1.Ден СКОПЈЕ – СОФИЈА - AКАБА
Состанок на групата на пред хотел Холидеј Ин во Скопје во 22.00 часот на еден ден предходно нс . ТРансфер до аеродромот во Софија. Пристигнување во Софија. Лет за Акаба во 10.10 часот по локално време со РАЈАН ЕР. Пристигнување во Акаба во 13.05 часот по локално време . По завршуавањето на сите пасошки и царински контроли , нашиот партнер и возач ќе не пречекаат трансфер иСместување во хотелот. Нокевање.
Појадок. Слободно предпладне . околу 15,00 часот заминуваме за Вади Рум. Сместување во пустината во бунгалови комплетно опремени. Вечера. ( ке уживаме во единствената глетка на залезот на сонцето. За љубителите на откивање нешто ново постои можност да рентате камила или да одите на џип сафари – факултативно. Ноќевање.
Појадок. По појадокот заминуваме По појадокот заминуваме на разглед на Петра: градот во карпа, се поминува низ кањонот Сик, потоа се посетуваат бројни пештерни светилишта, театарот, како и прочуената кралска гробница вклесана во карпа; градот Петра денес привлекува бројни туристи од целиот свет и е под заштита на УНЕСКО. Околу 13,00 часот заминуваме за главниот град на кралството Јордан-Аман.
Разглед на градот Аман при што ке ја посетиме старата цитадела каде ке имаме можност Да се запознаеме со текот и развојот на градот Аман. Нокевање.
4. Ден: АМАН – КИНГ ХУСЕИН МОСТОТ ВЛЕЗ ВО ИЗРАЕЛ - ВИТЛЕЕМ
По појадокот. Се упатуваме кон границата со Израел. По полициско пасошката контрола и регулирање на визите се упатуваме кон градчето кон Витлеем . Ке ги посетиме Црквата на Христовото раѓање и Грото пештерата .Сместување во хотел. Вечера. Нокевање.
5.Ден: Витлеем-Јерусалим–МаслиноватаГора -Стариот Град – Јерусалим -Планината Зион – Еврејски Кварт – Западниот Ѕид)
Појадок. Се упатуваме кон Јерусалем, Разгледот започнува од Маслиновата Гора каде ќе имаме можност за прекрасен панорамски поглед на вечниот Свет Град. Продолжуваме кон Светите Олтари на Маслиновата Гора, Оче Наш, Капелата Dominos на вознесението и Базиликата на
Агонијата во Гециманската Градина, позната како Базилика на Сите Нации. Во Гециманската
Градина Исус ги поминал последните часови пред да биде уапсен. Посета на гробот на Мајката Божја кој се наоѓа под земја а на површината е само влезот. Во гробот се наоѓаат и гробовите на нејзините родители Св.Ана и Св.Јоаким и гробот на Св.Јосиф. Гробот на Богородица е празен бидејќи од него телото на Богородица се вознесло на небото. Прошетката продолжува во Стариот град со посета на Via Dolorosa – патот на Христовото Страдание. Ќе влеземе во Кулата Antonia, затворот каде Исус ги поминал последните часови пред да биде осуден, па повторно, по Патот на Крстот, Via Dolorosa, ке стигнеме до Базиликата на Светиот Гроб. Тука ќе ги посетиме Голгота, плочата на миропомазувањето и Христовиот Гроб. Продолжуваме кон планината Зион и
Еврејскиот кварт – каде ке влеземе во собата каде се одржала последната вечера – Тајната вечера, потоа продолжуваме преку еврејскиот кварт до западниот зид – Зидот на плачот – најголемото еврејско светилиште. Враќање во хотел. Нокевање.
Појадок. По појадокот се упатуваме кон градчето Јерихон – најстариот град на светот, од каде со жичара ке го посетиме манастирот на Искушението (ФАКУЛТАТИВНО) место каде Исус 40 дена постел и се молел. Се упатуваме кон Yardenit, местото каде Св. Јован го извршил крштевањето и каде ке имате можност да се крстите во светите води на реката Јордан. Од овде се упатуваме кон најниската точка на Земјината топка, окулу 400м под морското ниво, кон Мртвото Море каде ќе имаме можност да запливаме ( или плутаме ) во пријатно топлата вода. Сместување во хотел. Вечера. Нокевање.
Појадок. По појадокот се упатуваме кон Назарет, ќе ја посетиме православната Базиликата на Благовештението и Пештерата над изворот каде Архангел Гаврил се јавил на Марија и и соопштил дека ке го роди Исус. Продолжуваме кон Местото Кана со посета на црквата Кана Галилејска – тоа црквата на венчанието каге Исус за време на една свадбена церемонија кога снемало вино Исус водата ја претворил во вино ( ова се смета за едно од многуте чуда ). Потоа посета на Кабернаум и црквата на 12 те Апостоли, црквата на умножувањето. Ке имате можност за пловидба со брод по Галилејското езеро ( факултативно) со ручек во ресторан. Враќање во хотел. Патот го продолжуваме кон Тибериас. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување во 15.50 часот. Пристигнување Во Софија во 18.35 часот по локално време. Трансфер до Скопје. Пристигнување во вечерните Часови.
ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО 05.12 2022 ГОДИНА 799 EUR во МКД 49.538,00
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 959 € / EUR во МКД 59.458,00
Цените се дадени по лице
Во цената е вклучено :
Повратен авио билет Софија – Акаба и авио билет Тел Авив Софија на враќање
Превоз од Скопје до аеродромот во Софија и од Софија до Скопје
Сместување во Хотели со 3*и 4 звезди
Сите трансфери према програмата
Сите посети со вклучени влезници, према програмата
Во Израел со Стручен водич
Во цената не е вклучено :
Аеродромски такси 140€
Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
Задолжително патничко осигурување
Jорданска виза – 60 јордански динари (се издава на аеродром , потребно е две слики )
Влезница за Петра и Вади Рум – 60 ЈРД (Јордански)
Влезница за цитаделата во Amman -10 ЈД (Јордан)
Задолжителен бакшиш за шоферите и возачите –70 € ( за сите денови по лице)
Факултативен излет 1 кој вклучува Жичара при посета на манастирот Јерихон , ручек и влезница за Мртво Море– 70 € ( Израел) , Евра .
ПРошетка со бродче по Галилејското езеро со ручек 55 € ( Израел)
Туристичка такса
ПРОГРАМАТА Е РАБОТЕН НА МИНИМУМ 15 ПАТНИЦИ ГРУПАТА СО ДАДЕНА ДАТА ЌЕ
СЕ РЕАЛИЗРА СОГЛАСНО БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ
Корисни информации
Блискоисточна земја со неверојатна и турбулентна историја и целосно отворени и пријатни луѓе. Граничи со Сирија, Ирак, Саудиска Арабија и Израел. Пустините, реките, планините се протегаат низ целата земја, а во центарот е градот од камен – Петра, место заштитено од УНЕСКО. Исто така, на оваа територија се наоѓа и најсоленото море во светот – Мртво Платежни картички и банкомати: Банкомати постојат, но не може да се потпрете на нив. Картички не секогаш може да се користат и се препорачува плаќање во готовина. За повеќе детали посоветувајте се со вашата банка и задолжително пријавете го заминувањето во странство, за да не дојде до случајно блокирање на вашите картички. Временска зона: GMT +3
Виза: Задолжително понесете две фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со димензии 3.5 x 4.5 цм.
Клима: Климата во Јордан е типично пустинска клима, со високи дневни и ниски ноќни температури. Во текот на денот температурата се движи помеѓу 20 и 32˚C, додека ноќните можат да се спуштат околу 10˚C. Па за време на пакувањето имајте го ова во предвид. Храна и пијалаци: Традиционалната исхрана опфаќа, пилешко, јагнешко, приготвени на повеќе начини, леб, салати и јадења кои се карактеристични за Блискиот Исток, како што се фалафел и хумус. Тука се и слатките како слатко сирење, баклави… Задолжително пробајте чај и кафе. Алкохолот е прилично скап. Исто така, во рестораните каде што претежно се исхранува муслиманското население, алкохол не се нуди. Овошјето премијте го со флаширана вода или излупете го. Цените за храната се прифатливи, што не е случај за алкохолните пијалаци.
Осигурување: Задолжително е секој патник да поседува здравствено осигурување кое покрива и Ковид 19.
КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ
Авиокомпанијата го задржува правото да ги менува саатниците на летот. Организаторот го задржува правото да ја менува програмата на патување и времето или да ги преместува екскурзиите за друг ден, кога тоа го бараат временските услови, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Екскурзиите и програмите се спроведува со минимум 18 пријавени туристи.
Патувањето не е погодно за лица со намалена подвижност
Пасошки и визен режим
Македонските државјани кои патуваат во земјата мора да имаат важечки пасош најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата.
Виза за Израел не е потребна. Виза за Јордан може да се издадат и на граничните премини Јордан и чини 60еур . Визата, која може да ја добиете по влегувањето на контролниот пункт, важи до 15 дена.
Багажи:
Во цената на аранжманот е вклучен само рачен багаж од 10 килограми со димензии 40х30х20 см. За дополнителен багаж како WIZZ prioriry или RYANAIR prioriti, како и за чекиран багаж до 10 кг или 20 кг, се доплаќа според условите на авиокомпаниите WIZZAIR и RYANAIR, објавени на нивните web страни. Уплата и начин на плаќање
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 50% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 20 дена пред поаѓање.
Општи напомени за патување:
Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото на промена на цените на факултативните излети, екскурзии, и посети кои настанале поради промени на цените на горивата, останатите услуги, влезници, туристички водичи и друго како и поради промена на курсот на Јорданскиот Динар према ЕУР или УСД.
Агенцијата не сноси никаква одговорност доколку патниците не се придржуваат кон условите на авиокомпаниите со кои се лета при поголем багаж или поголема тежина од предвидената кој е вклучен во цената на авионската карта.
Во цената на аранжманот односно во авионскиот билет е вклучен рачен багаж ( торба или ранец ) со димензии 40х30х20 см. и тежина од 10 кг.
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е СЕКОЈ ПАТНИК ДА ПОСЕДУВА ПАТНИЧКО ИЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ КОЕ ПОКРИВА И КОВИД 19.
- Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ кои се составен дел на оваа програма.