orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Пролетни понуди 2020

ЈОРДАН и ИЗРАЕЛ

ТЕРМИНИ: / 22-28.09 2020 /   17-23.10.2020 / 23-29.11.2020 /
(6 ноќевања / 7 дена)

 

 1.Ден: : Скопје –Солун – Аман
Состанок на групата пред Хотел Холидеј Ин во Скопје во 10.00 часот. Трансфер до Аеродромот во Солун во 10:15 часот. Лет за АМАН во 17:10 часот и слетување во 19:35 часот. Трансфер до хотелот во Аман. Ноќевање.

2.Ден:Аман-Петра и Вади Рум ( факултативен излет )

Појадок. Заминување кон Петра и Вади Рум ( факултативно ) Сместена помеѓу Црвеното и Мртво море и населена од праисториски времиња се до VII век; главен град на Набатејците врежан во карпа во хеленистичко и римско време, е главен центар за темјан на Арабија, свила од Кина и зачини од Индија; раскрсница меѓу Арабија, Египет и Сирија. Петра е половина изградена, половина изрезбана во карпа, а е опкружена со планини и клисури. Генијалниот систем на управување со водата овозможило екстензивно решавање на сушното подрачје во времето на владеење на Набетејците, Римскиот и Византискиот период. Петра е една од најбогатите и најголемите археолошки наоѓалишта во светот поставена во доминантно песочен пејсаж. Извонредната вредност на Петра е наоѓа во архитектурата на гробниците и храмовите; остатоците од канали, тунелите и браните за пренасочување на вода, кои се комбинираат со огромна мрежа тенкови и резервоари што собираат сезонски дождови; како и многуте археолошки остатоци – храмови, цркви и други објекти. Мешавината на хеленистичките архитектонски фасади со традиционалните изрезбани во камен храмови или гробници на Набатејците – вклучително и Трезор, гробницата Урн, гробницата Коринтан и Деир (“манастир”) – претставуваат уникатно уметничко достигнување и фасцинантна архитектонска целина во првите векови п.н.е. Различните археолошки остатоци и споменици од праисторијата до средовековниот период се сведоштво на сега изгубените цивилизации кои се нижеле една по друга на оваа локација. Заминување кон Вади Рум .Вади рум се нарекува и „Долина на месечината“ заради неговите нереални пејзажи. Оваа пустина се наоѓа недалеку од границата со Саудиска Арабија.Во Вади Рум се менуваат пејзажи како што се тесни клисури, природни сводови, пустинска вегетација и пештери. Некаде песокот е жолт, некаде светла портокалова и некаде земјата е покриена со мали камења. Името Вади Рум значи долина, а највисоката точка во пустината е планината Ум Дами и е висока 1800 метри. Цената вклучува: трансфери, локален водич и влезници. Враќање во Хотел . Ноќевање .

3 Ден : АММАН –ТИБЕРИАС-ГАЛИЛЕЈА- ГОРАТА ТАБОР – КАНА – НАЗАРЕТ

Појадок . По појадокот рано утрото Факултативно: Aman City Tour – полудневен излет: Аман, главниот град на Кралство Јордан. Во градот живеат нешто повеќе од 4 милиони жители и го сметаат за најлиберален град во арапскиот свет. Бројот на туристи и понатаму е мал но од година во година постојано се зголемува. Богатото наследство и духот на истокот привлекуваат внимание на патниците ширум светот. Град кој е создаден за истражување и уживање во магијата на истокот. Ја посетуваме прочуената Цитадела, сместена на едно од седумте брда во Аман од кое се нуди неверојатен поглед на самиот град. Посетуваме храмови, музеј, палатата Omayyad и бројни други локалитети. Излетот го продолжуваме со возење до прочуениот Римски театар во самото срце на градот па нас овој ден некако не шета помеѓу Рим и Акропол додека чекориме по сокаците на пустинскиот град на истокот. Запознавањето со улиците на главниот град на Јордан го продолжуваме со возење и посета на џамијата на Крал Абдулах, па се до враќањето во “Нов Аман“ и прошетка низ прочуената улица “Rainbow Street”.
 По разгледот на Аман се упатуваме кон границата помеѓу Израел и Јордан. заминуваме кон Галилеја, Факултативно ручек-риба во традиционален ресторан Кибуц. (Од таму заминување кон Кана Галилејска, каде ќе го посетиме местото каде се случило првото од трите Исусови чуда, кога Исус ја претворил водата во вино на свадбарската веселба. Се враќаме кон Назарет, во посета на Базиликата на Благовештението и Пештерата. Посета и на Црквата посветена на Св.Јосиф, за која се смета дека е изградена врз куќата во која живеела Светата Фамилија, Црквата Св. Габриел со Бунарот на Св. Марија. Заминување кон  хотелот . Вечера. Ноќевање.

4Ден :ЕРУСАЛЕМ

Појадок. Целодневна  посета на Светиот град. Започнуваме од Гетсиманската градина, посета на базиликата на страдањето Xристово и Црквата на Вознесението на пресвета Богородица. Посета на стариот град на Ерусалем, кој е сместен во срцето на Ерусалем. Стариот град се смета за најсветото место според  христијаните. Поделен е на четири дела: христијански,  муслимански, еврејски и ерменски. Сите егзистираат заедно на простор од еден квадратен километар. Ќе одиме долж Via Dolorosa – тажниот пат на Исус до местото на неговото распнување... Од таму доаѓаме до храмот на Распетието, каде што се случил  најважниот момент од христијанската историја -Воскресението на Спасителот. Посета на Гробот Христов,  Голготата, и каменот на Помазанието. Посета на планината Сион, собата на последната вечера, гробот на Кралот Давид, и манастирот на Успението,  Црквата на Вознесението (изградена на местото каде постоела куќата на Свети Јован крстител, каде што Пресвета Богородица живеела по распнувањето на Исус), Еврејскиот кварт, улицата Кардо, сингогата Рамбам, западниот зид. Враќање во хотелот. ВечераНоќевање.

5 Ден :МРТВО МОРЕ – ЈЕРИХО – РЕКА ЈОРДАН:
Појадок. После појадокот, тргнуваме кон Мртвото Море - најниската точка на Земјината топка, окулу 400м под морското ниво. Пауза на Мртвото Море каде ќе имаме можност да запливаме (или плутаме) во пријатно топлата и лековита вода богата со минерали. Продолжуваме кон Јерихо, најстариот град на светот, каде со жичара ќе го посетиме Манастирот на искушението. Продолжуваме со патот кон Јарденит, местото каде Св. Јован го извршил крштевањето и каде ке имаме можност да се крстиме во светите води на реката Јордан. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање

6 Ден :  ВИТЛЕЕМ - ЕРУСАЛИМ

По појадокот  разглед на Витлеем – градот на кралот. Витлеем е мал бел град во кој што бил роден Исус. Во превод името на Витлеем значи “куќата на лебот”. Тука на маргините на универзумот, во топлите мали штали се роди Спасителот, поради тоа што, светото семејство не можеше да најде сместување на друго место. Тука тројцата кралеви дојдоа да го поздрават кралот на универзумот и прв пат мудреците го видоа Спасителот на светот. На плоштадот во Витлеем се наоѓа големата црква на Рождеството, која ќе ја посетиме и каде ќе присуствуваме на света литургија. . Посета на Еин Карем(доколку дозволува времето) - родното место на Свети Јован, еден од најубавите делови на Ерусалем со голем број на манастири. Еден од нив е Францисканскиот манастир каде се наоѓа изворот на Свети Јован крстител. Овде ќе имаме можност да се осветиме во светата вода.

7Ден :ЈАФА-ТЕЛ АВИВ-СОЛУН-СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до Тел Авив.Посета на стара Јафа кој во старите времиња бил град освојуван од Александар Македонски,Ричард-Лавовско срце и Наполеон. Посета на Св.Петар и тврдината .Трансфер до аеродромот во Израел / Тел Авив. Полетување за  Солун во 20.45часот. Пристигнување во Солун 23.20 по грчко време. По царинските формалности трансфер кон Скопје

                                          ТЕРМИНИ: / 22-28.09 2020 /   17-23.10.2020 / 23-29.11.2020 /

ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО 31 МАРТ 2020 ГОДИНА 599 EUR  во МКД  37.138,00

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 799 € / EUR  во МКД  49.538,00

Цените се дадени по лице за комплетен програм кој е наведен.

 

Во цената е вклучено :

  • Повратен авио билет Солун –Амман /Тел Авив – Солун
  • Превоз од Скопје до аеродромот во Солун и обратно
  • Сместување во Хотели со 3* Сите трансфери према програмата
  • Сите посети со вклучени влезници, према програмата
  • Стручен водич

Во цената не е вклучено :

  • Аеродромски такси 140€
  • Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата
  • Задолжително патничко осигурување
  • Во цената на аранжанот не е вклучено :
  • Jорданска виза – 60€ (се издава на аеродром , потребно е две слики )
  • Факултативен излет Петра и Вади Рум – 80 €
  • Факултативен излет Citi Tour Amman -20€
  • Факултативна вечера во Национален ресторан – 35 €
  • Задолжителен бакшиш за шоферите и возачите –70 €  ( за сите денови по лице)
  • Ручек во Кибиц - рибен ресторан на Галилејското езеро -40 €
  • ЖичараприпосетанаманастиротЈерихон – 20 €
  • Туристичка такса

 

ПРОГРАМАТА  Е РАБОТЕН НА МИНИМУМ 15 ПАТНИЦИ ГРУПАТА СО ДАДЕНА ДАТА ЌЕ СЕ  РЕАЛИЗРА СОГЛАСНО БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ

Корисни информации

Блискоисточна земја со неверојатна и турбулентна историја и целосно отворени и пријатни луѓе. Граничи со Сирија, Ирак, Саудиска Арабија и Израел. Пустините, реките, планините се протегаат низ целата земја, а во центарот е градот од камен – Петра, место заштитено од УНЕСКО. Исто така, на оваа територија се наоѓа и најсоленото море во светот – Мртво мореВалута: јордански динари: 1 EUR = 0.88 JOD ; 1 USD = 0.71 JODПлатежни картички и банкомати: Банкомати постојат, но не може да се потпрете на нив. Картички не секогаш може да се користат и се препорачува плаќање во готовина. За повеќе детали посоветувајте се со вашата банка и задолжително пријавете го заминувањето во странство, за да не дојде до случајно блокирање на вашите картички.Временска зона: GMT +3Виза: Задолжително понесете две фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со димензии 3.5 x 4.5 цм.Клима: Климата во Јордан е типично пустинска клима, со високи дневни и ниски ноќни температури. Во текот на денот температурата се движи помеѓу 20 и 32˚C, додека ноќните можат да се спуштат околу 10˚C. Па за време на пакувањето имајте го ова во предвид.Храна и пијалаци: Традиционалната исхрана опфаќа, пилешко, јагнешко, приготвени на повеќе начини, леб, салати и јадења кои се карактеристични за Блискиот Исток, како што се фалафел и хумус. Тука се и слатките како слатко сирење, баклави… Задолжително пробајте чај и кафе. Алкохолот е прилично скап. Исто така, во рестораните каде што претежно се исхранува муслиманското население, алкохол не се нуди. Овошјето премијте го со флаширана вода или излупете го. Цените за храната се прифатливи, што не е случај за алкохолните пијалаци.Осигурување: Препорака е да се има здравствено осигурување.

 

 

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

Авиокомпанијата го задржува правото да ги менува саатниците на летот. Организаторот го задржува правото да ја менува програмата на патување и времето или да ги преместува екскурзиите за друг ден, кога тоа го бараат временските услови, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.

Екскурзиите и програмите се спроведува со минимум 18 пријавени туристи.

Патувањето не е погодно за лица со намалена подвижност

Пасошки и визен режим

Македонските државјани кои патуваат во земјата мора да имаат важечки пасош најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата.

Виза за Израел не е потребна. Виза за Јордан може да се издадат и на граничните премини Јордан и чини 60еур . Визата, која може да ја добиете по влегувањето на контролниот пункт, важи до 15 дена.

Уплата и начин на плаќање

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд. При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата. Остатокот од аражманот се доплатува на 10дена пред поаѓање.

Општи напомени за патување:

Агенцијата  го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

НАПОМЕНИ:
- Вослучајнапомалбројод15пријавенипатници, нонајмалку 12, аранжманотнемадасеоткаже, ноценатаќепретрпипромена
- Доколкунесеоствариминималниотбројнапатнициагенцијатагозадржуваправотодагооткажеилидајазголемиценатанааранжманоткако и ценитенафакултативнитеизлети.
- Организаторотнапатувањетогозадржуваправото, вослучајнапроменанаценатанапревозот (авионскитебилети), дајапромени и ценатанааранжманот.
- Краенрокзаотказнааранжманотодстрананаагенцијата е 5денапредпатувањето.
- Плаќањето и доплатитевоземјатавоврскасоовапатување, патницитегивршатводенари. 
- Факултативнитеизлетисеплаќаатисклучивововалутатаназемјатакоја е целнапатување,  налицеместо.
- СодржинатанаПанорамскитетури и разгледитесеподложнинапромениусловениодоправданипричини, (застојвосообраќајот, локалништрајкови, лошивременскиуслови и други непредвидливи ситуации…)
- Ценитесеоднесуваатзасместувањевостандарднисоби. Погледнаморе / базенагенцијатанеможедагарантира, соисклучоквослучајкогазаодреденхотелпостоидоплатасокојапатникотсиобезбедувапогледнаморе / базен.
- Категоризацијатанахотелите е врзоснованакатегориитеводоговоротпомеѓуорганизаторотнапатувањето и инопартнерот.Видот и квалитетотнахранатазависатодкатегоријатанахотелот и организаторотнемавлијаниенаистата. 
- Распределбатанасобивохотелотвршиисклучиворецепцијатапопристигнувањевохотелот. 
- Организаторотнеможедавлијаенаспратот, позицијатанасобатаилиголеминатанакреветите, освенвослучајкогаимадоплатазаистите.
- Засместувањетонапатницитезадолжен е придружникот / представникотнагрупата.Еденхотелскиденкако и услугитевоистиотсерачунаод 14:00 часодденотнаважостанааранжманотдо 12:00 часотнапладненапоследниотденнааранжманот, безразликакога (возависностодсаатницитеналетот, накоиорганизаторотнеможедавлијае) гостинотќевлезе / излезеодхотелот.Секоекористењенасобите и услугитевохотелот, првиотденпред 14:00 час / последниотденпо 12:00 чассеподлежнинадополнителнитрошоцикоигинаплаќахотелот.Запериодотоднапуштањетонасобитедомоментотзатрансфердоаеродром, секогашсеобезбедувапросторзаскладирањенабагажот.
- Дополнителнитеодноснопомошнитекреветинајчестосенарасклопување, и честопатисопомалидимензииодстандарднитекревети.Некоиодхотелитененудатможностзадополнителенкревет, и воиститедецатагоделатистиотлежајсородителите.
- Организаторотнесносиодговорностзаевентуалнитепоинаквиусниинформациизапрограматанапатување.
- Ценатанааеродромскитетакси е подлежнанапромена и независиодорганизаторотнааранжманоттукуодсаматаавиокомпанија.Точнатаценанааеродромскататаксасеутврдуваприиздавањетонаавионскатакарта, најдоцна 48 часапредпочетокнапатувањето.
- Организаторотгозадржуваправотонапроменивопрограматакоисеоднесуваатнараспоредотнапоединисодржинизарадиобјективниоколности.
- Гимолимепатниците ВНИМАТЕЛНО дагипрочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕкоисесоставенделнаоваапрограма.