orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

8-ми март

Вечниот град - РИМ

Сите патишта водат кон Рим, е позната изрека, но и добар предлог за ваша
следна Европска метропола... Историјата на Рим е богата и бурна,
почнувајќи од приказната за за Ромул и Рем и како e создаден овој град на
7 ридови, градот има повеќе од 900 цркви... Пантеон бил најголемиот
црковен храм сè до средината на 15, а главно седиште на папата била
црквата Свети Јован Латеран... Античките рушевини, Форумот и Колосеумот,
ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја... Ватикан, со
базиликата на Свети Петар и музеите во кои се сместени ремек-делата на
Микеланџело... Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа,... Шпанските
скали...

1 ДЕН СКОПЈЕ - РИМ Состанок на групата на
аеродром Александар Велики во 10.30 часот. Лет за Рим во 12.45 часот.
Слетување во Рим во 14.30 часот. Автобус за трасфер до
хотелот.Факултативно , пеш разглед на Рим Вечниот град, во придружба
на локален водич, започнува панорамското разгледување на
знаменитостите на Рим (2 часа): античкиот дел на градот,
најпрепознатливите одбележја на градот, Колосеумот, Римските Форуми,
Црквата Св. Климент , плоштадите Венеција, Навона Ст. Пополо,
Шпанските скали, Фонтана Ди Треви, Пантенон и друго. Враќање во хотел
со локален превоз Ноќевање.
2 ДЕН РИМ – ВАТИКАН
Појадок. Факултативно –посета на Ватикан: Ватиканските музеи со
восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи, Систинска
капела чиј свод е украсен од Микеланџело и посета на најголемата Црква
Св. Петар, мостот и тврдината на Ангелите.... Слободно попладне.
Ноќевање.

15.10 РИМ - СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување на собите и одлагање на багажот. Слободно време.
Во 17.30 часот трансфер до аеродромот. Слободно време за прошетки и
шопинг. Лет за Скопје во 21:15 часот. Пристигнување во Скопје во 23.00
часот.

Цена за рана уплата до

01.11: 299€ / 18.540 мкд

Цена на аранжманот: 449€ / 27.840 мкд

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски превоз: Скопје – Рим - Скопје со Визер
Аеродромски такси
Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 10кг
Трансфер аеродром – хотел - аеродром
Сместување во хотел 3* (групација Реали хотел, локација на Термини) на база 2 ноќевања со
појадок
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Туристичка такса 750 мкд (се плаќа во агенција)
Доплата за багаж за
– куфер до 10кг, чекиран багаж - куфер до 20кг,
*цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање
Карти за локален превоз (метро)
Патничко – здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 5.990 мкд
Факултативни излети:
Посета на Ватикан со локален водич и влезница задолжително
пријавување и уплата во агенција 60 евра Разглед на РИМ – сите
пешачки разгледи по програмата - 40 евра

Напомена:
- Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација
задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна
доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се
невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00
денари.
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При
резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи
ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
- Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на
непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот,
застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute
понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои
се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат
право на надомест на средства за разлика во цена.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не
е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на
точното време и место на поаѓање.
- Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација
должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
- За овој аранжман важат општите услови за патување