ЛИСАБОН термин : 27.12.2019 - 01Јануари 2020
1 ДЕН : СКОПЈЕ – СОФИЈА - ЛИСАБОН (27.12.2019)
Состанок на групата пред Хотел Холидеј Ин во Скопје 14:00 часот. Трансфер до аеродромот во Софија. Лет од Софија за Лисабон во 20:50 часот по локално време. Пристигнување во Лисабон во 23:00 часот по локално време . Трансфер до хотелот во Лисабон. Сместување. Нокевање.
2-3 ДЕН : ЛИСАБОН 28 и 29 Деекември
Појадок. ФАКУЛТАТИВНО, разглед на португалскиот главен град ( пеш разглед од три часа со локален водич) кој ужива особено сончева позиција на крајбрежјето на Европскиот Атлантик: Плоштадот Маркиз де Помбал, Авенијата на Слободата, покрај реката Тежо, во зоната на Плоштадот Комерцио и квавртот Алфама. Препорачуваме посета на кулата Белем каде се наоѓа споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија, со кратко застанување на местото од каде Васко де Гама испловил на патување до Индија. Факултативно препорачуваме ручек во престижниот хотел на фудбалерот Кристијано Роналдо во центарот на Лисабон “ Pestana CR7 Lisboa”.
4 ДЕН : ЛИСАБОН / 30.12.2019
ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ ОКОЛИНАТА НА ЛИСАБОН ЕСТОРИЛ/КАШКАИШ/СИНТРА И КАБО ДА РОКА
Појадок. Појадок. Одјавување на собите. Препорачуваме целодневен факултативен излет – екскурзија прошетка до Синтра, сликовит град под заштита на УНЕСКО, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства. Патувањето продолжува до најзападната точка на континентална Европа, Кабо да Рока. Покрај океанскиот брег, патот води до Кашкаиш, некогашно рибарско село, а, денес познато летувалиште кое со шеталиште е поврзано со Есторил. Ова монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и огромно казино, се споредува со Монте Карло. Продолжуваме до симболот на Лисабон – Манастирот Свети Јероним од 16 век, кој е под заштита на УНЕСКО. Нокевање
5 ДЕН : ЛИСАБОН / 31.12.2019 ЛИСАБОН
Препорачуваме ова слободно попладне да го искористите за прошетка до Паркот на Нациите, комерцијален и резиденцијален кварт, каде се одржа светската изложба EXPO. Местото е полно со атракции, ресторани и продавници, а во близина се наоѓа и прочуениот Океанариум, втор по големина во светот, со повеќе од 10.000 растителни и животински видови. Препорачуваме возење со жичарата со панорамски поглед кон најдолгиот мост во Европа „Васко де Гама“, со должина од 17 километри. Вечерта дочекајте ја новата 2020 година на плоштадите на Лисабон или во стариот дел на градот во прекрасните типични ресторанчиња со Фадо музика и познатото Порто. Ноќевање.
6 ДЕН :ЛИСАБОН - ЛЕТ ЗА СОФИЈА
Појадок. Одјавување на собите. Слободен ден за прошетка. Трансфер до аеродром. Лет за Софија во 23:50 часот. Пристигнување во Софија во 05:40 часот . Трансфер до Скопје.
ЦЕНА ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ХОТЕЛ СО 3***
BLACK FRIDAY цена ( важи само за уплата на 29 и 30.11.2019)
Во ЕУР 499,00 € + 169,00 ЕУР аеродромски такси
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 599 ЕУР+169 ЕУР Аеродромски такси
ЦЕНА ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ХОТЕЛ СО 4****
BLACK FRIDAY цена ( важи само за уплата на 29 и 30.11.2019)
Во ЕУР 599,00 € + 169,00 ЕУР аеродромски такси
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 699 ЕУР+169 ЕУР Аеродромски такси
Цената вклучува:
Цената не вклучува:
НАПОМЕНИ:
По завршување на датумот предвиден за рана уплата , се плака според редовната цена.
* за Еднокреветна соба се доплака според условите на хотелот.
по курс 1 евро = 62 денари
НАПОМЕНИ:
• ЗА ОНИЕ ЛИЦА КОИ НЕ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ЦЕЛОДНЕВНАТА ЕКСКУРЗИЈА КЕ ИМ БИДЕ ОРГАНИЗИРАН ТРАНСФЕР ДО АЕРОДРОМОТ ВО ЛИСАБОН.
Забелешки:
- При правење на резервација се молат патниците да достават копија од првата страна на пасошот,во спротивно агенцијата нема одговорност за издавање на билетот со погрешни имиња,а патниците сами плаќаат пенали за ново издавање на авиобилетот.
- Доколку бројот на патници е помал од минималниот,аранжманот не се откажува, но цената ќе се зголеми, зависно од бројот на патниците.
-Имињата на хотелите ќе бидат познати по формирање на групата а категоризацијата е според локалните критериуми
- Организаторот на патувањето го задржува правото на делумни измени на распоредот на турата во зависност од состојбата на теренот, како и правото во случај на промена на цената на авионскиот превоз , да ја промени цената на аранжманот.
-Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ кои се составен дел на оваа програма
- Уплата исклучиво во МКД курс 1 ЕУР = 62,00 МКД
ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 20 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
Општите услови за патување се составен дел од овој аранжман
НАПОМЕНИ:
- Во случај на помал број од 15 пријавени патници, нема да се откаѓе аранжманот, но цената ке претрпи одредена промена во согласнот со патниците кои се пријавени.
- Доколку не се оствари минималниот број на патници агенцијата го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
- Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
- Краен рок за отказ на аранжманот од страна на агенцијата е 5 дена пред патувањето.
- Плаќањето и доплатите во земјата во врска со ова патување, патниците ги вршат во денари.
- Факултативните излети се плаќаат исклучиво во валутата на земјата која е цел на патување, на лице место.
- Содржината на Панорамските тури и разгледите се подложни на промени условени од оправдани причини, (застој во сообраќајот, локални штрајкови, лоши временски услови…)
- Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен агенцијата не може да гарантира, со исклучок во случај кога за одреден хотел постои доплата со која патникот си обезбедува поглед на море / базен.
- Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и ино партнерот. Во случај на накнадна промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата.
- Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот.
- Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога има доплата за истите.
- За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се рачуна од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
- Дополнителните односно помошните кревети најчесто се на расклопување, и често пати со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен кревет, и во истите децата го делат истиот лежај со родителите.
- Организаторот не сноси одговорност за евентуалните поинакви усни информации за програмата на патување.
- Цената на аеродромските такси е подлежна на промена и не зависи од организаторот на аранжманот туку од самата авио компанија. Точната цена на аеродромската такса се утврдува при издавањето на авионската карта, најдоцна 48 часа пред почеток на патувањето.
- Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на поедини содржини заради објективни околности.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ кои се составен дел на оваа програма.