orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Велигденски понуди 2020

КРАЛСКА ВИЕНА ЗА ВЕЛИГДЕН

АВИОН / 4 дена / 3 ноќевања    /   термин : 17-20.04.2020

 

1 ден  СКОПЈЕ- ОХРИД - ВИЕНА

Состанок на групата на спроти хотелот Holiday Inn во 12:30. Oрганизиран трансфер до аеродромот  во Охрид . Полетување за Виена во 16.50 часот со лет на Визер. Слетување на аеродромот во Виена во 17.50 часот. По завршување на царинските формалности, трансфер до Виена,. Пристигнување во Виена и сместување во хотел. Слободно време за прошетка во Виена и слободни активности. Ноќевање.

 2 ден  ВИЕНА

Појадок. Факултативна посета на Кралскиот Дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф. Посетена од милиони туристи годишно, палатата заедно со паркот е најголемата туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Факултативно, Пеш и градски превоз/Транвај/ разглед на градот: од Шведен плац до Дворецот Белведере (фото стоп), пролжуваме по Рингштрасе – Парламентот, Универзитетот, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Операта, Гратското Собрание Ратхаус, од Палатата Хофбург разгледот продолжува пеш до Црквата св.Петар, Катедралата Вотиф и Катедралата Св.Стефан ... Слободно попладне да се вкусат специјалитети на виенската кујна. Ноќевање.

3 ден  ВИЕНА

Појадок, Слободен ден за индивидуални активности и прошетка, или факултативно посета на ОУТЛЕТ шопинг центарот ПАНДОРФ. Нокевање.

 

4 ден  ВИЕНА –ОХРИД -СКОПЈЕ

Појадок. Слободно неделно предпладне за виенско кафе и торта, уживање во атмосферата на кралската и елегантна Виена. Трансфер до аеродром. Полетување од Виена со лет на Визер во 13.50 часот. Слетување во Охрид во 15.30 часот. Трансфер до Скопје.

 

Цена за рана уплата  до 15.02.2020: 249 евра

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 349 евра

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

· Авиобилет на релација Охрид-Виена-Охрид со Визер

· Кабински багаж (1 торба до 8 кг. со димензии 40х30х20см)

· Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

· Сместување во хотел 3 * во Виена на база 3 ноќевања со појадок

· Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Аеродромски такси 3.990 мкд

- Влезници во музеите и културно – историските споменици

- Доплата за чекиран багаж - куфер до 10kg 1.200 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)

- Посета на Шенбрун со вклучена влезница и локален водич 40 евра

- Посета на Белведере со вклучена влезница и локален водич 40 евра

-Разглед на градот пеш и транвај 20 ЕУР по лице со локален водич

- Задолжително патничко-здравствено осигурување

- Доплата за еднокреветна соба 4.500 мкд

 

НАПОМЕНИ:

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници.

- За факултативните излети се изјаснувате во агенцијата при уплата на аранжманот, како би можеле истите навремено да се резервираат и организираат.

- Факултативните излети се уплатуваат во агенција или првиот ден од патувањето, доколку се изјасните за посета, истата не може да се откже на лице место.

- За овој програм важат Опшите Услови на патување.

- Цената на аражманот се во агенција, исклучиво во денари, по курс 1€ = 62,00мкд.