orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Есенски тури

ЛИСАБОН & ПОРТО 7 ДЕНА АВИОН од Софија

1.ден СОФИЈА -   ЛИСАБОН

Поаѓање за Софија од пред хотел Холидеј Ин во 12:00 часот (состанок на групата 15мин порано). Пристигнување на интернационалниот аеродром на Софија. Полетување за Лисабон во 19:50 часот по локално време,слетување во Лисабон  22:00 часот  по локално време во Франкфурт. Организиран трансфер до хотел и сместување. Ноќевање.

2.ден   ЛИСАБОН

Појадок.По појадокот, ФАКУЛТАТИВНО разглед на главниот и најголемиот град на Португалија, кој совршено ја отсликува португалската култура, комбинација од модерна култура која сепак го задржува своето кулутрно наследство и традиција. Разглед на Плоштадот Маркиз де Помбала, авенија на Слободата, централниот Плоштад Росио, срцето на Лисабон, познат уште како и плоштад Педро IV,  Плоштадот Рестауредорес со споменикот, кој е симбол на ослободувањето на Португалија од шпанската власт,  Плоштадот Комерцио, Кулата Белем и Манасторот на Св.Жероним, кои преставуваат светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ноќевање.

3.ден ЛИСАБОН - ПАРК НА НАЦИИТЕ        

Појадок.По појадокот, препорачуваме на прошетка во квартот Парк на нациите, лоциран во источниот дел на градот изграден за потребите на ЕXPO '98 последната најголема светска изложба во 20ти век, денес преставува футуристички архитектонски комплекс. Тоа е Комбинација на многубројни излошбени простори , привлецни шеталишта, најголемиот океанографски музеј, продавници и ресторани. Можност за возење со жичарата која овозможува спектакуларна глетка кон најдолгиот мост во Европа 17км ,,Васко де Гама". Во попладневните часови препорачуваме прошетка во квартот Алфама. Тој преставува најстариот кварт во Лисабон и единствениот поштеден од катастрофалниот земјотрес во 1755, налик на прекрасен лавиринт со тесни калдрмени улици. Можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде ќе уживате во незаборавен поглед на централниот дел на Лисабон. Можност за посета на посета на ресторан со традиционална португалска музика- Фадо. Ноќевање.

4.ден : ЛИСАБОН - СИНТРА - КАБО де РОКА - КАШКАИШ - ЕСТОРИЛ

Појадок.По појадокот организиран целодневен факултативен излет на околината на Лисабон. Прошетка до Синтра, кој поради својата пријатна клима во минатото преставувала летна резиденција на кралското семејство, истиот во 1955г. УНЕСКО го прогласува за културно светско наследство. Патувањето продолжува кон Кабо де Рока, кое е  најзападната точка на континентална Европа. Неговите координати се впишани на камен, сместен на ‘рт длабоко во Атлантикот. Продожуваме кон Кашкаиш, шармантно гратче лоцирано на брегот на океанот, поврзано со Есторил, денес двата преставуваат монденски летувалишта познати по своите песочни плажи.Враќање во Лисабон. Можност за посета на шопинг центар. Ноќевање

5.ден  ЛИСАБОН- ПОРТО

Појадок. По појадокот одјвување од хотел  и заминување кон Порто. Организиран трансфер до Порто Пристигнување во Порто. Сместување во хотел. Слободно  време за индивидуални активности ФАКУЛТАТИВНО, разглед на Порто. Втор град по големина во Португалија, лоциран во северниот дел, град кој полека но сигурно го зазема своето место на еден од најпосетените туристички градови во Европа. Познат по виното, кое што го носи истото име, како и по својата историја, туристичките атракции и бројните кафулиња, ноќните клубови, кои го прават градот вибрантен Посета на најстариот кварт Рибериа, кој е светско наследство под заштита на УНЕСКО, лоциран на ридот на градот, со поглед кон реката Дуро, посета на црквата Сан Франциско од 14 век која е главна атракција изградена во готички стил со позлатени резби, Авенијата Алиадос,  Палатата Бурзе , прекрасен неокласичен споменик (изграден од 1842 до 1910 година)...Разглед на градот со попатна посета на локална винарија и дегустација на познатото португалско вино..Ноќевање

6.ден ПОРТО

Појадок. По појадокот Факултативно посета на локална винарија и дегустација на познатото португалско вино. Можност за прошетка по квартот Рибеира и пловидба со традиционален чамец. Ноќевање

7.ден) ПОРТО - СОФИЈА

Појадок. По појадокот одјавување од хотел и организиран трансфер до аеродром. Слободно време до лет за Софија. Пртистигнување во Софија
Органзииран трансфер од Софија до Скопје. Пристигнување во Скопје после полноќ.

Во цена е вклучено:

* Авио билет на релација Софија -Лисабон, Порто - Софија

*  рачен багаж до 8кг  55X40X23 cm

*  4 ноќевања со вклучен појадок во хотел 3*** Супериор во Лисабон

*  2 ноќевања со вклучен појадок во хотел 3*** Супериор во Порто

*  Трансфер аеродром - хотел - аеродром

*  Трансфер на релација  Лисабон - Порто

*  Трансфер на релација Скопје -Софија -Скопје

*  Разглед на градовите  Лисабон и Порто (со по еден ден: hop on- hop off):

*  Лиценциран придружник за време на целото патување

*  Целосна реализација и организација на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

*  Аеродромски такси 130еур (8100 мкд) - се плаќаат во агенција.

* Разглед на Лисабон 30 ЕУР ,  Разглед на Порто  30 ЕУР по лице

*  Факултативен излет на околината на Лисабон (Синтра, Кабо де Рока, Кашкаиш Есторил) со вклучена влезница за палатата Пена -90 ПО ЛИЦЕ

* посета на локална винарија и дегустација на познатото португалско вино... 40 ЕУР

*  Туристичка Такса - 20€ задолжителна уплата во агенција при резервација.

*  Влезници во музеи и културно историски споменици

*  Карти за локален превоз

*  Патничко- здраствено осигурување

 

НАПОМЕНА:

*  За овој аранжман важат Општите услови за патување .

*  Патниците се должни 24 часа пред поаѓање да се информираат за времето и место на поаѓање !

*  За реализација на аранжманот е потребен минимум од 25 патници

*  За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации

Забелешки:

При правење на резервација се молат патниците да достават копија од првата страна на пасошот,во спротивно агенцијата нема одговорност за издавање на билетот со погрешни имиња,а патниците сами плаќаат пенали за ново издавање на авиобилетот.

Доколку бројот на патници е помал од минималниот,аранжманот не се откажува, но цената ќе се зголеми, зависно од бројот на патниците.

-Имињата на хотелите ќе бидат познати по формирање на групата а категоризацијата е според локалните критериуми

Организаторот на патувањето го задржува правото на делумни измени на распоредот на турата во зависност од состојбата на теренот, како и правото во случај на промена на цената на авионскиот превоз , да ја промени цената на аранжманот.

-Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ кои се составен дел на оваа програма

- Уплата исклучиво во МКД  курс  1 ЕУР   =  62,00 МКД


ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА  НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 20 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
Општите услови за патување се составен дел од овој аранжман

 

НАПОМЕНИ:
- Во случај на помал број од 15 пријавени патници,  нема да се откаѓе аранжманот, но цената ке претрпи одредена промена во согласнот со патниците кои се пријавени.

- Доколку не се оствари минималниот број на патници агенцијата го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
- Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
- Краен рок за отказ на аранжманот од страна на агенцијата е 
5 дена пред патувањето.
- Плаќањето и доплатите во земјата во врска со ова патување, патниците ги вршат во денари. 
- Факултативните излети се плаќаат исклучиво во валутата на земјата која е цел на патување,  на лице место.
- Содржината на Панорамските тури и разгледите се подложни на промени условени од оправдани причини, (застој во сообраќајот, локални штрајкови, лоши временски услови…)
- Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен агенцијата не може да гарантира, со исклучок во случај кога за одреден хотел постои доплата со која патникот си обезбедува поглед на море / базен.
- Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и ино партнерот. Во случај на накнадна промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. 
- Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. 
- Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога има доплата за истите.
- За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се рачуна од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14
:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
- Дополнителните односно помошните кревети најчесто се на расклопување, и често пати со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен кревет, и во истите децата го делат истиот лежај со родителите.
- Организаторот не сноси одговорност за евентуалните поинакви усни информации за програмата на патување.
- Цената на аеродромските такси е подлежна на промена и не зависи од организаторот на аранжманот туку од самата авио компанија. Точната цена на аеродромската такса се утврдува при издавањето на авионската карта, најдоцна 48 часа пред почеток на патувањето.
- Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на поедини содржини заради објективни околности.

-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ кои се составен дел на оваа програма.