orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

8-ми март

ВЕНЕЦИЈА

1 ДЕН СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 11:45 часот. Полетување за Венеција во
14:05 и слетување во 15:400 часот. Трансфер од аеродромот до хотелот и сместување.
Факултативно : Разглед на Венеција: Плоштадот Сан Марко со Базиликата, Дуждевата
Палата, ренесансната Саат-кула, Мостот на воздишките... Слободно време за прошетки и
уживање во карневалската атмосфера. Ноќевање.
2 ДЕН МУРАНО - БУРАНО – ВЕНЕЦИЈА
Појадок. Факултативна екскурзија до волшебните острови на венецијанската лагуна –
Мурано и Бурано. Ќе присуствувате на едно незаборавно искуство кога “маестро“ создава
неверојатни стаклени фигури, каде се продаваат прекрасни рачно изработени стаклени
производи и традиционална венецијанска чипка. Прошетката продолжува покрај Каналот
Гранде и Мостот Риалто во Венеција, покрај ревиите со карневалски костими на
Плоштадот Сан Марко. Препорачуваме да ја насликате венецијанската маска и да ја
понесете како сувенир. Во вечерните часови, слободно време за вкусување на некој
италијански специјалитет... Ноќевање.
3 ДЕН ВЕРОНА
Појадок. Факултативна посета на Верона – позната по Ромео и Јулија, градот каде се
пишуваат најубавите љубовни писма и најдобрите романтични приказни. Разгледување на
Верона: Плоштадите Бра, Ербе и Данте, Куќата на Јулија, Амфитеатарот... Враќање во
хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
4 ДЕН ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Трансфер до Аеродромот
во Венеција. Полетување за Скопје во 15:35 и слетување во 17:15 часот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

• Авионски превоз на релација Скопје-Венеција-Скопје со вклучени аеродромски такси
• Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm со максимум 10 кг)
• Трансфер во Венеција од аеродромот до хотелот и обратно
• Сместување во Хотел со 3 или 4 звезди во Местре на база 3 ноќевања со појадок

• Организација на аранжманот и придружник на патувањето ВО ЦЕНАТА НА
АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

• Рачен багаж (уште 1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg) 1.800 денари
• Багаж за чекирање 1 куфер до 20kg 3.000 денари
• Факултативен излет до островите Мурано и Бурано и прошетка во Венеција 70 евра 
Посета на Верона 110 евра
• Разглед на Венеција со локален превоз автобус и брод Вапорето 50 Евра
• Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)
• Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (бродска карта за Венеција 20 евра)
• Патничко – здравствено осигурување НАПОМЕНИ:

• За овој аранжман важат Општите услови за патување.
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
• Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по
курс 1 евро = 62 денари
• Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето