orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Авионски патувања во МАРТ

Д.Т.У. ГЛОБАЛ ТРАВЕЛ СЕРВИС ОРФЕЈ ТУР ОПЕРАТОР  ДООЕЛ

Ул. Даме Груев  бр. 24 , Скопје            Тел. 02 3118 602  075 409409

E-mail:  info@orfej.com.mk                       orfej@orfej.com.mk

 

ПАРИЗ со авион

 ТЕРМИНИ:   06-09.03.2020

 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   (399 EUR)

 ЦЕНА СО ПОПУСТ  ЗА РАНА  УПЛАТА ДО 30.11.2019  :   (279 EUR)

 

  НАПОМЕНА: ЗА УПЛАТА ПО ЦЕНА ЗА РАН БУКИНГ УПЛАТА СЕ ВРШИ ВО ЦЕЛОСТ 100 %

                             ЗА УПЛАТА ПО РЕДОВНА ЦЕНА СЕ УПЛАКА ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА 50 % А

                             ОСТАТОКОТ НАЈДОЦНА 15 ДЕНА ПРЕД ДАТУМОТ НА ПОАЃАЊЕ

 

ОПИС на програмата                                                                                                                      

 Париз – град на светлината, модата, љубовта, виното...град кој никого не остава рамнодушен!

1 ден  - Скопје-Париз    

Состанок на групата на скопскиот аеродром “Скопје” во 16:00 часот. Полетување за Париз во 18:00 ч, пристигнување во Париз на аеродромот “Бовез” во 20:50 .Трансфер до хотелот . Ноќевање..

2 ден  –    Париз   СЛОБОДЕН ДЕН    

Појадок. Факултативно, панорамски разглед на градот со метро / пеш и водич: Операта, плоштадот Вандом, црквата Мадлена, музејот Лувр, Kралската палата, центарот Бобур, плоштадот Конкорд, Градската куќа, плоштадот Бастиља, катедралата Нотр-Дам со островото Сите, Сорбона, Пантеонот, Домот на Инвалидите, Трокадеро, Ајфеловата кула, Марсовите полиња, Триумфалната капија, Елисејските полиња... Сместување во хотел. Попладнето прошетката продолжува со Факултативно , вечерно крстарење по Сена, романтично пловење со брод со прекрасните звуци на француската шансона, додека се набљудува панорамата на градот... . Нокевање.

 

3 ден   -   Париз  ( Факултативна индивидуална  посета на Дизниленд )             

Појадок. Препорака посета на Дизниленд . Посетете ги двата парка во забавниот парк Дизниленд. Слободен ден

4 ден  -   Париз-Скопје  ( Факултативни  посети на Лувр и Версај )                      

Појадок. Полудневен факултативен излет до најголемиот и најпосетениот музеј во светот – Лувр. Во музејот се чуваат дел од најпознатите уметнички дела на светот, како Мона Лиза од Леонардо Да Винчи, Венера од островот Милос, Крилестата победа “Nike” од Самотраки, Сплавот на медуза и голем број познати дела од Рембрант, Рубенс... (одење и враќање со метро). Попладне факултативен излет во Версај – еден од најлуксузните кралски дворци во Европа изграден во XVII век, кој е воедно и последната резиденција на француските кралеви... Дворецот бил седиште на француската монархија и центар на моќта од 1682 год. кога Луј XIV се преселил од Париз во Версај, па се додека кралското семејство не било приморано да се врати во Париз поради Француската револуција. Посета на апартманите на кралот и кралицата, салата на огледалата... како и градината со многубројните фонтани, скулптури и алеи со прекрасни фигури од зеленило...Во попладневните часови посета на катедралата Нотр Дам, Латинскиот кварт и Луксембуршките градини,... 

Организиран превоз до аеродром во 18.00 часот. Полетување за Скопје во 21:30, слетување во 00:10 часот.

 

Понудата е по лице и вклучува:

Авио билет на релација Скопје - Париз - Скопје

3 ноќевања со појадок во хотел 3 *** во Париз /  

Организиран превоз со автобус /мини бус  од аеродром до хотел и обратно

Рачен багаж (1 торба/ранец или мал куфер со димензии 40х30х20см  со тежина до 8 кг) 

Организација на патување

Пратител на групата

УСЛОВИ

За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци од денот на враќање во државата

Напомена: За да се резервираат дополнителните екскурзии со цел да се обезбеди сигурна реализација, потребна е резервација при самата уплата на аранжманот

Во цената не е вклучено:

ВАЖНА НАПОМЕНА ЗА БАГАЖ

Багажот не е вклучен во цената Се  доплаќа според условите на Визер 

            

ДОКОЛКУ ИМАТЕ ПОТРЕБА ОД ЧЕКИРАН БАГАЖ, ПРЕПОРАЧУВАМЕ ТОА ДА ГО СТОРИТЕ ПРИ САМОТО ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА АРАНЖМАНОТ ( НА АЕРОДРОМ ДОКОЛУ ПЛАЌАТЕ ЦЕНИТЕ СЕ ДВОЈНО ПОСКАПИ )

  • Аеродромски такси  3.100,00 денари
  • Превозите со Метро не се вклучени во цената се плаќаат на лице место.
  • Тричасовен панорамски Разглед на градот Париз ..............  30,00 ЕУР по лице со метро / пеш и водич
  • За разглед  на градот  со организиран превоз / водич  во траење од три часа 50,00 ЕУР по лице
  • Посета на Ајфелова Кула - 20 ЕУР ( влезница до II-риот спрат)
  • Посетана Лувр - 35 еур влезница+водич  (се патува со метро, картите секој сам си ги купува)
  • Посета на Версај - 60 еур
  • Брод по Сена – 15 ЕУР
  • Посета на Мулен Руж (цена 115 еур со пијалок шампањ+место за седење со резервација)
  • ЦЕНИТЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ВАЖАТ ЗА УПЛАТА ВО АГЕНЦИЈА, ЗА ПЛАКАЊЕ НА ЛИЦЕ МЕСТО

                      ВО ПАРИЗ СЕ ПОСКАПИ ЗА ПЛУС 15 % НА НАВЕДЕНИТЕ ЦЕНИ

  • Задолжително здравствено и патничко осигурување 220 мкд
  • ТУРИСТИЧКАТА ТАКСА НЕ Е ВКЛУЧЕНА ВО ЦЕНАТА И ЈА ПЛАКА СЕКОЈ САМ НА РЕЦЕПЦИЈА А ИЗНЕСУВА
  • ОКОЛУ 1,50 ЕУР по Лице на ДЕН

Забелешки:

При правење на резервација се молат патниците да достават копија од првата страна на пасошот,во спротивно агенцијата нема одговорност за издавање на билетот со погрешни имиња,а патниците сами плаќаат пенали за ново издавање на авиобилетот.

Доколку бројот на патници е помал од минималниот,аранжманот не се откажува, но цената ќе се зголеми, зависно од бројот на патниците.

-Имињата на хотелите ќе бидат познати по формирање на групата а категоризацијата е според локалните критериуми

Организаторот на патувањето го задржува правото на делумни измени на распоредот на турата во зависност од состојбата на теренот, како и правото во случај на промена на цената на авионскиот превоз , да ја промени цената на аранжманот.

-Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ кои се составен дел на оваа програма

- Уплата исклучиво во МКД  курс  1 ЕУР   =  62,00 МКД


ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА  НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 20 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
Општите услови за патување се составен дел од овој аранжман

 

НАПОМЕНИ:
- Во случај на помал број од 15 пријавени патници,  нема да се откаѓе аранжманот, но цената ке претрпи одредена промена во согласнот со патниците кои се пријавени.

- Доколку не се оствари минималниот број на патници агенцијата го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
- Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
- Краен рок за отказ на аранжманот од страна на агенцијата е 
5 дена пред патувањето.
- Плаќањето и доплатите во земјата во врска со ова патување, патниците ги вршат во денари. 
- Факултативните излети се плаќаат исклучиво во валутата на земјата која е цел на патување,  на лице место.
- Содржината на Панорамските тури и разгледите се подложни на промени условени од оправдани причини, (застој во сообраќајот, локални штрајкови, лоши временски услови…)
- Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен агенцијата не може да гарантира, со исклучок во случај кога за одреден хотел постои доплата со која патникот си обезбедува поглед на море / базен.
- Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и ино партнерот. Во случај на накнадна промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. 
- Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. 
- Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога има доплата за истите.
- За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се рачуна од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14
:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
- Дополнителните односно помошните кревети најчесто се на расклопување, и често пати со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен кревет, и во истите децата го делат истиот лежај со родителите.
- Организаторот не сноси одговорност за евентуалните поинакви усни информации за програмата на патување.
- Цената на аеродромските такси е подлежна на промена и не зависи од организаторот на аранжманот туку од самата авио компанија. Точната цена на аеродромската такса се утврдува при издавањето на авионската карта, најдоцна 48 часа пред почеток на патувањето.
- Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на поедини содржини заради објективни околности.

-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место

 

  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот (во случајот промена на цена на авио билетот) или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.


- Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ кои се составен дел на оваа програма.