orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Нова година 2020

НОВА ГОДИНА 2020 САРАЕВО

САРАЕВО

МОСТАР – ВИШЕГРАД - МОКРА ГОРА

5 ДЕНА / 2 НОЌИ / АВТОБУС

5.310,00 ЗА УПЛАТА ДО 25.10.2019

6.990,00 РЕДОВНА ЦЕНА

1 ден 29.12.2019 (недела) Кавадарци/Скопје
Поаѓање за Сараево во 18:00 часот од Кавадарци од пред Гранична Полиција, во 19:30 часот од Скопје, паркинг пред хотел Вип. Се патува преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 30.12.2019 (понеделник) Сараево
Пристигнување во Сараево кој поради својата долга и богата историја на верска и културна разновидност е познат и како „Ерусалим на Европа“. До крајот на XX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православ на црква, католичка црква и џамија во иста населба. Разглед на градот со локален водич: градската општина, Башчаршија, Којунџилук, посета на најстарата православна црква во Сараево, Катедралата, посета на Латинскиот Мост (кадешто бил извршен атентатот врз Франц Фердинанд кој довел до избувнувањето на Првата светска војна), Величествената Газихусбергова џамија. Слободно време за индивидуални прошетки низ Сараево. Попладне сместување во хотел. Слободна вечер за индивидуална прошетка низ Сараево. Ноќевање.

3 ден 31.12.2019 (вторник) Сараево – Мостар – Сараево
Појадок. По појадокот можност за фалкутативен излет до Мостар. Попатно посета на камената ќуприја во Коњиц, срушениот мост од втората светска војна познат како битка на Неретва. Поаѓање кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почуствуваат на секој агол. Посета и прошетка на: стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, отоманските резиденции од XVI-XIX век, Саат кулата, Караѓорѓева џамија, Коски Мехмед-Пашина џамија. Во попладневни часови враќање во хотел. Слободно време за припрема за дочек на Нова година на плоштад или во ресторан (факултативно). Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање

4 ден 01.01.2020 (среда) Сараево – Вишеград – Мокра Гора – Скопје / Кавадарци
Појадок. Поаѓање кон Македонија со попатна посета на Вишеград – Град сместен на бреговите на реката Дрина и Рзав и е најпознат по славниот мост – мостот на Дрина. Факултативен разглед на Вишеград со крстарење со брод со локален водич, Посета на Андричград, град кој го изгради Емир Костурица во чест на познатиот писател и нобеловец Иво Андрич. По посетата продолжуваме кон Мокра Гора. Пристигнување во Мокра Гора. Факултативна посета на Музејот на отворено – Дрвениот град на Емир Костурица. Слободно време за разглед. Ноќно возење со попатни одмори.

5 ден 02.01.2020 (понеделник) Скопје / Кавадарци
Пристигнување во Скопје/Кавадарци во утринските часови.

5.310,00 ЗА УПЛАТА ДО 15.11.2019

5.990,00 РЕДОВНА ЦЕНА

Во цената на аранжманот е вклучено:
• превоз со туристички автобус;
• 2 ноќевања со појадок во хотел 4**** во Сараево;
• разглед на Сараево со локален водич;
• организација и водство на програмата со лиценциран придружник.

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• факултативен излет до Меѓугорје и Мостар –15евра (минимум 35 лица за реализација, пријавување при резервација на аранжманот);
• влезница за посета на Дрвен Град во Мокра Гора -250 динари или 2.5 евра (се плаќа на лице место);
• ОРГАНИЗИРАН ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА ВО НАЦИОНАЛЕН РЕСТОРАН ЖИВА МУЗИКА ТАМБУРАШИ И СВЕЧЕНА ВЕЧЕРА: ТЕЛЕШКО ПЕЧЕЊЕ ПОД САЧ; ПРЕДЈЕЛО – КАЈМАК, ПРШУТ И СИРЕЊЕ, ДЕСЕРТ И ПО ЕДЕН ПИЈАЛОК: СОК, ПИВО, ЧАША ВИНО – ??? € (минимум 35 лица, пријавување при резервација на аранжманот);
• Во Вишеград факултативно крстарење со брод по Дрина со локален водич – 5 € по лице;
• Задолжително патничко осигурување си го вадете сами во Осигурителна компанија. Доколку не си извадете и немате патничко осигурување агенцијата не сноси никаква одговороност за евентуалните последици;
• влезници за културно-историските споменици.

Општи напомени:
– ТА го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање;
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата;
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.-Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања;
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.Може да се патува и со лична карта.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!