orfej@orfej.com.mk   info@orfej.com.mk 
+389 75 409 409   +389 2 3118 602

Лето 2020

ХОТЕЛ БИСЕР 4*

Хотел Бисер е бисерот на Охридското езеро и е изграден во уникатен старомакедонски стил. Се наоѓа во близина на манастирот Света Богодорица и е вистински предизвик за обожавателите на проѕирните води на Охридското езеро, природа и културно наследство. Хотел Бисер има одлична песочна плажа, опремена со игралишта за секаков спорт. Специфичните карактеристики на овој хотел го прават погоден за летен и зимски туризам. 
Од балконите на прекрасно уредените 79 соби и 5 апартмани погледнете го езерото и дозволете му на езерското пространство да предизвика кај Вас восхит и релаксација. Тука секое утро можете да го доживеете изгрејсонцето над планината Галичица. Местоположбата на овој хотел дава можност за максимален одмор и духовен мир. 
Ресторанот со капацитет од 450 места е поврзан со летна тераса. Тука можете да ги вкусите македонските специјалитети со поглед кон мирната шир на Oхридското езеро. 
Во комплексот на располагање Ви се прекрасно уредената песоклива плажа, урбано бетонската плажа, сплав плaжата и пристаништето. Тука можете да веслате кајак, да возите скутер или да возите со велосипед по патеките на овој регион. За Вашиот идеален одмор да биде целосен, ќе се погрижат професионалните и љубезни членови на персоналот кој Ви стојат на располагање 24 часа. 
 
ТИП НА СОБА Ноќевање со појадок
BB
Полупансион
HB
1/1 30 € 33 €
1/2 Двокреветна/ Трокреветна 22 € 25 €
1/1 Апартман 55 € 65 €
 
Цените се изразени во евра, плаќањето е во денарска противвредност 1 еур = 62 мкд 
 
 
Второто лице во апартман има 50% попуст од цената на апартманот, трето и четврто лице имаат 70% попуст од цената на апартманот.  
*Цените се по лице.  
*Доплата за дополнително јадење (ручек) 6 евра - 360.00 ден.  
*За деца со родители за дополнителен кревет не се плаќа, но се плаќа доручек по цена од - 200.00 ден, ручек и вечера - 360.00 ден.  
Услуги  
-Деца од 0-5,99 години се гратис. ( доплата доколку се користат ресторански услуги)  
-Од 6-11,99 години 50 % од цената на аранжманот  
Дадените услуги се нето и вклучуваат: паркинг, интернет wi-fi во лоби и ресторан.   
 
Доручек - Шведска маса  
Ручек/Вечера - избор од 2 мениа.  
Активности во Хотел Бисер  
-Дискотека (за која влезот ви е гратис)  
-Посета манастир Св.Богородица-13 век (на само еден метар од Хотел Бисер)  
За евентуално други Ваши потреби дополнително би се договориле.  
 
Во цената не е вклучено: 
Мини бар и пијалок за време на ручек/вечера.  
 
Собите се опремени со:  
- ТВ приемник  
- Клима уред  
- Дирекна телефонска линија  
- Мини бар 
-  Фен за коса  
Дополнителни услуги:  
- Перална  
- Сефови  
- Паркинг  
- Масажа (со доплата и закажување)