orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Пролетни патувања

Вечниот град - РИМ

Вечниот град -  РИМ   

ТЕРМИНИ :  17-19 Април и 22-24 Мај 2022 

Авион / 3 дена / 2 ноќевања            

Рим не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град. Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура... Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја... Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело... Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа... Шпанските скали...                                                                                                                                                                

 

17 април  СКОПЈЕ - РИМ                                             

Состанок на групата на аеродром Скопје во 16:00 часот. Лет за Рим  во 18:30 часот. Слетување во Рим во 20.10 часот. Трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.

 

18 април - РИМ

ПојадокПанорамски разглед со автобус и локален водич (траење 2 часа): Св. Јован Латерански, Порта Маџоре, Аурелијански ѕидини, Св Петар и Павле, Каракалини терми, кејот на Тибар, замокот Ст.Анџело, Св.Петар, Св.Павле надвор од ѕидини – фото стоп и посета на гробот на Св.Павле, плоштадот Дел Попопло .... Пауза за ручек. Попладне, факултативно разглед на Барокен Рим, (траење околу 2 часа)  -  уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како "дневна соба на градот", Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, плоштадот Навона, Нептиновата фонтана, фонтаната на Четирите реки, фонтаната на Маврот ... Вечерта, на атрактивна локација, може да украдете дел од културата на италијанците...пица, паста, вино, кафе, сладолед... Ноќевање.

 

19 април  РИМ – ВАТИКАН – СКОПЈЕ

Појадок. Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи..., Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар.... Пауза за ручек и кафе. Слободно претпладне. Организиран трансфер до аеродром (оклу 17.00ч). Полетување за Скопје во 20:45 часот. Пристигнување во Скопје во 22.30 часот.

 

ЦЕНА за уплата до 20.03 - 279€ (17.298 мкд)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 350€  (21.700 мкд)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • - Авионски превоз: Скопје – Рим - Скопје со Визер
  • - Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 8кг
  • - Трансфер аеродром – хотел - аеродром
  • - Сместување во хотел на база 4* ноќевања со појадок
  • - Организиран панорамски разглед на Рим
  • - Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • - Аеродромски такси 3.500 мкд
  • - Туристичка такса 740 мкд (се плаќа во агенција)
  • - Визер приорити, торба со димензии 55x40x23см,  до 10кг – 1.600мкд
  • - Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг - 2.800 мкд, куфер до 20кг – 3.500 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)
  • - Влезници во музеите и културно историските споменици
  • - Карти за локален превоз (метро)
  • - Патничко – здравствено осигурување
  • - Доплата за еднокреветна соба 3.700 мкд
  • - Факултативни излети:

Всатикански музеј, Св.Петар, Сикстинска капела,  - 60 евра

Барокен Рим -  Рим 20 евра

 

Напомена:

  • - За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници.
  • - За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.
  • - За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
  • - За овој програм важат Опшите Услови на патување .
  • - Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
  • - За ова патување патниците треба да имаат сертификат за примена Фајзер вакина и ПЦР негативен тест.

 

Начини на плаќање:

  • - Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата (важи и за цената во предпроидажба). Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање. 

 

Општи напомени за патување:

  • - Организаторот го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • - За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • - Организаторот на патувањето го задржува правото за промена нараспоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.