orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Нова година 2020

Нова Година во Будимпешта

   5 дена/ 3 ноќевања – автобус

 

 

28. Декември (петок)          СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА

Состанок  на групата во паркингот пред хотелот „Холидеј ин“ во 17.30 часот. Поаѓање за Будимпешта во 18.00 часот. Се патува преку Србија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

 

29 Декември (сабота)          БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Прошетка низ центарот на Будимпешта во придружба на пратител и запознавање со градот. Сместување во хотел. Во вечерните часови предлагаме факултативно крстарење со брод по Дунав. Ноќевање.

 

30 Декември (недела)          БУДИМПЕШТА 
Панорамско разгледување на градот со локален водич: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „"Св. Матејас“, Рибарската тврдина... Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Вечерта, факултативно-вечера во традиционална унгарска чарда со богата фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна.

 

31 Декември (понеделник)   БУДИМПЕШТА – ВИЕНА

Појадок. Целодневен факултативен излет до Виена и можност да ја почувствувате новогодишната магија по познатите монденски улици во центарот на градот... Разглед на градот: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан и Штефанплац, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере (без влез), Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Катедралата Фотиф, Парламентот, Универзитетот... можност да се проба  виенска шницла во некој традиционален ресторан и прочуената Захер торта. Враќање во Будимпешта во попладневните часови. Вечерта, дочек на Новата 2020 година на плоштадот Matijash Pince. Враќање во хотел. Ноќевање.

 


01 Jануари (вторник)             БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА – СКОПЈЕ

Појадок. Одјава од хотел. Факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, и кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Поаѓање за Скопје во пoпладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје следниот ден во утрински часови.

 

 

Цена за рана уплата до 25 Октомври....9.860 ден. (159 евра)

Цена на аранжманот:  12.338 денари (199 евра)

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација.
  • Сместување во Будимпешта во хотел  3*** на база 3 ноќевања со појадок.
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Разглед на Будимпешта со стручен локален водич 10 евра
  • Крстарање со брод по Дунав 15 евра
  • Вечера во национален ресторан – чарда 35 евра
  • Посета на Виена 35 евра (за минимум 30 патници)
  • Посета на Сент Андреа 10 евра
  • Влезници за музеите и културно-историските споменици.
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба

Напомени: 
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

За овој програм важат Опшите Услови на патување.

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд

Т.А. го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми)  за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл. 

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место

 

  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот (во случајот промена на цена на авио билетот) или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 
Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето