orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Авионски патувања во МАРТ

СТОКХОЛМ

Датум: 20-23 Март 2020: 4 дена 

Превоз: Авионски Цена од: 299 Евра 

Хотел: 3* во Стокхолм

 

1 ДЕН:    20. Март (Петок) СКОПЈЕ - СТОКХОЛМ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 03.30 часот. Авионот за Стокхолм полетува во 05.30 и слетува во 08.35 часот. Организан трансфер до главниот град на Шведска, опкружен со архипелаг со преку 24.000 поголеми и помали острови, со многу заливи и мостови.ФАКУЛТАТИВНО - Разглед на градот распространет на 14 острови: Градското собрание во чија златна сала се доделуваат Нобеловите награди, плоштадот Сергел со стаклениот столб, плоштадот Стуреплан, Кралскиот театар, паркот Кунгстрадгарден, кралската палата, плоштадот Мариаторгет, арената Глобен, најголемата сферна градба на светот која може да прими 14.000 љубители на хокеј на мраз... Препорачуваме прошетка во стариот дел на градот со средновековни карактеристики, Гамла Стан.Факултативен излет до универзитетскиот град Упсала познат по прекрасната катедрала и најстариот шведски град Сигтуна. Враќање во хотелот во попладневните часови. Прошетка до главната трговска улица Дротнингатам. Ноќевање.

2 ДЕН: 21 Март (Сабота)) СТОКХОЛМ – УПСАЛА – СИГТУНА

Појадок. Факултативен излет до универзитетскиот град Упсала познат по прекрасната катедрала и најстариот шведски град Сигтуна. Враќање во хотелот во попладневните часови. Прошетка до главната трговска улица Дротнингатам. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

3 ДЕН:  22Март (Недела) СТОКХОЛМ – ПАЛАТАТА ДРОТНИНГОЛМ

Појадок. Препорачуваме посета на кралската палата Дротнинголм. Палатата со театарот и прекрасната околина со паркови, е запишана на листата на УНЕСКО, како светското наследство, како една од најубавите палати од 18 век, инспирирана од дворецот во Версај во Франција. Во попладневните часови, прошетка до островот Дјургарден, каде се наоѓа поморскиот музеј Васа, најпосетениот музеј во Скандинавија. Слободно време за индивидуални активности

4 ДЕН: 23Март (Понеделник) СТОКХОЛМ –СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до аеродромот во Стокхолм. Авионот за Скопје полетува во 09.05 часот. Пристигнување во Скопје во 12.00 часот на Скопскиот аеродром.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

Цена за рана уплата до 15Јануари 2010 цената е 299 евра

Редовна цена на аранжманот е 449 евра

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Авионски превоз на релација Скопје-Стокхолм-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба/ранец со димензии 40х30х20см)
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Стокхолм
  • Сместување во Хотел 3* во Стокхолм на база 3 ноќевања со појадок 
  • Организиран разглед на Стокхолм
  • Оганизирани прошетки во Стокхолм според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Аеродромски такси 5.980 денари
  • Голема кабинска торба (со димензии 55х40х23см) 2.000 денари или Багаж за чекирање (1 куфер со максимум 32 kg) 3.500 денари
  • Туристичка такса (3 евра на ден, се плаќа во агенција)

Организиран разглед на Стокхолм............. 25,00 Евра по лице / со водич

  • Екскурзија до Упсала и Сигтуна 55 евра (вклучен превоз и водич)
  • Посета на кралската палата Дротнинголм 55 евра (вклучен превоз, водич и влезница)
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување 250 денари

НАПОМЕНИ:

  • За овој аранжман важат Општите услови за патување.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето