orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Нова година 2020

Малта – Нова година

1 ден ( вторник) 31.12.2019 СКОПЈЕ – МАЛТА

Состанок со патниците на аеродромот Александар Велики во 11,20 часот. Директен лет за Малта со полетување во 13,20 часот, пристигнување во Малта 15,10 часот. По завршување на граничните формалности и преземање на својот багаж, следи трансфер до хотелот и сместување.Слободно време за одмор. Припрема за дочек .Можност за организиран трансфер до Валета Враќање во хотел Ноќевање.

2 ден ( среда ) 01.01.2020 МАЛТАТРИТЕ ГРАДА

Појадок. Полудневна факултативна посета на трите града Senglea - Isla, Vitoriossa - Birgu, Cospicua Bormla - најубавите историски места на Малта каде ќе дознаеме повеќе за културата на живеење на малтежаните. Conspicoua пред 18 век бил познат како Bormla, име кое се уште е во употреба. Нејзините бедеми се конструирани за заштита на градот и неговите соседи Vittoriosa & Senglea. Биле изградени од страна на витешкиот ред на Малта. Посета на Vittoriosa, гратче идеално лоцирано за засолниште, познато по својата трговска, морска и воена активност. Senglea или Isla L'Isola (остров), е наречен во време на витешкиот ред. Овој локалитет е еден од најстарите градови во Малта кои датираат од 16 век. Изобилува со ботато наслетство од страна на витешкиот ред на Св.Џон. Нокевање.

3 ден ( четврток ) 02.01 2020 МАЛТА   ВАЛЕТА – МДИНА и МОСТА

Појадок. ФАКУЛТАТИВНО , Заминување за разглед на главниот град на Малта – Валета, изграден од Витезите на Св.Џон, чие културно наследство се открива пред вас како што ќе се движите по самите улици на градот. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините “Barracca” од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Посета на богато украсената Катедралата и музеј на Св. Џон (влазница 10евра), дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети. По посетата на Валета попатно кон Мдина, посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, каде што ќе имате можност да ја видите специфичната техника на изработка на дувано стакло. Во попладневните часови Факултативна екскурзија до Мдина - стариот средновековен главен град на Малта, наречен Тивкиот Град. Прошетка низ тесните поплочени улички, rазглед на познатите градини Св.Антони, Претседателската Палата… Враќање во хотел. Ноќевање

4 ден ( петок )03.01.2020 МАЛТА

Појадок. Целодневна факултативна посета на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најглем остров во Малтешкиот архипелаг. Пред пристигнување во пристаништето Cirkewa, со можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј на нејзиниот остров. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Викториа (Рабат), главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi... Попладне враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

5 ден (сабота) 04. 01.2020 МАЛТА – СКОПЈЕ

Појадок . По појадок напуштање на собите . Слободно време за индивидуални активности во доцните попладневни часови трансфер до аеродром . Поагање за Скопје со летот во 22,25. Пристигнување во Скопје во 23,55 часот.

 

Цена 295€/18.290,00 за рана уплата до 15.11.2019

РЕДОВНА ЦЕНА 399 € /24.738.00 денари

 

Цената на аранжманот е по особа и вклучува:

· Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје со WizzAir со вклучени аеродромски такси со димензии 40 х 30х 23 цм , 8kg

· Трансфер на релација аеродром-хотел-аеродром во Малта.

· Сместување во Хотел на база 4 ноќевања со појадок

· Организиран раглед на Валета

· Организација и водство на аранжманот

· Пратител од агенцијата за целото патување

 

Цената на аранжманот не вклучува:

· Факултативна посета на Гозо 45€

· Факултативна посета на Трите Града 25€

· Организиран раглед на Валета

· Факултативна посета на Мдина 25€

· Доплата за куфер 55х40х23 10Кг 2.400,00

· Влезници за културно историските музеи

· Патничко осигурување

· Туристичка такса во хотел се плаќа во хотел

· Индивидуални трошоци

 

НАПОМЕНИ:

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!

Резервација се прави со УПЛАТА на аранжманот и копија од пасош, за цена по рана уплата се уплаќа 100 % од цената додека по редовна цена се плаќа 50 % а остатокот Комплетна доплата 14 дена пред поаѓање .

Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место

 

  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот (во случајот промена на цена на авио билетот) или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници .Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.

АГЕНЦИЈАТА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА

ВАЖАТ ОПШТИТЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ