orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Авионски патувања во МАРТ

AЗУРЕН БРЕГ: НИЦА – КАН - МОНАКО

Авион/ 4 Дена / 3 ноќевања

Француската ривиера или позната како Азурн брег плени со својата убавина и гламур. Се протега на 100 километри од Монако до Ст. Тропе. Временски наназад од рурално подрачје со главни дејноски земјоделство и риболов, блгодарение на британските благородници прераснува во монденски, елитен регион. Од Кралството Монако, подеднакво раскошно за кралската монархија но, и за случајните и намерни труристи... Во Монте Карло по славната патеката на Формула 1 и стапките на Џејмс Бонд водени од  силните светла на казината... Главнот град на регионот, Ница, живописно, разиграно, шармантно... најдобро ќе го доживеете шетајќи по Англиската Променада... Престижниот Канскиот фестивал кој го собира светскиот џет-сет е печат на градот Кан... црвен килим, убави жени, вискоа мода, познати режисери и артисти, кој не би избрал да е таму... И сосема на крај, но никако помалку префинето, засолниште на богатите и славнит,  гратчето Ст. Тропе и домот на славната Биржит Бардо...                              

 

13 март                                  СКОПЈЕ – СОФИЈА

Состанок на група спроти Холидеј Инн во 21.30ч. Поѓање за Софија во 22.00ч. се патува преку Деве Баир. Ноќно возење со пауза за одмор и царински формалности.

 

14 март                  СОФИЈА - НИЦА

Пристигнување на аеродромот во Софија. Лет за Ница во 06.00ч. Слетвање во 07.25ч.  Трансфер за разглед на град: Англиската Променада, хотел Негреско, пристаништето Лумпија, споменикот на Гарибалди, акрополисот, плоштадот Масена... Сместување во хотел. Слободно попладне, можност да се прошетате низ калдрместите улички на ова монденско место, или пак да вкусите медитеранска храна во некој ресторан. Ноќевање.

 

15 март                  НИЦА –  АНТИБ – КАН - НИЦА

Појадок. Факултативна посета на Антиб и Кан. Антиб – едно од најстарите утврдувања на Азурната обала, познат по стариот дел на градот со бедеми од 16век и Форт Кале во форма на ѕвезда, од каде има прекрасен поглед на марината Потр Ваубан со луксуни јахти. Исто така, тука се наоѓа и музејот со една од најдобрите колекции на Пабло Пикасо. Продолжуваме ко Кан – градотна познатиот Кански филмски фестивал. Прошетка по Билевар де ла Кросет, хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата... Посета на стариот дел на градот: тврдината и црквата Notre Dame De Esperance… слободно време. Враќање во хотел во Ница. Во вечерните часови прошетка низ стариот дел на градот: Кралската опера, плоштадот Солеја, палататат на правдата... Ноќевање.

 

16 март                  НИЦА – ЕЗ - МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО - НИЦА

Појадок. Факултативна посета на Монако и Монте Карло. Попатно се посетува фабриката Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св.Николаградината на Грејс Кели... Продолжуваме кон Монте Карло по стазата на Формула 1. Слободно време, можност да се ужива во луксузот на најпосетените коцкарници... Враќање во хотел во Ница. Ноќевање.

 

17 март                  НИЦА – СОФИЈА - СКОПЈЕ

Појадок. Трансфер до аеродром. Полетување за Софија во 08.00ч. Пристигнување во 11.10ч. Трансфер за Скопје. Пристигнуваење во Скопје во попладневните часови.

 

ЦЕНА за уплати до 20.12:         359€ (22.260,00 мкд)

Цена на аранжманот:                399€ (24.740,00 мкд)

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Авионски превоз на наведената релација СОФИЈА – НИЦА -  СОФИЈА со WizzAir
  • Рачен багаж со димензии 40 х 30 х 20 цм
  • Трансфер од /  до Софија аеродром
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок во Ница
  • Организиран разглед по програмата
  • Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Аеродромски такси по лице се 3.990 денари
  • Доплата за кабински багаж до 10кг -2.500 мкд /  чекиран багаж - куфер до 10кг - 2.900 мкд *(цената е променлива, инфо во агенција при резервација)
  • Факултативна посета на Антиб и Кан 55 €
  • Факултативна посета на Ез, Монако и Монте Карло 55€
  • Туристичка такса 930 мкд
  • Влезници за локалитети
  • Патничко осигурување

НАПОМЕНИ:

  • ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на ОРФЕЈ
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од редовната цена на аранжманот и копија од пасошкомплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

Општи напомени за патување:

  • Т.А.OРФЕЈ  Травел Сервис го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  •