиди (христијани кои го зборувале  турски јазик) а  остатокот Турци , Во 1924 година со договорот за размена на население меѓу Грција и Турција, Грците и Караманлидите  го напуштаат  градот кон Неа Синасос, град во северниот дел на островот Евбеја во Грција, а биле заменети со Македонски муслимани и Турци од Костур  град во северна Грција.

Во попладневните часови враќање во хотел. Слободно време, препорачуваме факултативна можност за јавање на коњи низ мистичната “Земја на убавите коњи”.. Ноќевање.

5 ден  18.04 2022 Кајсери –Истанбул –Скопје

Појадок  ( lanch paket )Трансфер до аеродром. Полетување за Истанбул во 0720. Пристигнување  во 0840 Полетување за   Скопје во 1000.Пристигнување во 0930

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ    369€/ 22.878.00 до 25.03.2021

РЕДОВНА ЦЕНА 440€

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • - Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Кајсери – Истанбул – Скопје со Pegasus airlines
  • - Чекиран багаж до 20кг.
  • - Рачен багаж до 8кг.
  • - Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • - Сместување во хотел со 3*/4* на база 4 ноќевања со појадок
  • - Организиција на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Целодневен излет ЦРВЕНА ТУРА  трансфер, локален водич, влезници и вклучен ручек (без пијалок) – 55€ задолжително пријавување во агенција*

  • - Целодневен излет “ЗЕЛЕНА  ТУРА ” – трансфер, локален водич, влезници и вклучен ручек (без пијалок) – 55€ задолжително пријавување во агенција*
  • - Целодневен излет ПЛАВА ТУРА  со вклучен ручек (без пијалок) 55€ (2.790 мкд) * задолжително пријавување во агенција*
  • - Јавање коњи (1 час) – 35€ (2.170 мкд) * задолжително пријавување во агенција*
  • - Шоу програма танц на дервишите /во подземен ресторан со вечера – 30€ (1.860 мкд)  * задолжително пријавување во агенција*
  • - Вечерата вклучува 3 јадења/ мезе, салати, , главно јадење по ваш избор (риба, пилешко, јагнешко или вегетаријански оброк ), десерти и овошје како и  неограничени пијалоци (безалкохолни пиво, локално турско вино и Раки,- турска ракија со вкус на анасон
  • - Лет со балон – во зависност од моменталната можност за реализација и протоколите за Covid 19 (информација за цена,одобрение за лет поради Ковид 19, можни слободни места, ќе имаме непосредно пред патувањето.) Цена од 130€ – 160€.

 

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници.

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето.

За враќање во  Македонија  сите патници доколку не се вакцинирани  треба да приложат негативен ПЦР или антиген тест

Тестот се прави на аеродромот во Истанбул иститот ден  на враќање

За овој аранжман важат Општите услови за патување . Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми). Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари