orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Пролетни понуди 2020

ИЗРАЕЛ СО 3 НОКЕВАЊА

 

ВО СВЕТАТА ЗЕМЈА - ИЗРАЕЛ

ТЕРМИНИ: 04-12 АПРИЛ 2020

 ( 3 НОКЕВАЊА / 4 ДЕНА)

Државата Израел (מדינת ישראל Мединат Јисраел на хебрејскиدولة إسرائيل Даулат Исраел на арапски) е блиско источна земја, сместена на источниот раб на Средоземното море. Израел е парламентарна демократска држава и единствена еврејска држава во светот. Со површина од 20.770км2 ( без окупираните делови )  има 7мил. жители според пописот од 2006г. Името потекнува од Јаков,покасно преименуван во Израел, еден од патриархите на еврејскиот народ од кој имал 12 синови,а од нив настанале 12 израелки племиња. Израелкото знаеме има корени од еврејската традиција. Белата позадина симболизира чистота. Средината е Давидовата звезда, која го симболизира сојузот помеѓу Господ и Евреите. Горниот триаголник на звездата го симболизира Господ како се наведнува према народот, а долниот триаголник ги симболизира Евреите кој ги пружаат рацете кон Господ. Плавите линии симболизираат Talit, Еврејскиот молитвен шал. Земја каде што се остварува сонот,ветена од Господа Аврам и неговите следбеници. девет од десетте мерила за убавина.Неговите храмови, археолошки ископини, цркви, џамии и Наследство во кое децата на Израел беа водени од Мојсие по егзодусот од Египет, соединети во моќна Хибру нација под водство на Давид и Соломон.Родното место на Исус Христос  и колевката на три големи монотеистички религии: христијанство,јудизам и муслиманство.Израел е познат низ историјата во целиот свет како првобитен извор на Библијата. Ерусалим – Златен Град, Вечен Град, Градот на Давид , Градот на Цион се само еден дел од имињата кои ги има овој древен град.Поетски имиња преку кои се представува древната историја стара 2000години, град кои некогаш бил сметан за центар на светот, град во кои се вели дека содржи синагоги, стари пазари, модерни хотели и ресторани се доказ за неговата долга историја- шареноликоста на народите и културите кои илјадници години живеат во овој вечен град, се уникатноста на Ерусалим.

                                                                                                                                                    ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

1.Ден СКОПЈЕ – СОФИЈА - ТЕЛ АВИВ   (Тел Авив Стариот Град – Јерусалим -Планината Зион –  Еврејски Кварт – Западниот Ѕид)           Состанок на групата пред Холидеј Инн во 23:00 част( на 05.12). Поаѓање од Скопје кон аеродромот во Солун во 23.30 часот. Лет за Тел Авив од Солун во 06.15 часот. Се лета со авио компанија – Рајан ер.  Пристигнување во Тел Авив 08.40 часот. Организиран трансфер за Ерусалем. Посета на Гетсиманската градина, посета на базиликата на страдањето Xристово и Црквата на Вознесението на пресвета Богородица. Посета на стариот град на Ерусалем, кој е сместен во срцето на Ерусалем. Стариот град се смета за најсветото место според  христијаните. Поделен е на четири дела: христијански,  муслимански, еврејски и ерменски. Сите егзистираат заедно на простор од еден квадратен километар. Ќе одиме долж Via Dolorosa – тажниот пат на Исус до местото на неговото распнување... Од таму доаѓаме до храмот на Распетието, каде што се случил  најважниот момент од христијанската историја -Воскресението на Спасителот. Посета на Гробот Христов,  Голготата, и каменот на Помазанието. Посета на планината Сион, собата на последната вечера, гробот на Кралот Давид, и манастирот на Успението,  Црквата на Вознесението (изградена на местото каде постоела куќата на Свети Јован крстител, каде што Пресвета Богородица живеела по распнувањето на Исус), Еврејскиот кварт, улицата Кардо, сингогата Рамбам, западниот зид. Сместување во хотелот. ВечераНоќевање.

 

2. Ден:   ЕРИХОН-ЈЕРДЕНИТ-МРТВО МОРЕ

Појадок. Посета на Вади келт.Манастирот на Свети Ѓорѓи ХОЗЕВИТ, во јудејската пустина, Ерихон најстариот град на планетата и планината на искушението со посета на манастирот на искушението. од каде со жичара ке го посетиме манастирот на Искушението (ФАКУЛТАТИВНО) место каде Исус 40 дена постел и се молел. Се упатуваме кон Yardenit, местото каде Св. Јован го извршил крштевањето и каде ке имате можност да се крстите во светите води на реката Јордан. Од овде се упатуваме кон најниската точка на Земјината топка, окулу 400м под морското ниво, кон Мртвото Море каде ќе имаме можност да запливаме ( или плутаме ) во пријатно топлата вода. Враќање во хотел. Вечера. Нокевање.

 

3.Ден: НАЗАРЕТ – КАНА ГАЛИЛЕЈСКА

Појадок. Посета на црквата на Благовестието - импресивен споменик на христијанското наслество.Тука ќе се одржи празнична церемонија посветена на денот на светото Благовестие.   Посета на Назарет, кој е познат во светот како градот каде живеела светата фамилија: Мaрија, Јозеф и бебето Исус.. Тоа е место за аџилак за христијани од сите страни на светот. Некогаш Назарет беше мало село, а сега е најголемиот арапски град, со христијанско и муслиманско население. Посета на Кана Галилејска - црквата посветена на чудата на Исус, каде по стариот пат еднаш Пресвета Богородица и нејзиниот Син присуствувале на свадбата во Кана, каде се одиграло едно од чудата . Факултативно ручек во ресторан 30ЕУРВечераНоќевање

 

4.Ден  ТЕЛ АВИВ –СОЛУН-СКОПЈЕ  

По појадокот  разглед на Витлеем – градот на кралот. Витлеем е мал бел град во кој што бил роден Исус. Во превод името на Витлеем значи “куќата на лебот”. Тука на маргините на универзумот, во топлите мали штали се роди Спасителот, поради тоа што, светото семејство не можеше да најде сместување на друго место. Тука тројцата кралеви дојдоа да го поздрават кралот на универзумот и прв пат мудреците го видоа Спасителот на светот. На плоштадот во Витлеем се наоѓа големата црква на Рождеството, која ќе ја посетиме и каде ќе присуствуваме на света литургија. . Посета на Еин Карем(доколку дозволува времето) - родното место на Свети Јован, еден од најубавите делови на Ерусалем со голем број на манастири. Еден од нив е Францисканскиот манастир каде се наоѓа изворот на Свети Јован крстител. Овде ќе имаме можност да се осветиме во светата вода. Организиран трансфер до Тел Авив.Посета на стара Јафа кој во старите времиња бил град освојуван од Александар Македонски,Ричард-Лавовско срце и Наполеон. Посета на Св.Петар и тврдината .Трансфер до аеродромот во Израел / Тел Авив. Полетување за  Солун во 20.45часот. Пристигнување во Солун 23.20 по грчко време. По царинските формалности трансфер кон Скопје.

И ДОГОДИНА ВО ЈЕРУСАЛЕМ – АМИН

Напомена: организаторот на патувањето го задржува правото на делумни измени во распоредот на турата / програмата од самата состојба затекната на теренот.

 

ПАКЕТ АРАНЖМАН – ИЗРАЕЛ со лет од СОФИЈА

ТЕРМИНИ НА РЕАЛИЗАЦИЈА

ЦЕНА РАНА УПЛАТА

РЕДОВНА ЦЕНА

09-12 АПРИЛ 2020

Цена: 299 € / важи за уплата до 04.03.2020

449 €

 

ПАКЕТ– ИЗРАЕЛ со лет од СОЛУН  ИЛИ СОФИЈА

3 (HB) полупансиона

Доплата за еднокреветна соба

78 € / 4.900мкд

 

ЦЕНАТА Е КАЛКУЛИРАНА ЗА МИНИМУМ 15 ПАТНИЦИ

За уплата по ран букинг се плаќа 100 % од цената кој е неруфндабилен,

за уплата по редовна цена се плаќа 50 % со резервација , а остатокот од 50 % 1 месец пред почеток на аранжманот

Плаќањето е исклучиво во МКД

Во цената е вклучено :

  • Повратен авионски билет на релација СОЛУН – ТЕЛ АВИВ -СОЛУН ( WIZZAIR/RYANAIR)
  • Трансфер од Скопје до аеродромот во Софија и обратно
  • 3 ноќевања (полупансион) во хотели со 3 * според програмата ,  локална категоризација
  • Сите трансфери според програма
  • Посетите према порграмата
  • Стручен локален водич на српскохрватски јазик или Македонски јазик
  • Организација на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • Аеродромски такси ( 90 € / 5.580мкд  )
  • Жичара од 25  ЕУР
  • Посета на ресторан во Галилеја  ручек 30 ЕУР
  • Задолжителен типс за возачите 30 евра
  • Дополнителни услуги, пијалоци кои не се наведени во програмата
  • Влезници во верски објекти и музеи ( СЕ НАПЛАКА НА ТРИ МЕСТА ПО 1 ДО 2 усд )
  • Задолжително  патничко осигурување ....... од 300 до 550 денари

Забелешки:

- При правење на резервација се молат патниците да достават копија од првата страна на пасошот,во спротивно агенцијата нема одговорност за издавање на билетот со погрешни имиња,а патниците сами плаќаат пенали за ново издавање на авиобилетот.

-Чекиран багаж според условите на авиокомпанијата

- Доколку бројот на патници е помал од минималниот,аранжманот не се откажува, но цената ќе се зголеми, зависно од бројот на патниците.

-Имињата на хотелите ќе бидат познати по формирање на групата а категоризацијата е според локалните критериуми

- Организаторот на патувањето го задржува правото на делумни измени на распоредот на турата во зависност од состојбата на теренот, како и правото во случај на промена на цената на авионскиот превоз , да ја промени цената на аранжманот.

-Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ кои се составен дел на оваа програма

- Уплата исклучиво во МКД  курс  1 ЕУР   =  62,00 МКД


ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА  НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 15 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
Општите услови за патување се составен дел од овој аранжман

НАПОМЕНИ:
- Во случај на помал број од 15 пријавени патници, но најмалку 12, аранжманот нема да се откаже, но цената ќе претрпи промена
- Доколку не се оствари минималниот број на патници агенцијата го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
- Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
- Краен рок за отказ на аранжманот од страна на агенцијата е
5 дена пред патувањето.
- Плаќањето и доплатите во земјата во врска со ова патување, патниците ги вршат во денари. 
- Факултативните излети се плаќаат исклучиво во валутата на земјата која е цел на патување,  на лице место.
- Содржината на Панорамските тури и разгледите се подложни на промени условени од оправдани причини, (застој во сообраќајот, локални штрајкови, лоши временски услови…)
- Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен агенцијата не може да гарантира, со исклучок во случај кога за одреден хотел постои доплата со која патникот си обезбедува поглед на море / базен.
- Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и ино партнерот. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. 
- Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. 
- Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога има доплата за истите.
- За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се рачуна од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14
:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
- Дополнителните односно помошните кревети најчесто се на расклопување, и често пати со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен кревет, и во истите децата го делат истиот лежај со родителите.
- Организаторот не сноси одговорност за евентуалните поинакви усни информации за програмата на патување.
- Цената на аеродромските такси е подлежна на промена и не зависи од организаторот на аранжманот туку од самата авио компанија. Точната цена на аеродромската такса се утврдува при издавањето на авионската карта, најдоцна 48 часа пред почеток на патувањето.
- Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на поедини содржини заради објективни околности.
- Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ кои се составен дел на оваа програма.