orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Есенски тури

Мадрид и Лисабон на Есен

МАДРИД  

-Авион / 7 дена / 6 ноќевања-

Термини:  05-11.09.2019  и  10-16.10.2019

Главниот град на Шпанија, Мадрид, важи за еден до најубавите европски градови, со фасцинантна архитектура, голем број на културни атракции и туристички дестинации кои едноставно ќе ве остават без здив.

Мадрид е и најголемиот град на Иберискиот Полуостров а со своите окулу четири милиони жители, бурната историја и богатата традиција се вбројува во најубавите Европски метрополи.
На современиот турист Мадрид може да му понуди многу нешта, почнувајќи од велелепните и импресивни плоштади (Puerta del Sol, Plaza Mayor, Cibeles), широките булевари (Grand Via, Opera, Plaza Mayo), многубројни музеи (Prado, Reina Sofia, Thyssen-Bornemisza, Pomorski muzej) , прекрасните паркови меѓу кои би го истакнале Retiro со емалите вештачки езерца, па се до големиот број на ресторани, барови и дискотеки со богат ноќен живот

 

 

1 ДЕН/

   СКОПЈЕ - СОФИЈА – МАДРИД

Состанок на групата во 07,30 часот пред хотел Холидеј ин во Скопје. Трансфер до аеродромот во Софија. Лет за Мадрид во 16.55часот. пристигнување во 19:50 часот. По завршување на пасошка и царинска контрола се упатувме кон хотелот. Ноќевање.

2 ДЕН/

   МАДРИД

Појадок. Факултативно:Тричасовен панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Plaza de Toros, стадионот на Сантијаго Бернабе, Atocha – познато градско збиралиште , Gran Via, Castellana, Paseo del Prado – дел од градската авенија на која се сместени неколку познати музеи, Plaza de Oriente – каде што е лоцирана Кралската Палата и Операта и Plaza de España – -плоштадот Шпанија на кој е сместен споменикот на Цервантес и ликовите од неговиот роман, која е најчитана книга по библијата.. Ноќевање.

3 ДЕН/

   МАДРИД – ЕЛ ЕСКОРИАЛ

Појадок. Полудневен излет на кралското место и манастирот Св. Лоренцо, осмото светско чудо во местото Ел Ескориал, кое денес функционира како манастир, музеј, Кралска палата, училиште и кралска гробница. Попладне предлагаме, факултативна посета на Толедо, поранешниот главен град на Шпанија. Посета на Катедралата од 13 век изградена во готски стил со професионален локален водич.Ноќевање.

4 ден: МАДРИД - ЛИСАБОН

Појадок. Трансфер до аеродром, лет за Лисабон. пристигнување во Лисабон . Трансфер до хотелот. По појадокот, ФАКУЛТАТИВНО разглед на главниот и најголемиот град на Португалија, кој совршено ја отсликува португалската култура, комбинација од модерна култура која сепак го задржува своето кулутрно наследство и традиција. Разглед на Плоштадот Маркиз де Помбала, авенија на Слободата, централниот Плоштад Росио, срцето на Лисабон, познат уште како и плоштад Педро IV,  Плоштадот Рестауредорес со споменикот, кој е симбол на ослободувањето на Португалија од шпанската власт,  Плоштадот Комерцио, Кулата Белем и Манасторот на Св.Жероним, кои преставуваат светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ноќевање.

5.ден ЛИСАБОН - ПАРК НА НАЦИИТЕ        

Појадок.По појадокот, препорачуваме на прошетка во квартот Парк на нациите, лоциран во источниот дел на градот изграден за потребите на ЕXPO '98 последната најголема светска изложба во 20ти век, денес преставува футуристички архитектонски комплекс. Тоа е Комбинација на многубројни излошбени простори , привлецни шеталишта, најголемиот океанографски музеј, продавници и ресторани. Можност за возење со жичарата која овозможува спектакуларна глетка кон најдолгиот мост во Европа 17км ,,Васко де Гама". Во попладневните часови препорачуваме прошетка во квартот Алфама. Тој преставува најстариот кварт во Лисабон и единствениот поштеден од катастрофалниот земјотрес во 1755, налик на прекрасен лавиринт со тесни калдрмени улици. Можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде ќе уживате во незаборавен поглед на централниот дел на Лисабон. Можност за посета на посета на ресторан со традиционална португалска музика- Фадо. Ноќевање.

6.ден : ЛИСАБОН - СИНТРА - КАБО де РОКА - КАШКАИШ - ЕСТОРИЛ

Појадок.По појадокот организиран целодневен факултативен излет на околината на Лисабон. Прошетка до Синтра, кој поради својата пријатна клима во минатото преставувала летна резиденција на кралското семејство, истиот во 1955г. УНЕСКО го прогласува за културно светско наследство. Патувањето продолжува кон Кабо де Рока, кое е  најзападната точка на континентална Европа. Неговите координати се впишани на камен, сместен на ‘рт длабоко во Атлантикот. Продожуваме кон Кашкаиш, шармантно гратче лоцирано на брегот на океанот, поврзано со Есторил, денес двата преставуваат монденски летувалишта познати по своите песочни плажи.Враќање во Лисабон. Можност за посета на шопинг центар. Ноќевање

7 ДЕН : ЛИСАБОН - СОФИЈА- СКОПЈЕ

Појадок. Попојадокот одјавување на собите и трансфер до аеродромот.  Лет за Софија , пристигнување во во Софија, трансфер од аеродромот Софија до Скопје.

 

ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО 15 АВГУСТ 2019 ........................ 599  ЕВРА по лице

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ .....................................749 ЕВРА по лице

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

* Трансфер од Скопје до аеродромот во Софија и обратно

* Авионски билет  Софија-Мадрид/ Мадрид-Лисабон/ Лисабон - Софија

* Трансфер од аеродромот во Мадрид до Хотелот и обратно

* 3 нокевања со појадок во хотел со 3 звезди во Мадрид

* Трансферите од аеродромот во Лисабон до хотелот и обратно

* 3 нокевања со појадок во хотел со 3 звезди во Лисабон

* Пратител за цело време на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

* Факултативни излети во Мадрид 

- Посета и разглед на Толедо ( пола ден ) 60,00 евра по лице / превоз и водич

- Посета на Ел Ескориал (пола ден ) 60,00 евра по лице / превоз и водич

- Разглед на Мадрид ............ 30  евра по лице 

* Факултативни излети во Лисабон

- разглед на Лисабон .............30 евра по лице

- Целодневна екскурзија Кашкаиш-Кабо Да Рока- Синтра- Есторил- Кулата Белем....... 90 евра по лице

- Не се вклучени карти за јавни превозни средства ( брод, автобус, транвај, метро, такси, жичара )

- Туристичка такса ја плака секој патник на рецепција лично и во Мадрид и во Лисабон

- Влезници за музеи 

- Патничко и здравствено осигурување ( задолжително)

За реализација е потребен минимум на пријавени патници 15.

За факултативните излети потребно е пријавување најдоцна 15 дена пред патувањето

 

ЗА ОВА ПАТУВАЊЕ ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ КОИ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД СЕКОЈ ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ПАТУВАЊЕ.

 

При уплата по цена за рана уплата се плаќа 100 % од цената на аранжманот. доколку се плаќа по редовна цена во тој случај се плака 50 % при резервација а остатокот 20 дена пред започнување на патувањето.