orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Нова година 2020

НОВА ГОДИНА 2020 КИПАР

Програма


1 ден: (29,12.2019 – недела) – СКОПЈЕ – ЛАРНАКА -ЛИМАСОЛ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04,30 часот. Полетување за Ларнака во 06,00 ч. Пристигнување во Ларнака во 09,20 часот. Трансфер до хотелот со попатен разглед на Ларнака и попатна посет а на соленото езеро АЛИКИ – второ по големина езро на Кипар За време на зимата, езерото се полни со вода и е дом на птици кои мигрираат, вклучувајќи илјадници фламинга кои остануваат меѓу ноември и март, заедно со диви патки и друга птици кои наоѓаат прибежиште тука на нивните миграциски патувања. Сместување во хотел во Лимасол Слободно време за индивидуални активности по желба. Ноќевање.


2 ден: (30,12,.2019 – вторник ) – ЛИМАСОЛ –НИКОЗИЈА
Појадок , Факултативен разглед на главниот град на Кипар Никозија Еден град поделен на два со 130,000 жители , две временки зони , граница и пасошка контрола Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути и поместувањето на часовникот за еден час понапред е посебно искуство Најинтересниот дел на Грчката страна од градот е наречен Laiki Getonia –( Добар комшија ) исполнет со голем број на продавнички , кафичи , атељеа и тесни улички Посета на Кипарскиот Археолошки музеј кој поседува голема клекција на предмети од преку 9000 годишна историја на островот Голем број од старите куќи се рестарвирани , а во рамките на стариот град се наоѓа Етнографскиот музеј , Катедралата на Св Јован , големата палата на Архиепископот Макариос III првиот и доживотен претседател на републиката . како и најголемата банка на Кипар за која се казжува дека е во споствеништво на Кипарската православна цркава Слободно време за ручек , По ручекот се заминува према зелената линија и познатиот зид кој го дели Кипар на Грчки И Турски дел , Посета на црквата Фанеромени лоцирана на самата граница како и статуата на независен Кипар Враќање во хотел во Лимасол Ноќевање


3 ден ( 31.12.2019 вторник) ЛИМАСОЛ –ПАФОС
Појадок Факултативна посета на Пафос – Патот води низ областа Фасури која изобилува со плантажи на лимони и помаранџи ,тврдината Куриом , Британската воена база Episkopi се до Афродитината плажа каде според легендата од морската пена родена e божицата на љубовта Афродита , Кратка пауза за одмор и освежување со поглед на Афродтината карпа за која е врзан мит дека грчката богиња на љубовта е родена токму овде и од нејзините солзи се створени познатите Афродитини карпи как и и кристално чистото море .Заминување за Пафос -град со најголеми атракции ставен под заштита на УНЕСКО ., црквата Свети Павле , Архелошкиот музеј и повеќе средновековни тврдини .Посета на катакомбите на Соломон на чиј влез се наоѓа дрво кое исполнува желби .Имено целото стебло е украсено со марамчиња и ленти .Локалното население верува дека со врзувањто на лента на гранките од дрвото , лицата кои се изгубиле ќе се вратат во своите домови, неродкињите ке раѓаат деца .Познатитот музеј на богот Дионисус познат по подните мозаици на кои е отсликана Грчката историја и митологија лоциран во центарот на градот Слободно време за кафе или ручек , Разгледот на Пафос се завршува со разглед на Kato Pafos архелошкиот парк во кој се наоѓа гробницата на кралевите и нивните фамилии . Враќање во хотел во Лимасол ,
Припрема за дочек на Новата година .
Ноќевање


4 ден: (01.01.2020 – среда) – ЛИМАСОЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел во 08,00 часот. Трансфер до аеродрмот во Ларнака во 08,30 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности.Полетување од Ларнака во 10,00 .Пристигнување во Скопје во 11,20


Цена за рана уплата 289 евра (10.11.2019)

Редовна цена 389 евра

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
• Директен лет на релација Скопје – Ларнака – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
Аеродромски такси
• Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
• Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака;
• Сместување во хотел 3* со појадок Hotel 3* Лимасол
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето.


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:
• Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 23 cm)– 1,800,00 денари за двата правца
• Туристичка такса – 280 денари по соба за 3 ноќи (1,5 евро по ноќ по соба)
• Факултативна посета на Пафос со локален водич и трансфер 50€ (Curium , Куќата на Dionysos, Кралската гробница )(минимум 15 патника)
• Факултативна целодневна посета градот Никозија со влезници за одредени капацитети ,пратител и трансфер 50€ (минимум 15 патника)
Доплата за Новогодишна вечера 45€ по лице

Напомена

За реализација на програмата потрено е група од 25 патника
За реализација на факултативните излети потребно е минимум 15 патника
ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот ( не важи за цената со рана уплата) и копија од пасош, Комплетна доплата 10 дена пред поаѓање .
Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место

 

  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот (во случајот промена на цена на авио билетот) или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.