orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Пролетни патувања

БРЕГОТ АМАЛФИ – AMALFI COAST

БРЕГОТ АМАЛФИ – AMALFI COAST

НЕАПОЛ-ПОМПЕИ-АМАЛФИ-ПОЗИТАНО-СОРЕНТО-КАПРИ

ТЕРМИН: 30 Април – 04.Мај.2022 

  Брегот Амалфи e познат и како земја со лимони, а опфаќа околу 40км од брегот на Сорентскиот полуостров. Целиот брег се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско културно наследство, а името го добива по градот Амалфи. Покрај Амалфи, најубави места се Позитано, Фуроре, Равело и Соренто. Нашата база за истражување на овој дел од Италија ќе биде Наполи, град недалеку од вулканот Везув - колевка на најпопуларната светска храна - пицата.  

 

1 ДЕН : СКОПЈЕ – СОЛУН – НЕАПОЛ 30.04.2022 

Состанок на групата во 02,00 часот рано наутро. Трансфер до аеродромот во Солун. Лет за Неапол во 09.30 по локално време. Пристигнување на аеродромот во Неапол во 09.55 часот по локално време. Трансфер до хотелот со попатен панорамски разглед на градот  со обиколка на Градскиот плоштад, Општинската зграда, замокот Castello Nuovo, Театарот San Carlo, палатата Reale, црквата San Francesko, како и најстарата пицерија во Неапол и воопшто во Италија – Da Mateo…сместување во хотел. Ноќевање.

 

2.ДЕН: НЕАПОЛ–СОРЕНТО–ПОЗИТАНО (Целодневна факултативна екскурзија) 01.05.2022

Појадок. По појадокот (ФАКУЛТАТИВНО – Целодневна екскурзија СОРЕНТО - ПОЗИТАНО

Поаѓање за Соренто. Слободно време за индивидуален разглед на градот…плоштадот Tasso, црквата San Antonio, villa Comunale, улицата Via Corso Italia…. Околу пладне заминуваме кон ПОЗИТАНО. – едно од најмонденските места во Италија…. Заљубени во неговите тесни кривулести улици, куќи кои датираат од средниот век, многу познати личности од светскиот џет-сет купиле имоти во ова мало место…прошетка и разглед кои ќе Ве остават без здив … враќање во Неапол во касните попладневни часови. Ноќевање.

 

3 ДЕН: НЕАПОЛ–ПОМПЕИ-АМАЛФИ(Целодневна факултативна екскурзија) 02.05.2022

Појадок. По појадокот (ФАКУЛТАТИВНО – Целодневна екскурзија ПОМПЕИ-АМАЛФИ

Посета на градот Помпеа…- најпосетуваниот археолошки локалитет во Италија, град кој трагично престана да егзистира како последица од вулканската ерупција на вулканот Везув…

Околу пладне се упатуваме кон Амалфи еден од најпосакуваните туристички бисери на Италија за туристите во светот. Секоја година во првите 10 најбарани дестинации во Италија, како за викенд, така и за летен одмор од страна на туристите…се наоѓаат на Сорентинскиот полуостров, а Амалфи беше првиот град кој воспостави силна поморска врска со Византија и Блискиот Исток. Над гратчето стрмо се издигнува планината Lataro, која го затвора местото од копно и така оневозможува ширење на местото…од друга страна, поради оваа причина, од гратчето има прекрасни поглед кон морето. враќање во Неапол во касните попладневни часови. Ноќевање.

4 ДЕН: НЕАПОЛ- островот КАПРИ ( Целодневна екскурзија)    03.05.2022

Појадок. По појадокот – факултативен целодневен излет за островот Капри, единствен и уникатен пример на спој на природни убавини, стара архитектура и гламур…поаѓаме со хидроглисер од Неапол , а на Капри се пристигнува на Marina Grande…оттаму, со организиран превоз стигнуваме до гратчето Ана Капри – лутиот соперник на градот Капри во средниот век. Прошетка низ Ана Капри со локален водич. Слободно време за индивидуален разглед на местото. Слегуваме (со организиран превоз) до истоимениот главен град на островот…посета на Градините на Царот Августин, Via Crupp, Marina Picola, локалитетот Faraglione (3-те стени, симболот на островот), Piazza Umberto со надалеку познатата камбанарија од 17.век и сатот обложен со мајолика…можност за прошетка низ старите улици, продавници со локална роба, сувенирници, како и бутиците со фирмирана роба од највисок квалитет…состанок на групата на претходно договореното место во 17.00 часот. Состанок на групата на претходно договореното место во 20.30 часот. Враќање за Неапол.  Ноќевање.

 

5 ДЕН: НЕАПОЛ-СОЛУН-СКОПЈЕ   ( 04.05.2022)

Појадок. Одјавување на собите и напуштање на хотелот во 11.00 часот. Лет за Солун во 14.00 часот пшо локално време. Пристигнување во Солун во 16.30 часот по локално време. Организиран Трансфер од аеродромот до Скопје преку граничниот премин Евзони кај Гевгелија.

 

ЦЕНАТА за рана уплата до 23.03.2022:

429eур (26.600ден)

 

РЕДОВНА ЦЕНА на аранжманот:

499eур (30.940ден)

 

 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Трансферите од Скопхје до аеродромот Солун и обратно
  • - Трансферот во Неапол од аеродромот дохотелот и обратно

 

- Авио билет на релација Солун-Неапол-Солун

- багаж ранец или торба како рачен багаж до 8кг

- 4 ноќевања со појадок во хотел со 3 *** во Неапол

- Организација, реализација и водство на патувањето од агенција

 

Во цената на аранжанот НЕ е вклучено:

ФАКУЛТАТИВНО – Целодневна екскурзија СОРЕНТО - ПОЗИТАНО

ФАКУЛТАТИВНО – Целодневна екскурзија ПОМПЕИ-АМАЛФИ

ФАКУЛТАТИВНО – Целодневна екскурзија КАПРИ

(Факултативните излети/екскурзии вклучуваат превоз и водич ) влезници за посета на музеи , археоилошки локалитети и друго не се вклучени во цената на факултативите и цената на аранжманот)

· Туристичка такса – (се плаќа во агенција)

· Влезници во музеи и културно историски споменици

  • - Аеродромски такси од 49 Евра или 3.040,00 денари

· Карти за локален превоз

· Патничко- здраствено осигурување (задолжително, информација во агенција)

 

НАПОМЕНА:

За овој аранжман важат Општите услови за патување .

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации

** Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето **

Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари

Организаторот на патувањето го задржува правото, да ја промени цената на аранжманот, доколку не се оствари минималниот број на патници
Oрганизаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.

Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот да ја промени и цената на аранжманот.
Организаторот го задржува правото да за отказ на аранжманот 5 дена пред патувањето.

 

 За ова патување патниците треба да имаат сертификат за примена вакцина и ПЦР негативен тест.

За овој програм важат Опшите Услови на патување .

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето