orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Зимски прошетки

ИЗРАЕЛ во февруари

ИЗРАЕЛ ВЕЛИГДЕН

09. Фебруари –  16 Фебруари 2020
(7 ноќевања / 8 дена)

 

 1.Ден: : Скопје –Солун – Тел Авив
Состанок на групатана Пред Хотел Холидеј Ин во Скопје. Трансфер до Аеродромот во Солун во 5:00 часот. Лет за Тел Авив во 12:35 часот и слетување во 15:00 часот. Се упатуваме на посета на прекрасните Бахајски градини во Хаифа и ке имаме можност за прекрасен панорамски поглед на градот и пристаништето од планината Кармел. Посета на  црквата Стела Марис изградена над пештерата во која живеел Св. Илија Од таму разглед на Тел Авив и уметничкиот кварт Old Jafa. Заминување кон хотел. Вечера Вечера.. Ноќевање.

 

2.Ден: :  Витлеем – Маслиновата Гора – Новиот Град –  Еин Карем
Појадок. Посета на Пештерата со Јаслите во Црквата на Светото Рожденство  во Витлеем, од каде продолжуваме кон Маслиновата Гора каде ќе имаме можност за прекрасен  панорамски поглед на вечниот Свет Град. Продолжуваме кон Светите Олтари на Маслиновата Гора, Оче Наш, Капелата Dominos Flavit и Базиликата на Агонијата во Гециманската Градина, позната како Базилика на Сите Нации. Во Гециманската Градина Исус ги поминал последните часови пред да биде уапсен. Посета на гробот на Мајката Божја кој се наоѓа под земја, а на површината е само влезот. Во гробот се наоѓаат и гробовите на нејзините родители Св.Ана и Св.Јоаким и гробот на Св.Јосиф. Гробот на Богородица е празен бидејќи од него телото на Богородица се вознесло на небото. Доколку доволува времето посета на Ein Karem, живописно село родното место  на Св. Јован Крстител. Враќање  во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

3.Ден: :  Стариот Град – Планината Зион –  Еврејски Кварт – Западниот Ѕид       
По појадокот, заминување на целодневна  пешачка тура – прошетка низ Светиот Град по Via Dolorosa – патот на Христовото Страдание. Ќе влеземе во Кулата Antonia, затворот каде Исус ги поминал последните часови пред да биде осуден, па повторно, по Патот на Крстот, Via Dolorosa, ке стигнеме до Базиликата на Светиот Гроб. Тука ќе ги посетиме Голгота, плочата на миропомазувањето и Христовиот Гроб. Ќе продолжиме во посета на Калвари и Празниот Гроб, Планината Зион и Еврејскиот кварт. Ќе влеземе во собата каде се одржала Последната Вечера а потоа ќе продолжиме преку еврејскиот кварт до Западниот Ѕид (Ѕидот на плачот), најголемото Еврерјско светилиште. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

4.Ден: : Масада – Мртво Море – Кумран
По појадокот се упатуваме кон Масада – искачување со жичарница на тврдината) – спектакуларна Тврдина изградена од страна на Кралот Херод а потоа ќе се упатиме кон најниската точка на Земјината топка, окулу 400м под морското ниво, кон Мртвото Море каде ќе имаме можност да запливаме ( или плутаме ) во пријатно топлата вода. Од таму продолжуваме кон Кумран каде 1946 г.се пронајдени Кумранските  ракописи- првите скици на Мртвото Море.  Патот го продолжуваме кон Тибериас. Сместување во хотелот. Вечера. Ноќевање

 

5.Ден: :  Галилеја – Светите Олтари – Табха – Гора на Блаженствата – Капернаум –  Јарденит
По појадокот се упатуваме кон Галилејското Море каде ќе имаме можност за утринско пловење со брод. Посета на Светите Олтари кои се наоѓаат покрај Галилејското Море, Езеро  каде Исус пред своите апостоли и мноштво верници одржал дел од своите познати проповеди. Посета на Планината на Блаженствата и Табха,  место каде се случило умножувањето на рибите и лебот со кои Христос ги нахранил верниците. Ручек–риба во традиционален ресторан Кибуц. По паузата за ручек се упатуваме кон Јарденит, местото каде Св. Јован го извршил крштевањето и каде ке имате можност да се крстите во светите води на реката Јордан. Враќање во нашиот хотел за вечера.  Ноќевање.

 

6.Ден:   Гората Табор – Кана – Назарет
 По појадокот заминуваме кон  планината  Табор каде ќе имаме можност да ја посетиме Црквата на преображдението. Од поножјето до врвот на 575 м надморска висина се патува со помали такси комбиња заради тесниот пат и кривините. Од таму заминување кон Кана Галилејска, каде ќе го посетиме местото каде се случило првото од трите Исусови чуда, кога Исус ја претворил водата во вино на свадбарската веселба. Се враќаме кон Назарет, во посета на Базиликата на Благовештението и Пештерата. Посета и на Црквата посветена на Св.Јосиф, за која се смета дека е изградена врз куќата во која живеела Светата Фамилија, Црквата Св. Габриел со Бунарот на Св. Марија. Заминување кон  хотелот . Вечера. Ноќевање.

 

7.Ден: :  ПАлестинскиот дел околу Јерусалем
Појадок. Попојадокот ке ги посетиме палестинскиот дел околу Јерусалем и Вилеем, Посета на местото каде се наоѓа гробот на Јасер Арафат.Вечера. Ноќевање.

 

8.Ден: :  Тел Авив – Истанбул – Скопје
Одјавување од хотел . Трансфер до аеродром  околу 11.00 часот. Лет за Солун во 15,50 часот, Пристигнување во Солун  во 18:25. Трансфер до Скопје.

И ДОГОДИНА ВО ЈЕРУСАЛЕМ – АМИН

 

ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО 30 ОКТОМВРИ 2019 ГОДИНА 599 € / EUR  во МКД  37.138,00

ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО 15 НОЕМВРИ 2019 ГОДИНА 699 € / EUR  во МКД  43.338,00

РЕДОВНА ЦЕНА  од 16 НОЕМВРИ 2019 ГОДИНА 799 € / EUR  во МКД  49.538,00

Цените се дадени по лице за комплетен програм кој е наведен.

 

Во цената е вклучено :

  • Повратен авио билет Солун – Тел Авив – Солун
  • Превоз од Скопје до аеродромот вцо Солун и обратно
  • Сместување во Хотел со 3* Сите трансфери према програмата
  • Сите посети со вклучени влезници, према програмата
  • Стручен водич

Во цената не е вклучено :

  • Аеродромски такси 140€
  • Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
  • Задолжително патничко осигурување
  • Задолжителен бакшиш за шоферите и возачите –50 €
  • Прошетка со брод по Галилејското езеро -40 €
  • Жичара при посета на манастирот Јерихон – 20 €

 

 

  • Забелешки:

Во случај на помал број од 20 пријавени патници, но најмалку 15, цената ќе се зголеми за 80 евра по патник

  • За резервации по ран букинг каде цената е со попуст се уплаќа 100 % од цената на аранжманот додека за уплата по редовна цена потребен е аванс од 50% од вкупнот износ на аранжманот.
  • Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
  • Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
  • Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место

 

  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот (во случајот промена на цена на авио билетот) или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.