4 дневна богата програма со вклучени посети и разгледи
ТЕРМИНИ : 03.– 07.04.2020 / 17-20.05.2023 ( 3 ноќи / 5 дена)
Реализирајте го сонот со посета на земјата ветена од Господа на Авраам и неговите следбеници, земјата кон која Мојсие ги поведе децата на Израил по егзодусот во Египет и секако земјата родна на нашиот спасител, Исус Христос која и ден денес е колевка и светилиште на трите најголеми религии.
Програма на патување:
1 Ден : СКОПЈЕ – СОФИЈА
Состанок на групата пред Хотел Холидеј Ин во Скопје во 22:00часот. Трансфер до аеродромот во Софија.
2 Ден : СОФИЈА – ТЕЛ АВИВ – НАЗАРЕТ-КАНА ГАЛИЛЕЈСКА-ТИБЕРИАС
Пристигнување на аеродромот во Софија. Лет за Тел Авив рано наутро во 06.00 часот по локално време. Пристигнување на авионот во Тел Авив во 08,30 часот по локално време. По полициско – царинските формалности се упатуваме кон автобусот кој ке не вози според нашата програма. СЕ упатуваме кон северниот дел на државата каде ке го посетиме прво градот Назарет, градот во кој Исус поминал поголем дел од детството. Ќе се посети Базиликата на Благовештението и Пештерата над изворот каде Архангел Гаврил се јавил на Марија и соопштил дека ке го роди Исус. Ќе ја посетиме во Кана Галилејска црквата каде се верува дека Исус го направил првото од трите Исусови чуда, кога ја претворил водата во вино на свадбарската веселба. По посетата на Кана се упатуваме кон Галилејското Море или езеро и градот Тибериас. Можност за факултативна екскурзија прошетка со брод по Галилејското море или езеро и ручек во рибен ресторан каде ќе имате можност да пробате риба која ја нарекуваат Петрофка, Сан Пиетро или Свети Петар, тоа е онаа риба која Исус ја дели на верниците
(60,00 ЕУР по лице). По ручекот заминуваме по долината на реката Јордан кон хотелот. Пристигнување во хотел. Сместување. Вечера. Ноќевање.
3 Ден: МРТВО МОРЕ – ЈЕРИХО – РЕКА ЈОРДАН
Појадок. После појадокот, тргнуваме кон најстариот град Јерихон каде ке имаме можност да ја посетиме планината и манастирот на Искушението .. Продолжуваме со патот кон Јарденит, местото каде Св. Јован го извршил крштевањето и каде ке имаме можност да се крстиме во светите води на реката Јордан. Овој ден е предвидена уште една факултативна екскурзија која опфаќа возење со жичара до манастирот на Искушението, Богат Ручек во долината на плантажите со урми и бананови дрва, како и посета на организирана плажа на Мртвото Море - најниската точка на Земјината топка, околу 400м под морското ниво. Пауза на Мртвото Море каде ќе имаме можност да запливаме (или плутаме) во пријатно топлата и лековита вода богата со минерали. Цена на оваа факултативна екскурзија е 70,00 ЕУР по лице. Во попладневните часови се враќаме во хотелот. Вечера. Нокевање.
4 ДЕН : ЕРУСАЛИМ СТАР ГРАД ЕРУСАЛИМ
По појадокот заминуваме на целодневна пешачка тура. Почнуваме од Маслиновата Гора од каде ќе имаме можност за прекрасен панорамски поглед на вечниот Свет Град. Посета на Светите места на Маслиновата Гора: црквата Оче Наш каде на македонски јазик, сите заедно на глас ќе се помолиме, Капелата Dominos Flavit, ќе ја посетиме Базиликата на Агонијата со Гециманската Градина. Оваа базилика е попозната како Базилика на Сите Нации. Во Гециманската Градина, Исус ги поминал последните часови пред да биде уапсен. Посета на гробот на Мајката Божја, кој се наоѓа под земја а на површината е само влезот. Спуштајќи се кон гробот се наоѓаат и гробовите на нејзините родители Св.Ана и Св.Јоаким, и гробот на Св.Јосиф. Гробот на Богородица е празен бидејќи од него телото на Богородица се вознело на небото. Потоа продолжуваме кон Светиот Град, по патот на Христовото Страдание или Via Dolorosa и повторно ќе стигнеме до Црквата на Светиот Гроб во стариот дел на Ерусалим каде ќе имаме прилика да се поклониме пред плочата на Светиот Гроб, плочата на миропомазувањето и да ја посетиме Голгота, местото на распнувањето на Исус.
Ќе продолжиме кон Планината Зион и ќе влеземе во собата каде се одржала Последната Вечера, а потоа ќе продолжиме, преку еврејскиот кварт до Западниот Ѕид (Ѕидот на плачот), најголемото Еврејско светилиште. Во поладневните часови Следува трансфер до хотел, вечера и ноќевање во хотелот.
5 Ден: ТЕЛ АВИВ – СОФИЈА
Појадок . По појадокот се упатуваме кон центарот на градот Витлеем и плоштадот Мангер, каде ќе ја посетиме Црквата на Христовото раѓање каде ќе имаме прилика да влеземе во Пештерата со јаслите, каде се верува дека е роден Исус Христос. По посетата на градот Витлеем се упатуваме кон Јафа и Тел Авив. Слободно време за прошетка низ стариот и единствен Јафо или Јафа кој со познатата песочна плажа е поврзан со модерниот Тел Авив. Околу 17.30 часот со превозот се упатуваме кон Аеродромот во Тел Авив – Бен Гурион. Лет од Тел Авив до Софија во вечерните часови во 21,30 часот по локално време. Пристигнување во 00:30 по полноќ по локално време. Трансфер до Скопје . пристигнување во раните утрински часови.
И ДОГОДИНА ВО ЈЕРУСАЛЕМ – АМИН.
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА РАНА УПЛАТА ДО 25.02.2023............. 599 ЕУР
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ПО ЛИЦЕ ................... 699 ЕУР
Цената влучува:
• Повратен авионски билет СОФИЈА – ТЕЛ АВИВ- СОФИЈА,
• Превоз од Скопје до аеродромот во Софија и обратно
• Аеродромски такси.
• Сместување во Хотели со 3* на база полу пансион (појадок и вечера) - 3 ноќевања.
• Сите трансфери према програмата во модерен туристички автобус.
• сите влезници за местата кои се посетуваат согласно програмата.
• Водич на групата за време на целиот престој во Израел.
• Техничко водство / Пратител на групата.
Цената не влучува:
• Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
• Аеродромски такси во износ од 8,680,00 денари / или 140 ЕУР.
• Факултативна ЕКСКУРЗИЈА 1. Пловење со брод по Галилејско
Езеро и Ручек на Галилејско езеро – порција риба “Св. Петар“.
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ......... 60,00 ЕУР
• Факултативна екскурзија 2 . Жичарница до Манастирот на искушението, Ручек во долината на плантажите со урми и банани, влезница за организирана плажа на Мртвото Море.
/ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ........................70,00 ЕВРА.
• Задолжително патничко осигурување
• Задолжителен бакшиш за шоферите и возачите – 40 € (се плаќа при пристигнување во Израел)
Забелешки
• Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 20.
• Организатор на ова патување е ОРФЕЈ ТРАВЕЛ И ТУР ОПЕРАТОР од СКОПЈЕ..
• За резервации по цена за рана уплата потребен е аванс од минимум 50% од вкупнот износ на аранжманот. А доколку се плаќа по редовна цена минумум од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
• Целосна уплата, најдоцна (20) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
• Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
• Во случај на задржување на некој од патниците од страна на полициските, царинските или имиграционите Израелски служби или доколку некој биде вратен по одлука на овие служби, агенцијата не сноси никаква одговорност и средствата уплатени за аранжманот не се враќаат.
•Секој патник потребно е да се грижи за своите патни документи како и визата која ја добива на аеродром и која треба секогаш да биде во пасошот на страната каде е сликата и податоците. Доколку некој го загуби паошот или визата, агенцијата не сноси одговорност.