orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Нова година 2020

НОВА ГОДИНА 2020 ФИРЕНЦА-ТОСКАНА

Термин 28 Декември

 1 ден - 28.12.2019 - СКОПЈЕ – Монтекатини

Состанок на групата во 12:30 на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Во 13:00. Поаѓање за Фиренца, Италија. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

2 ден - 29.12.2019 - Монтекатини

Пристигнување во пладеневните часои во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно време  за одмор и индивидуални прошетки.  Ноќевање.

3 ден - 30.12.2019 – Монтекатини–Сиена- Сан Џимињано - Монтекатини

Појадок. После појадокот заминување на полудневен факултативен излет со локален водич во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni  и плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio...Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во Сан Џимињанотипично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignano dala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIII и XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден - 31.12.2019 - Монтекатини – Лука – Пиза - Фиренца–Монтекатини

Појадок. Препорачуваме организирана посета на Пизаи Лука  Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиеранекогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO,  Крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). По посетата на Пиза, заминуваме накај Лука, познат  по своето речиси недопрено старо градско  јадро, опкружено со ѕидини од времето на ренесансата... Лука е одалечен на само 70 км од Фиренца и низ него тече реката Серико која на 10 км западно се влева во Тиренско море.  Враќање во хотел. Вечерта дочек на НОВА ГОДИНА 2019 во Фиренца .. Секој плоштад со своја новогодишна бајка.  Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден - 01.01.2020 – Монтекатини -  Фиренца - Скопје

Појадок. Доцен појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Заминување на целодневна факултативна посета на Фиренца. лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилија МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата ПитиСлободно време за индивидуални прошетки... Во договорено време поаѓање за Скопје. Денско и ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.

6 ден - 02.01.2020 - Скопје

Пристигнување во Скопје во  попладневни  часови .

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  ЗА УПЛАТА ДО 15.11.2019:  209 €/12.960 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 229€/ 14.200 ден

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобусна дадената релација
  • Сместување во хотел со 3* на база 3НП (ноќевање со појадок) во Монтекатини
  • Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето
  • Дочек на Нова Година во Фиренца ( трансфер)

 

* Трансферот на поаѓање може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Целодневна посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер, локален водич) - 45€
  • Целодневна организиранa посета  на Пиза и Лука(трансфер, локален водич) – 45 €
  • Посета и разглед на Фиренца(трансфер, водич) – 20€
  • Туристичка такса во хотел во Монтекатини (3 евра по лице на ден, се плаќа на рецепција)
  • Патничко здравствено осигурување – 210 ден
  • Индивидуални трошоци
  • Агенцијата го задржува правото за промена на излетитетите по денови и сатници
  • Можност за резервација на хотел од повисока категорија или хотел на друга локација

 

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •  Попустите не се комбинираат
  •  Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ОРФЕЈ ТРАВЕЛ
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање.