orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Пролетни патувања

Вечниот град - РИМ

Вечниот град -  РИМ     

ТЕРМИН: 22-26.05.2022

4 нокевња / 5 дена

 

Рим, не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град . Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура... Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја... Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело... Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа... Шпанските скали... Рим, не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град . Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура... Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја... Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело... Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа... Шпанските скали...  

 

1 ден: 22.05.2022 - СКОПЈЕ - РИМ                                     

Состанок на групата на аеродром Скопје часот. Лет за Рим . Слетување во Рим. Автобус за трасфер не пречекува на аеродромот Чампио... Трансфер до хотел. Сместување. Вечерта, на атрактивна локација, може да украдете дел од културата на италијанците...пица, паста, вино, кафе, сладолед... Ноќевање.

 

2 ден: 23.05.2022  - РИМ

Појадок. Факултативно: Панорамски разглед пеш локален водич (траење 3,30 часа): Св. Јован Латерански, Порта Маџоре, Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Шпанските скали, познати како "дневна соба на градот", Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Климент... Враќање во хотел индивидуално. Ноќевање.

  

3 ден: 24.05.2022  - РИМ

 Појадок. Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи..., Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар.... Слободно време. Ноќевање.

  

4 ден: 25.05.2022                  

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д'Есте - е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од  УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Нокевање.

 

5 ден: 26.05.2022                 

Организиран трансфер до аеродромот Чампино (оклу 17.00ч). Полетување за Скопје во 20:15 часот. Пристигнување во Скопје во 21.50 часот.

 

ЦЕНА за рана уплата до 25.04.2022 :  399 € (24.740 мкд)

 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  499€  (30.940 мкд)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • - Авионски превоз: Скопје – Рим - Скопје со Визер
  • - Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 8кг
  • - Трансфер аеродром – хотел - аеродром
  • - Сместување во хотел на база 3* - 4 ноќевања со појадок
  • - Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • - Аеродромски такси 4.800 мкд
  • - Туристичка такса за Рим  (се плаќа во агенција)
  • - Доплата за чекиран багаж - куфер
  • - (цената може да се промени како наближува летот)
  • - Влезници во музеите и културно историските споменици
  • - Карти за локален превоз (метро)
  • - Патничко – здравствено осигурување
  • - Доплата за еднокреветна соба 4.700 мкд
  • - Факултативни излети:

Всатикански музеј, Св.Петар, Сикстинска капела,  - 60 евра

Тиволи – 50 евра

Пеш разглед во траење од 3-4 часа ........35 евра

Напомена:

  • - За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
  • - За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.
  • - За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
  • - За овој програм важат Опшите Услови на патување на ОРФЕЈТравел Сервис.
  • - Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Начини на плаќање:

  • - Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 20дена пред поаѓање. 

Општи напомени за патување:

  • - Т.А.OРФЕЈ Травел Сервис го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • - За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • - Организаторот на патувањето го задржува правото за промена нараспоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.