orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Зимски прошетки

БОЖИЌЕН МАРКЕТ на МАЛТА

14.12.2019 - 17.12.2019

СО АВИОН ОД СКОПЈE

/ 4 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА

Малта и нејзините сестрински острови Гозо и Комино - лоцирани во центарот на Медитеранот, со многу поволна клима и голем број сончеви часови и кристално сини води, претставуваат вистински рај за оние кои сакаат да доживеат ново искуство. Историското наследство на Малта сведочи за 7000 години долгата цивилизација и различни народи кои ја освојувале оставајќи свои траги, а својата слава ја доживела за времето на познатите витези од редот на Свети Јован. Наследството на различните доминации кои владееле над островите во текот на вековите може да се видат, почувствуваат и восхитуваат. Оваа необична мешавина на култури, мноштво на историски споменици и туристички атракции, придонесува Малта да зрачи со посебен шарм.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

1 ден (14.12.2019 - сабота) | Скопје - Малта

Состанок со групата на аеродромот во Скопје во 11:20 часот. Полетување за Малта во 13:20 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во Малта во 15:10 часот. Трансфер до хотел. Сместување во хотел и слободно време за индивидуални прошетки или во договор со пратителот на групата. Ноќевање.

2 ден (15.12.2019 - недела ) | Малта - Гозо

Појадок во хотел. Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Тргнување во утринските часови со климатизиран автобус кон главниот град, а воедно и најнаселено место на островот, градотVictoria во минатото познат како Rabat. Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Првите остатоци на градот датираат уште од неолитот, но првата тврдина започнала со градба од страна на Феничаните, подоцна продолжена од Римјаните. Денешниот изглед тврдината го добива околу 17 - ти век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред. Оваа тврдина во минатото неколкупати била уништувана, што е главна причина мал дел од истата да е во оргиналната градба. На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е импресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот музеј. Продолжуваме кон предисторискиот комплекс Ggantija Templesпостара градба и од египетските пирамиди или Стоунхенџ. Познатата област со огромни карпи Dwejra и познатото селце Xlendi. Слободно време за индивидуални активности.Враќање во хотел.Ноќевање.

3 ден (16.12.2019 - понеделник) | Малта - Валета - Мдина

Појадок во хотел. Предлог за денешниот ден - факултативна посета на Валета и Мдина. Се упатуваме на полудневен факултативен излет на централна Малта и посета на стариот главен град на островот, Мдина, уште познат и како тивкиот град. Додека се шетате низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, ќе се искачите на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“,изградена во 19 - ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата. Продолжуваме кон занаетчиското село Ta'Qali (поранешен воен аеродром), каде што се наоѓаат најразлични занаeтски услуги, како изработка на стакло, филиграни, дрвенарија, чипка и различни сувенири од островот. Во договорено време, тргнуваме кон Валета на организиран разглед со локален водич. Разгледот ќе ви овозможи да ги откриете убавините на градот изграден од Витезите на Св. Џон. Прошетката води кон Градините Горна Барака (Upper Barrakka Gardens) и неверојатен панорамски поглед на Големото пристаниште (Grand Harbour), како и посета на Ко - катедралата на Свети Јован (St. John’s Co - Cathedral), дом на ремек - делото на Караваџо (Caravaggio) - "Обезглавувањето на Свети Јован" ("The Beheading of Saint John"). Слободно време за индивидуални активности низ преубавата Валета и можност да се остане покасно за да се долови предновогодишната атмосфера низ многубројните тезги , украсени и преплавени со новогодишни украси.  Индивидуално враќање назад во хотел. Ноќевање.

4 ден (17.12.2019 - вторник) | Малта  - Скопје

Појадок во хотел. Одјавување од хотел и време за слободни активности. Во договорено време враќање трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 15:55 часот. Слетување во Скопје во 17: 35 часот.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ од 199 ЕВРА (12.338 мкд.)

ОВАА ЦЕНА ВАЖИ ЗА УПЛАТА ДО 30 ОКТОМВРИ

РЕДОВНА ЦЕНА 299 ЕВРА (18.538 мкд.) –

ЛИЦЕ ШТО НЕ КОРИСТИ ФАКУЛТАТИВИ ЦЕНАТА Е 240 ЕВРА

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионски билет на релација: Скопје - Малта - Скопје;
  • Трансфер на релација: аеродром - хотел - аеродром на Малта;
  • Сместување во хотел со 3* на Малта - 3 ноќевања со појадок;
  • Мала кабинска торба;
  • Туристички придружник од страна на агенцијата за време на целото патување;
  • Професионална организација на аранжманот;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Аеродромски такси 3.100 денари;
  • Доплата за куфер 23 kg;
  • Туристичка такса 1 € на ден (се плаќа во агенција);
  • Факултативен излет на Валета и центарална Малта (трансфер + локален водич) - 45 €;
  • Целодневен факултативен излет на островот Гозо (трансфер + локален водич) - 55 €;
  • Во цената на факултативните излети не е вклучен ручек;
  • Индивидуални трошоци;
  • Патничко - здравствено осигурување;

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
  •  

Пријавување за факултативи во агенција, при резервација и минимум 20 пријавени за реализација
За оваа програма важат општите услови за патување