orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Есенски тури

СТ. ПЕТЕРСБУРГ И МОСКВА

 

Прв ден – БЕЛГРАД – СТ. ПЕТЕРСБУРГ (обиколка на градот)

Состанок на групата на аеродромот Белград два саати пред лет. Лет за Ст. Петерсбург со број на лет JU 670 во 06.30 часот. Пристигнување во 10.15 часот по локално време. Прво од аеродромот се упатуваме на панорамско разгледување на градот со мини бус со водич на Српски јазик.

Ова разгледување вклучува обиколка на Василевски остров, на кој се наоѓаат: Знаменитата палата на Петербуршката берза, Универзитетската обала ( дел од обалата на реката Нева ), визуелниот симбол на Санкт Петерсбург – статуата “Бронзен Коњаник” – посветена на императорот Петар Велики. Исакиевски плоштад со монументалниот Исакиевски парламент, летната градина во која се наоѓа прочуениот Летни дворец, ( бродот крстач Аурора ) воен брод од кој е започната Октомвриската револуција, денес овој брод претставува споменик на Руската Флота, величенствениот Смољни манастир, Александро-Невски Лавра, Невски проспект ( еден од најубавите булевари на Светот ) во кој се наоѓаат многу знаменитости на Ст. Петерсбург, вклучувајќи ја и раскошната Казанска црква.  

Разглед на Величенствената Црква на Вознесението Христово, куќата на Цар Петар први, нуклеусот Санкт Птерсбург  ( првото Петроградско здание ), неуништивата Петропавловска тврдина и многу други знаменитости, кој овој царски град ги има во изобилство, па и затоа е невозможно да се набројат сите. Следува трансфер до Хотел и сместување во соби.

Факултативно:Крстарење по реки и канали. Враќање во Хотел и ноќевање

Втор Ден: – Ст. Петерсбург (слободен ден или посета на Царско Село)

Појадок.

Факултативно: Царско Село 

(познато по претходното име Пушкин ) имотот и резиденцијалниот комплекс на Руската Царска фамилија ( се наоѓа на 30 км од Ст. Петерсбург ). Ова единствено место блика со аристократскиот дух на Руските Владари. Познато и по старото име Пушкин) – Царско село  е резиденција на Руската царска фамилија и летна резиденција на царицата Катерина Велика, на декорацијата на дворецот е потрошено 100 кг чисто злато.  Секоја од 57 одаи ке Ве воодушеват со својот раскош и луксуз, а од 2003 година е отворена и реновирана Килибарската соба или сала во која секој детал е изрезбарен од драгоцен камен – килибар. Враќање во хотел.Нокевање.


Трет ден – Ст. Петерсбург (Ермитаж и Петергоф)

Појадок.

Факултативно (Ермитаж/зимски дворец). Ова е прилика да го разгледате еден од трите најпознати музеи во Светот, чиј фонд брои преку 3 милиони експонати и артефакти, и со тоа претставува најголем музеј на Светот. Можеме да издвоиме некои славни имиња како што се: Леонардо Да Винчи, Рембрант, Моне, Сезан, Пикасо и др. Меѓутоа, Ермитаж не е само музеј (галерија), неговото главно здание (палатата на Зимскиот Дворец) е знаменитост сама по себе. Во дворецот постојат преку 600 репресентативни сали, чии ентериери го пленат вниманието на посетителите. Оваа екскурзија трае околу 3 часа.

Факултативно Петергоф / Петров дворец (оддалечен 34км од Ст.Петерсбург). Петергоф, освен по комплексот на царските резиденции, прочуен е и по раскошните фонтани со позлатени статуи и волшебните паркови (горен и долен парк). Оваа екскурзија вклучува разглед на дворецот и прошетка низ паркот до обалата на Финскиот Залив (Балтичко Море). Враќање во хотел. Ноќевање.


Четврти ден – Ст. Петерсбург – Москва (разглед на градот и метро)

Појадок. Трансфер до аеродром. Лет од Ст.Петерсбург до Москва. По пристигнувањето трансфер, се оди панорамско разгледување на градот со минибус, во придружба на водич. Во текот на разгледот ќе ги видите: Црвениот плоштад, најзнаменитата Московска улица – Тверска, Бољшој театар, Новодевички Манастир, Универзитетот Ломоносов, Варабјовије брдо (панорамски видиковец со неверојатно убав поглед на Москва), репрезентативната Мосфилмовска улица во која се наоѓаат објектите на многу земји во Светот, потоа Мосфилм (Рускиот Холивуд), по кого оваа авенија го носи името. Следува Величенствениот меморијален комплекс на Поклонаја Гора – Паркот на Победата, “Седумте сестри” (седум кули во “сталинистички” стил кои го дефинираат визурниот профил на Москва), се тоа со забавна и интересна приказна на нашиот водич за историјата и секојдневниот живот на овој голем град. Трансфер до Хотел. Сместување во соодветните соби.  

Метро тура во вечерните часови. Разглед на прочуеното Московско Метро (неколку најинтересни станици во центарот на градот со водич). Московското метро важи за најубавото метро на Светот, благодарејќи на монументалната декорација на неговите станици. Многумина го сметаат за музеј на отворено. Враќање во Хотел. Ноќевање.

Петти ден: Москва (Сергејев Посед)

Појадок.

Факултативно: Сергејев Посед (оддалечен 70 км од Москва, прочуен и по старото име Загорск). Сергејев Посед е град во кој се наоѓа еден од најстарите, најголемите и најважните манастирски комплекси – Сергијевотроичка лавра која претставува центар на Руското православие и духовност. Порано овде била и резиденцијата на Рускиот Патријарх.

Враќање во Хотел. Ноќевање.

 

Шести ден – Москва (Кремљ и Оружена палата)

Појадок..

Факултативно: Со стручен водич се оди на разгледување на територијата на Кремлин и црквите: Успенска, Архангелска и Црквата на Благовештението. Цар-Топ настанато во 16век, тежок 40 тони, Цар Ѕвоно – најголемото на Светот, тешко 202 тони, високо 6.14м, надворешен разглед на претседателската палата. Кремљ претставува поранешна резиденција на Руските Цареви. Можност за присуствување на смената на царската стража во Кремљ и Оружената Палата – обиколка на царската ризница во која можат да се видат, Круни, кочија, златни садови, престол и др.

Трансфер до аеродром, лет за Белград JU 655 и 21:35 часот. Слетување на аеродромот Никола Тесла во 23:25 часот по локално време.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :  665 ЕУР по лице /  МЕСТАТА СЕ ОГРАНИЧЕНИ ЗА ОВОЈ ТЕРМИН

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авио Превоз (економска класа) Белград-Ст.Петерсбург/Москва-Белград
  • Багаж 20 kg – 1 куфер и рачен багаж, кој се носи во авион.(Вишок на килограми или додатна торба дополнително се доплаќа),
  • Возна карта  Петербург-Москва, економска класа,
  • Трансфери во Ст. Петерсбург и Москва,
  • Сместување во Хотел со 4* во Ст. Петерсбург и 5* во Москва, во двокреветни и еднокреветни стандард соби, спрема уплатениот аранжман на база, ноќевање со појадок (Шведска Маса).
  • Екскурзии: Панорамски разглед на Ст. Петерсбург и Москва
  • Услугите на водичот на групата и пратителот,
  • Трошоци за организација на патувањето.

Во цената на Аранжманот не е вклучено:

  • Превоз до аеродромот Белград и назад,
  • Факултативни излети,
  • Аеродромски такси кои изнесуваат 145 Евра по човек, се плаќаат во Агенцијата. (подложни се на промени). Деца од 0-2год. Плаќаат дел од Аеродромските такси, деца од 02-12 год. плаќаат такси од 145 Евра.
  • Здравствено осигурување
  • Индивидуални трошкови.

Напомени:

  • Во хотелските соби се влегува првиот ден од 14:00 часот (постои можност за порано влегување). За Евентуелни одстапки и квалитет на услугите во оквирот на хотелите, организаторот на патувањето не сноси одговорност, бидејќи тоа исклучиво зависи од Хотелот.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата доколку се случат непредвидени околности (на пр. Гужва на граница, сообраќаен метеж, затворање на некој од локалитетите предвидени за разглед).
  • Факултативни излети: Редослед и траење на факултативните излети се подложни на промени, поради непредвидени гужви во сообраќајот како и слични околности. За помалку од 10 пријавени патници, излетите ќе бидат реализирани со јавен превоз.
  • Патниците кои поседуваат странски пасоши должни се сами да се информираат кај надлежниот конзулат за условите кои важат за дестинацијата, или некоја транзитна земја.
  • За пријавата задолжително се доставуваат податоци од важечки пасоши. Важноста на пасошот треба да биде минимум 6 месеци после датумот од излез од Русија.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај промена на цената на превозот, да ја промени цената на ранжманот, како да и во случај на недоволно пријавени патници ( минимум 10 патници ), да го откаже патувањето, најдоцна 5 дена пред поцеток на патувањето.
  • Авиокомпанијата го задржува правото на промена на часот на летовите

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.