orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Пролетни патувања

Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав
град, познат како “ Град на светл-ината “ е политички, економски и културен
центар на Француската држава. Тој. е еден од најзначајните светски градови во
кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата
историја долга два милениуми, Париз одсекогаш бил место на значајни
историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници.
Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и
Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и
многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ
Важи за резервации направени до 20.12.2023: 399 € /
или во МКД 24.740 ден Редовна цена: 599
евра
ПРОГРАМА:
1 ден : СКОПЈЕ ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 04,30 часот.. Полетување за
Париз во 06.20 часот. Слетување на аеродромот Бове кај Париз во 09.25.
Организиран трансфер со автобус до градот . Факултативно панорамски
двочасовен разглед: Елисејските Полиња,Триумфалната ,
капија,Конкорд,Црквата Мадлена,Операта Гарние,Лувр.Нотр Дам,Ајфелова
Кула…Сместување во хотел. Слободно време за ручек и неколку часовен
одмор. Во 19 часот организирана прошетка по Елисејските Полиња и
крстарење со брод по Сена (факултативно). Слободно време за вечера
(факултативно). Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
2 ден : ПАРИЗ
Појадок. Организирана( факултативна) посета на Версај со метро , воз и водич.
Поаѓање од хотел во договорено време. Се посетува дворецот и парковите.
Враќање во Париз и прошетка низ Латинскиот кварт. Посета на Богородичната
црква (однадвор). Слободно време за ручек и индивидуални прошетки во
квартот: Сорбона , булеварот Сен Мишел,Луксембуршките градини … Можност
за посета на црквата Saint Chapelle ( факултативно). Разгледувањето
продолжува со организирана посета на Галеријата Лафајет , која нуди
бесплатна преубава панорамска глетkа од шестиот кат. Организирана посета
на Операта Гарние (однадвор), посета на Музејот Фрагонар . Прошетка по
плоштадот Вандом каде што се наоѓа и хотелот Риц. Патот не води директно
до Пложтадот Конкорд од каде се враќаме во хотел (со метро). Во вечерните
часови организирана посета на Ајфелова кула (со метро). Заедничка вечера
(факултативна) во ресторан на Трокадеро. Враќање во хотел.Ноќевање 3 ден
:

Во 08.00 часот Факултативно прошетка до Лувр ( со метро).Од Конкорд преку
парковите Тујлери се доаѓа до малата Триумфална Капија и Пирамидата пред
Лувр .Слободно време за влез во Лувр (индивидуално). Слободно време за
ручек. Организирана посета на Новиот дел на Париз Ла Дефенс. Организирана
посета на Мон Мартр(со метро). Слободно време и прошетка во квартот на
уметниците и посета на катедралата Светото Срце. Слободно време за
сликање пред најпознатото кабаре Мулен Руж. Вечера во некој ресторан на
Пигал. Враќање во хотел со метро. Организиран Дочек на Новата Година на
Елисејските Полиња. Враќање во хотел . Ноќевање.
4 ден : РАНО наутро трансфер до аеродром од хотелот во 06.00. Лет за
Скопје во 10.30 часот, слетување во Скопје во 13.10 часот.

Цената вклучува:
• Авио билет на релација Скопје-Париз-Скопје со WIZZAIR
• Аеродромски такси
• Рачен багаж со димензии 40х30х20 цм. И тежина до 10 кг.
• 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* како Ибис хотелите ,
• Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно 
Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за
целиот престој во Париз Цената не вклучува:
• Превозот со метро и автобус во Париз (цена околу 20 еур карнет за 10
возења)
• Организирани пешачки разгледувања на градот со пратител на група:
Ла Дефанс ,Елисејските Полиња,Триумфална Капија,плоштадот
Конкорд,Елисејската Палата,Малата и Големата Палата,Музејот Лувр
однадвор и Паркот Тујлери,Музејот Орсеј однадвор,плоштадот
Вандом,Операта Гарние , Галеријата Лафајет(со влез) , Фрагонард
музејот (со влез),Латинскиот Кварт и Нотр Дам однадвор,Сорбона,
Пантеон ,Луксембуршките градини,Мон Мартр и Пигал,Мулен Руж
,Ајфеловата Кула,Дом На Инвалидите,Трокадеро…. 60 Евра 
Влезница за Ајфелова Кула (влезница до 2-риот спрат 18.10 еур до
врвот 28,30 еур)
• Посета на Лувр 20 еур влезница (се купува билет преку интернет или
во музејот при влез)
• Посета на Версај – 75 еур ( влезница + водич), за лица до 18 год. 45
еур (се патува со автобус од хотел) не е вклучена влезница за
парковите и се плаќа на лице место ,чини околу 11 еур

• Влезница за брод по Сена 20 еур (се патува со метро) организирано! 
Посета на Операта Гарние 14 еур, музејот Орсеј околу 16
еурвлезница за секој објект
• Посета на Мулен Руж со представа (цена од 100-150 еур со пијалок ½
шампањ) , Крејзи Хорс ( 80-100 еур)
• Посета на Дизниленд –влезниците се купуваат преку интернет (
цената зависи од период кога ке се резервира и е променлива)
• Вечера или ручек во ресторан од околу 20 еур без пијалок
• Задолжително здравствено и патничко осигурување 180 мкд. 
Туристичка такса 6 еур по лице – се плаќа кај представникот на
групата
• За дополнителен багаж како WIZZ priority или чекиран багаж од 10 или
20 кг. Се доплаќа според условите на авиопревозникот WIZZAIR.

НАПОМЕНА
• Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 62 мкд)
• За ова патување потребен е валиден биометриски пасош, валиден
мин 120 дена од денот на враќање
• За овој аранжман важат општите услови на патување