orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Есенски тури

Вечниот град – РИМ

Авион / 4 дена / 3 ноќевања

Рим, не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град . Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура... Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја... Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело... Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа... Шпанските скали...

 

1ДЕН   СКОПЈЕ - РИМ

Состанок на групата на аеродром Скопје во 15:30 часот. Лет за Рим во 17:20 часот. Слетување во Рим во 18.55 часот. Автобус за трасфер за до Рим не пречекува на аеродромот Чампио... Пристигнувањер во центарот на Рим, каде не чека локален водич и започнува панорамско разгледување на градот (околу 4часа): Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар... Трансфер до хотел и сместување. Вечерта слободно време да украдете дел од културата на италијанците...пица, паста, вино, кафе, сладолед...Ноќевање.

 

2 ДЕН     РИМ – ВАТИКАН - ТИВОЛИ

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д'Есте - е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Во попладневните часови препорачуваме факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи..., Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар.... Слободно попладне. Ноќевање.

 

3 ДЕН   РИМ

Појадок. Организирана прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како "дневна соба на градот", Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Климент... Пауза за ручек. Прошетката продолжува по боемскиот кварт Транстевере. Во вечерните часови враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.

 

4 ДЕН   РИМ – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер до аеродромот Чампино. Полетување за Скопје во 20.15 часот. Пристигнување во Скопје во 21.50 часот.


ЦЕНА за уплата до 30.09.2019:

 269 евра (16.680мкд)

  

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

399 евра

термин: 07-10.11.2019


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски превоз: Скопје – Рим - Скопје со Визер

- Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 8кг

- Трансфер аеродром – хотел - аеродром

- Сместување во хотел 3*** на база 3 ноќевања со појадок

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Аеродромски такси 3.700 мкд

- Туристичка такса 6евра на ден (се плаќа во агенција)

- Доплата за чекиран багаж -  според условите на Визер авиокомпанијата

- Влезници во музеите и културно историските споменици

- Карти за локален превоз (метро)

- Патничко – здравствено осигурување

Факултативни излети:

Посета на Ватикан со локален водич и влезница превоз со метро– задолжително пријавување и уплата во агенција 55 евра

Посета на Тиволи со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 55 евра

Организирана пешачка прошетка со разглед на стариот Рим и низ центарот на Рим 25 евра / 

Напомена:

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници.

- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.

- За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.

- За овој програм важат Опшите Услови на патување.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

 

Забелешки:

При правење на резервација се молат патниците да достават копија од првата страна на пасошот,во спротивно агенцијата нема одговорност за издавање на билетот со погрешни имиња,а патниците сами плаќаат пенали за ново издавање на авиобилетот.

Доколку бројот на патници е помал од минималниот,аранжманот не се откажува, но цената ќе се зголеми, зависно од бројот на патниците.

-Имињата на хотелите ќе бидат познати по формирање на групата а категоризацијата е според локалните критериуми

Организаторот на патувањето го задржува правото на делумни измени на распоредот на турата во зависност од состојбата на теренот, како и правото во случај на промена на цената на авионскиот превоз , да ја промени цената на аранжманот.

-Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ кои се составен дел на оваа програма

- Уплата исклучиво во МКД  курс  1 ЕУР   =  62,00 МКД


ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА  НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 20 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
Општите услови за патување се составен дел од овој аранжман

 

НАПОМЕНИ:
- Во случај на помал број од 15 пријавени патници,  нема да се откаѓе аранжманот, но цената ке претрпи одредена промена во согласнот со патниците кои се пријавени.

- Доколку не се оствари минималниот број на патници агенцијата го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
- Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
- Краен рок за отказ на аранжманот од страна на агенцијата е 
5 дена пред патувањето.
- Плаќањето и доплатите во земјата во врска со ова патување, патниците ги вршат во денари. 
- Факултативните излети се плаќаат исклучиво во валутата на земјата која е цел на патување,  на лице место.
- Содржината на Панорамските тури и разгледите се подложни на промени условени од оправдани причини, (застој во сообраќајот, локални штрајкови, лоши временски услови…)
- Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен агенцијата не може да гарантира, со исклучок во случај кога за одреден хотел постои доплата со која патникот си обезбедува поглед на море / базен.
- Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и ино партнерот. Во случај на накнадна промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. 
- Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. 
- Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога има доплата за истите.
- За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се рачуна од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14
:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
- Дополнителните односно помошните кревети најчесто се на расклопување, и често пати со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен кревет, и во истите децата го делат истиот лежај со родителите.
- Организаторот не сноси одговорност за евентуалните поинакви усни информации за програмата на патување.
- Цената на аеродромските такси е подлежна на промена и не зависи од организаторот на аранжманот туку од самата авио компанија. Точната цена на аеродромската такса се утврдува при издавањето на авионската карта, најдоцна 48 часа пред почеток на патувањето.
- Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на поедини содржини заради објективни околности.

-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ кои се составен дел на оваа програма.