orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Далечни патувања

СЕЈШЕЛИ

ТЕРМИН НА ПОАЃАЊЕ ЈАНУАРИ , ФЕБРУАРИ, МАРТ 2024 (8 дена / 7 ноќи) индивидуална
програма со лет од Белград
Сејшелите претставуваат архипелаг на легендарната убавина на западниот брег на
Африканскиот континент, составен од 115 некои гранитни или пак корални острови во
западниот дел на Индискиот Океан. Најголем е централниот остров Махе со главниот град
Викторија, потоа островите Праслин и Ла Дигуе. Овој рајски архипелаг нуди незаборавен
одмор на уникатните плажи со карактеристичен контраст на бел песок и тиркизно море.
Тропската клима со температурен опсег од 24 до 32°C дава можност за подеднакво
атрактивен одмор во текот на целата година.
Цена од 1830 евра за хотел со 3 звезди на база Полупансион
Цена од 2180 евра за хотел со 4 зцезди на база Полупансион
Цена од 2615 евра за хотел со 5 звезди на база Полупансион
Напомени
1. ден Белград – Дубаи
Пристигнување на Аеродром Белград три часа пред полетување на авионот. Лет за
Дубаи EK2295 во 23:55 часот. Слетување во 07:05 часот по локално време.
2. ден Дубаи – Махе
Продолжување на патувањето на летот EK707 во 08:55 часот за Махе - Сејшели.
Слетување по локално време во 13:35 часот. Трансфер до хотелот. Сместување.
Слободно време. Ноќевање.
3. – 7. ден Махе 
Престој во хотелот на база ноќевање со појадок. Предвидени денови за уживање
на плажа. Можност за организирање на факултативни екскурзии до околните
острови (Праслин, Ла Дигуе).
08. ден Махе - Дубаи                                                       
Појадок Слободно време до трансфер до Аеродром Махе. Пријавување за летот до
Дубаи EK708 во 23:50 часот.
09. ден Дубаи - Белград                                                     
Слетување во Дубаи во 04:20 часот по локално време. Продолжување на летот со
лет ЕК2220 во 09:05 часот за Белград. Слетување на Аеродром Белград во 13:00
часот локално време.
 
Цените се валидни за резервации за термини во јануари, Фебруари и Март 2024
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

 Авионска карта со EMIRATES од Белград согласно политика на авио компанија, на економска
класа со вклучен багаж
 Аеродромски такси
 7 ноќевања во хотел по Ваш избор/ тип на соба основна стандардна двокреветна на база / на
наведена база, согласно политика на хотел и протоколи
 Oброци во хотелот и пакет по ваш избор
 Трансфери: аеродром-хотел-аеродром во Махе
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

 Дополнителни екскурзии / опционални НА БАРАЊЕ
 Патничко здравствено осигурувањe
 Индивидуални и лични трошоци
 Се што не е вклучено во ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
 
Хотели во Понуда:
BERJAYA BEAU VALLON BAY RESORT & CASINO***  -
  www.berjayahotel.com/mahe/index.asp  
Локација:  остров Махе, на плажата BEAU VALLON, 15km од самиот Аеродром; соби: хотелот
располага вкупно со 182 соби (од кои: 155 класични двокреветни/ 25 супериор и 48 делукс
соби и 3 апартмани), секоја соба има TV, клима, телефон, мини-бар, фен, балкон или тераса;
Хотелска содржина: ресторан, кинески ресторан, пицерија, бар, салон за убавина, базен,
итернет-кафе, билијард, спортови на вода..
CORAL STRAND SMART CHOICE HOTEL*****  - https://www.coralstrand.com/
Локација: остров Махе, на плажата BEAU VALLON. Соби: хотелот располага вкупно со 164
соби, постојат 6 типа на соби: Стандардна ксоба, Класичен соба со поглед кон океанот,
Двокреветна соба за меден месец, Супериор, Супериор соба со  поглед кон океанот и
Penthouse апартман. Хотелска содржина: ресторани, индијски ресторан, азијски ресторан,
бар, салон за убавина, базен, итернет-кафе, билијард, спортови на вода..
SAVOY RESORT & SPA ***** https://savoy.sc/
Локација: Savoy Seychelles Resort & Spa 5 * се наоѓа на плажата Бо Валон на островот Махе.
Позициониран е на песочните брегови на Индискиот Океан. Тоа е околу 5 километри од
Викторија и околу 13 километри од меѓународниот аеродром.
Хотелски капацитети: Хотелот е погоден за групи, семејства со деца и парови. Содржи WiFi,
спа и фитнес центар, салон за убавина и фризер, најголемиот базен на островот (700м²),
конференциска сала, можност за организирање спортови на вода, тениско игралиште.
Хотелот има пет ресторани и барови во кои можете да уживате во индиска, азиска,
интернационална и традиционална креолска храна. Стандардна соба има 51 м2, купатило со
када и туш, ТВ, клима, балкон, мини бар, сеф, фен, апарат за кафе/чај, универзални штекери.
Постои можност за перење алишта. Услугата се базира на ноќевање со појадок, но може да
се плати полупансион. Има и соби со поглед на море, како и супериорни соби и пентхаус.

Цената е валидна до пополнување на места на дадена тарифа од авио компанија и
промотивни цени на ограничен број соби во наведен хотел и истата е подложна на промени се
до момент на резервација (пред резервација проверете ја цена).
Услови:

 При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 15 дена пред поаѓање.
 Рок на потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација
 Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.
 Задолжително патничко осигурување
 Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на
патувањето.
 Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd). Важат општите
услови на патување