orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Пролетни патувања

МИЛАНО

МИЛАНО  - градот на високата мода

                                                                                                                                                                                         Историски и модерен, космополитски центар, Милано е најдобриот избор за доживување на вистинската италијанската култура и ноќен живот. Посебно ги привлекува љубителите на модата од целиот свет, а посетата е задолжителна за сите во време на модната недела. Милано е динамичен град, започнете со аперитиво, лесен оброк и чаша вино, прошетка по Спига, низ Галерија Виторио Емаунуеле и заокружете го доживувањето со вкусен италијански специјалитет...во кујната на италијаните ништо не може да биде погрешен избор.

 

14 Април СКОПЈЕ – Ниш-МИЛАНО                                                                                    

Состанок  на групата на аеродромот во Скопје во 09.00 часот. Трансфер до аеродромот во Ниш . Лет за Милано  во 13.05, слетува во 14.50 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Сместување. Ноќевање.

 

15 Април - МИЛАНО

Појадок. Факултативно: Разглед на убавините на градот: Замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, Плоштадот Дуомо и Катедралата Дуомо, Миланската Скала, градската куќа на Милано. Прошетка по најмонденската улица Спига со бутици од сите познати брендови.  Високата мода е лоцирана во најпознатата модна икона Galleria Vittorio Emanuele, импресивна градба, фасада со царски лик, а внатрешноста плени со луксуз, во средината на Галеријата е поставен плоштад - октагон чиј под е украсен со прекрасни мозаици, симболите на главните градови на обединета Италија - Рим, Фиренца, Милано и Торино. Над октагонот е поставена стаклена купола висока 47 метри и околу неа се насликани мотиви кои ги претставуваат континентите: Европа, Африка, Азија и Америка. Можност за посета на Црквата Santa Maria delle Graziе. Слободно време за кафе и секако препорачуваме посета на ресторан со вкусни италијански специјалитети... Ноќевање.

 

16 Април - МИЛАНО

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности ; шопинг , прошетка. Ноќевање.

 

17 Април     МИЛАНО – СКОПЈЕ                                                                    

Трансфер до аеродромот Бергамо во 03.00 часот наутро. Авионот полетува во 06.10, а пристигнувањето во Скопје е во 08.00 часот на 04 Мај.

 

За уплата до 20.03:   299 евра   (18.538 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:         359 евра   (22.258 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • - Авионски превоз на релација Скопје-Милано-Скопје
  • - Рачен багаж (1 торба/куфер до 8 кг со димензии 40х30х20см)
  • - Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Милано
  • - Сместување во Хотел со 3 * во Милано на база 3 ноќевања со појадок
  • - Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • - Аеродромски такси 3.500 денари
  • - Доплата за кабински багаж до 10 кг - 2.200 мкд/ чекиран багаж - куфер до 10кг - 650 мкд/ чекиран багаж - куфер до 20кг  - 3.700 мкд *( цената е променлива, инфо во агенција при резервација)
  • - Посета на Лугано и Комо 60 евра
  • - Туристичка такса 930 мкд -  (се плаќа во агенција )
  • - Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • - Патничко – здравствено осигурување
  • - Доплата за еднокреветна соба 4.900 мкд

 

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.  За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.  

За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.  

За ова патување патниците треба да имаат сертификат за примена Фајзер вакина и ПЦР негативен тест.

За овој програм важат Опшите Услови на патување .

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

 

Начини на плаќање:

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.  При резервација на аранжманот се уплаќа 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплаќа на 7дена пред поаѓање. 

 

Општи напомени за патување:

Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.